TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Народниот правобранител го испитува случајот Таневски

Дневник - 27.06.2008

Народниот правобранител го испитува случајот на новинарот Владо Таневски, кој, според полицијата, се самоубил во кофа вода во ќелијата во тетовскиот затвор. Предметот за овој случај го отворивме по сопствена иницијатива откако за него дознавме од медиумите.

Мемети го истражува случајот со Таневски

А1 - 26.06.2008

Како се самоуби новинарот Владо Таневски давејќи се во кофа со вода во тоалетот на тетовскиот затвор, одговор бара и Народниот правобранител. По службена должност започнал сопствена истрага, дали сите процедури во затворот биле запазени.

Смртта на новинарот под лупа на Владата

Дневник - 26.06.2008

МВР врши интерна истрага каде исчезнал доказот со кој се потврдува дека двајцата кичевци осудени на доживотен затвор не ја убиле Митра Силјановска Владата вчера побара детаљна истрага за смртта на новинарот Владимир Таневски, кој се уби во тетовскиот затвор откако беше приведен под сомнение дека е ...

Експертите молчат за давењето на Таневски

А1 - 25.06.2008

Истрагата за самоубиството на новинарот Владо Таневски продолжува, експертската јавност јавно молчи за давењето во кофа со вода. Десетина невропсихијатри, но и пулмолози, во самоубиството на Таневски гледаат сомнителни елементи.

Мистерија смртта на новинарот Таневски

Дневник - 25.06.2008

Според полициски информации,кичевскиот новинар бил уапсен во петокот пред неговата куќа во Кичево,кога бил забележан со жена што се обидувал да ја намами кај него дома Кичевецот Владо Таневски (56), осомничен за убиство на четири кичевки, починал од давење со вода, но дали извршил самоубиство или ...

Самоубиство на правдата

Дневник - 25.06.2008

Вистината и правдата се самоубија и исчезнаа во кофата со вода покрај која во затворската ќелија беше пронајдено мртвото тело на новинарот Владо Таневски, од полицијата посочен како „серискиот убиец од Кичево“. Самоубиство или не, истражните органи смртта на Таневски не треба да ја сфатат како case ...

Како успеал да се удави во кофа?!

Вечер Прес - 25.06.2008

Постхумната обдукција се заврши во Институтот за судска медицина и криминалистика, а со неа дополнително се отворија серија прашања, кои нашите експерти ќе треба да ги постават на истражниот судија и на полицијата, изјави за ВЕЧЕР Алексеј Дума Постхумната обдукција врз Владо Таневски, осомничениот ...

Нема траги на насилство на телото на Таневски

А1 - 24.06.2008

Самоубиството на Владо Таневски со давење во кофа со вода се уште останува симптоматично. Неспорно е дека починал од давење, во неговите бели дробови имало вода, а на телото нема траги на насилство, велат за А1 извори од судска медицина.

Владина седница за обдукцијата на Таневски

А1 - 24.06.2008

Во Владата треба да пристигне првиот човек на судска медицина, Алексеј Дума. На владината седница Дума ќе има видео презентација на својот извештај од обдукцијата на Владо Таневски. За симптоматичното самоубиство, пред Владата треба со извештај да излезе и првиот човек на тетовскиот затвор, Нуриман ...

Се самоуби кичевскиот монструм

Дневник - 24.06.2008

Под перницата на Таневски било пронајдено решението за притворот, а на чија задна страна новинаротнапишал дека е горд на своето семејство и дека не ги извршил убиствата Кичевскиот новинар Владо Таневски (56), осомничен за убиството на сограѓанките Живана Темелкоска (65) и Митра Силјановска (61), се ...

Се удавил во кофа вода

Вест - 24.06.2008

МИСТЕРИЈА - ОСОМНИЧЕНИОТ КИЧЕВСКИ СЕРИСКИ УБИЕЦ СЕ САМОУБИ ВО ЌЕЛИЈА Осомничениот сериски убиец од Кичево, новинарот Владо Танески, завчеравечер се самоуби во притвореничката ќелија. Според МВР тој се удавил во кофа со вода во тоалетот.

