TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Дојчин: Не сум лигуш и полтрон како Муратовски

Вест - 16.09.2005

ЛИДЕРОТ НА СОНК ЈА ОБВИНУВА ВЛАСТА ДЕКА ГО УНИШТУВА СИНДИКАТОТ "Се појавував и на сите протести со социјален карактер што како опозиција ги организираше СДСМ. Тогаш вмровците ме перкаа. Сега кога опозицијата организира протести, а јас само ги поддржав и не ни реков дека ќе излезам да протестирам, ...

Владата му даде црвен картон на Дојчин Цветановски

Утрински - 16.09.2005

Поради јавната изјава на синдикалецот дека ќе го поддржи митингот на опозицијата МАЈА ТОМИЌ Преговорите меѓу Владата и СОНК за минималната плата во образованието наместо да продолжат, како што се очекуваше, се прекинаа завчера во доцните вечерни часови.

Преговори само со истомисленици

Дневник - 16.09.2005

Радмила Ј. Николовска Владата не избира средства, начини и поводи да им го загорчи животот и на малцинството што се води во графата "вработени". Завчера ги прекина преговорите со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) за утврдување на најниската плата во овие дејности.

СОНК не прифаќа политички етикети од Владата

Дневник - 16.09.2005

ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ПЛАТИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ПРЕКИНАТИ Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) вчера и укажа на Владата дека никогаш не донесол одлука да учествува на синоќешниот митинг на опозицијата, поради што беа прекинати преговорите за утврдување на најниската плата на просветните ...

Дојчин си оди од СОНК?

Вечер Прес - 16.09.2005

Лидерот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Дојчин Цветановски, завчеравечер по неуспешните преговори со Владата им понудил оставка на своите членови, за да може да се дојде до конечно решение во преговорите за одредувањето на најниската плата во дејностите што ги покрива овој ...

Дојчине, што стори!?

Вечер Прес - 16.09.2005

Дојчине, Дојчине! Што ти требаше да изјавуваш дека го поддржуваш протестот на опозицијата! Зарем не процени дека сте биле толку блиску до договор со Владата околу најниската плата, како што изјави министерот за култура Благој Стефановски? Сега сите ќе патат поради тебе! Посебно Владата која била ...

СОНК немал намера да учествува на митингот

Време - 15.09.2005

ВЛАДАТА ГИ ПРЕКИНА ПРЕГОВОРИТЕ СОНК никогаш не донел одлука да учествува на митингот на здружената опозиција, ниту пак расправал за таква активност, се вели во вчерашното соопштение на претседателството на советот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

СОНК - Влада, прекинати преговори

Канал5 - 15.09.2005

Претседателството на Синдикатот за образование наука и култура не ја прифатило вчерашната најавена оставка на Дојчин Цветановски. Претседателството на Синдикатот за образование наука и култура не ја прифатило вчерашната најавена оставка на Дојчин Цветановски.

Последни преговори на Владата и СОНК

А1 - 14.09.2005

Владата и СОНК во овие моменти преговараат за најниската плата во образованието, науката и културата. Ова се последни преговори, изјави лидерот Цветановски, пред средбата во Владата. Ако сега нема договор, вели тој - со протести ќе бараме зголемување на платите.

Од ССМ заштита на права од работен однос побарале 2.559 работници

Утрински - 14.09.2005

Во првите шест месеци од годинава Заштита на права од работен однос во првите шест месеци од годинава од Сојузот на синдикатите на Македонија побарале 2.559 работници, што е за 20 проценти помалку од поднесените барања по оваа основа во периодот јануари-јуни минатата година, соопшти на вчерашната ...

До ССМ се пожалиле 2.600 работници

Дневник - 14.09.2005

за седум месеци Околу 2.600 работници во првите шест месеци од годинава побарале заштита од Сојузот на синдикатите на Македонија, што е за 20 отсто помалку во споредба со лани. Драге Јовановски, раководител на Одделението за работни односи при ССМ, вели дека работниците помалку се жалат бидејќи ...

Цветановски не е легитимен преговарач со Владата, тврдат во ССМ

Утрински - 13.09.2005

Одборот за останување на СОНК во рамките на Синдикатот со обвинување МАЈА ТОМИЌ Сў уште актуелниот претседател на СОНК продолжува во јавноста да шири дезинформации околу случувањата во ССМ, меѓу другото и тоа дека новата федерација на независни синдикати, што ќе ја конституира СОНК, ќе има побројно ...

СОНК останува во ССМ

Дневник - 13.09.2005

СИНДИКАТот тврди Во Сојузот на синдикатите на Македонија ќе продолжи да функционира Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) со членството што ќе одлучи да остане во ССМ, изјави вчера претседателката на Одборот за продолжување на работата на СОНК во ССМ, Веселинка Трајковска.

И синдикалци на протестот

Дневник - 13.09.2005

на 15 септември Би бил голем лицемер и полтрон на власта ако кажам дека не се согласувам со најавениот протест на 15 септември, предизвикан од катастрофалната економска ситуација во земјава, изјави вчера лидерот на Синдикатот на образованието, науката и културата (СОНК), Дојчин Цветановски.

ССМ без став за протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Канал5 - 13.09.2005

Сојузот на синдикати на Македонија нема став дали да го поддржи митингот на опозицијата на 15-ти септември. ССМ се двоуми бидејќи тоа е политички, а не социјален протест. Од синдикатот на Муратовски се претпазливи за евентуално учество на митингот бидејќи, како што велат, ССМ веќе се соочува со ...

ССМ подготвува нов СОНК

Вечер Прес - 13.09.2005

“СОНК на Дојчин Цветановски го нема легитимитетот да преговара со Владата за платите на вработените во јавната администрација, бидејќи еднострано донесе одлука за исклучување од Сојузот на синдикатите на Македонија. За да може повторно да стекне легитимитет за преговори, потребно е да се формира ...

ССМ го враќа ударот од СОНК

А1 - 12.09.2005

Синдикатот на Муратовски го враќа ударот. Велат, Цветановски нека прави синдикат, ама нема да има доволно членови за да биде пандан на ССМ. „Сите овие денови на Дојчин Цветановски сите му се виновни во државата, во ССМ, сите му прават опструкции.

СОНК ќе остане грански синдикат

Време - 12.09.2005

ССМ Синдикатот на работниците во образованието, науката и културата (СОНК) ќе продолжи да функционира како грански синдикат во ССМ, најави на вчерашната прес-конференција Веселинка Трајковска, претседателка на Одборот за продолжување на континуитетот на работата на СОНК во рамките на ССМ.

Ќе оди ли Дојчин Цветановски на митинг ?!

Канал5 - 12.09.2005

Лидерот на СОНК, Дојчин Цветановски не открива јавно дали ќе оди на митингот на ВМРО ДПМНЕ на 15-ти септември. Сепак Цветановски вели дека неможе да биде лицемерен кон своето членство и полтрон на власта оти според него економската состојба во држвата е загрижувачка.