Според Агенцијата за Бугарите во туѓина, само во последните три месеци, 6.423 лица поднеле такво барање за бугарско државјанство! Во бугарскиот дневен весник "Труд" на насловна страница се објавени податоци за странци кои зеле бугарски пасоши пред влезот на Бугарија во ЕУ.
Македонските граѓани од вчера можат телефонски да закажат термин за вадење бугарска виза во Скопје и Битола. Според бугарскиот амбасадор во Македонија Михо Михов во специјалниот повикувачки центар граѓаните, ќе можат да го закажат точното време за подигнување на документите за виза.
Скопје Телефонско закажување за вадење бугарска виза во Скопје и Битола започнува денеска. Во специјалниот повикувачки центар македонските граѓани, како што најави бугарскиот амбасадор во Македонија Михо Михов, ќе можат да го закажат точното време за подигнување на документите за виза.