Кичевскиот монструм си пресуди

Време - 24.06.2008

ОСОМНИЧЕНИОТ СЕРИСКИ УБИЕЦ СЕ УДАВИЛ ВО ТЕТОВСКИОТ ЗАТВОР Владо Таневски, осомничениот сериски убиец од Кичево, се самоубил во притворското одделение во тетовскиот затвор, информира МВР. Таневски го извршил самоубиството вчера утрото, околу 2 часот, во тоалетот во затворот, каде што нашол кофа со ...

Многу нејаснотии и дилеми околу смртта на новинарот од Кичево

Утрински - 24.06.2008

Улицата на која живееле жртвите на Танески Братот на новинарот, бара да се разјасни целиот случај и да се докаже дали тој ги убил жените Киро Кипроски КИЧЕВО - Серијата на шокови и потреси на населението во Кичево продолжува.

Новинарот - сериски убиец си го одзеде животот?!

Вечер Прес - 24.06.2008

"Не ги убив жените и не се каам за нешто што не сум направил и сум горд на моето семејство", се само дел од зборовите кои стоеле на прошталното писмо на кичевскиот сериски убиец "Не ги убив жените и не се каам за нешто што не сум направил и сум горд на моето семејство", се само дел од зборовите кои ...

Љупчо Таневски изненаден од злосторствата на брат му

А1 - 23.06.2008

Доколку навистина ги сторил тие грозоморни убиства, го заслужува тоа што му се случи. Ова е првичната реакција на Љупчо Таневски, братот на Владо Таневски, по добивањето на веста дека тој се самоубил. Според неговиот брат, тој бил премногу мирен човек и изненадува фактот за сторените злосторства.

Кичевскиот убиец се самоуби

А1 - 23.06.2008

„Не ги сторив убиствата“. Ова го пишува во своето проштално писмо кичевскиот новинар Владо Таневски, обвинет за сериски убиства, кој ноќеска си го одзеде животот во притворското одделение на тетовскиот затвор. „Напишал дека е горд на своето семејство, дека се гордее со семејството и дека не ги ...

Фатен кичевскиот сериски убиец

Време - 23.06.2008

ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВА Кичевската полиција привела осомничен за двете убиства на жени во Кичево. Идентитетот на осомничениот се уште не се открива, а со него вчера кичевската полиција водеше информативен разговор и не соопшти други детали.

Осомничениот Таневски од Кичево пронајден мртов во тетовскиот затвор

Канал5 - 23.06.2008

Владо Таневски (56) новинар од Кичево осомничен за убиство на две жени утрово е пронајден мртов во ќелијата во тетовскиот затвор. Владо Таневски завчера беше префрлен во тетовскиот затвор откако истражен судија од Основниот суд Гостивар му одреди мерка притвор од 30 дена.

Убиецот се открил преку текстовите

Време - 23.06.2008

ПОЛИЦИЈАТА ТВРДИ ДЕКА ДОПИСНИКОТ ОД КИЧЕВО Е ИЗВРШИТЕЛ НА ЗЛОСТОРСТВАТА Владо Таневски, 56-годишниот новинар, дописник од Кичево, е осомничен дека е серискиот убиец на жени од овој град. Полицијата тврди дека веќе е докажано дека Таневски е убиецот на Митра Силјановска и на Живана Темелковска.

Викендичката ја крие тајната на кичевскиот монструм

Дневник - 23.06.2008

На душекот во викенд-куќата на новинарот Владо Таневски форензичарите пронашле траги од крв, за која дополнително ќе се утврдува дали и' припаѓала на некоја од жртвите „Семејството Темелковски ги моли граѓаните што имаат каква било информација за исчезнатата да пријават во најблиската полициска ...

Серискиот убиец во притвор

Вечер Прес - 23.06.2008

Триесетдневен притвор му бил одреден од гостиварски истражен судија на 56-годишниот кичевец осомничен дека е вториот сериски убиец во Македонија Триесетдневен притвор му бил одреден од гостиварски истражен судија на 56-годишниот кичевец кој е осомничен дека е вториот сериски убиец во Македонија.