TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Наставниците поттикнуваат етничка поделба

Дневник - 17.02.2007

Наставниците и нивниот пристап кон наставата се еден од најголемите извори на етничката поделба во образовниот систем во Македонија , покажало двомесечното истражување што го спроведе Центарот за балканска соработка „Љоја“ од Тетово.

Наставниците задоволни по протестниот час

Дневник - 16.02.2007

Министерот Рушити им вети на просветарите, кои вчера протестираа, дека ќе им бидат надоместени трошоците за превоз, а преговорите за најниската плата ќе почнат денеска Министерството за образование вчера ги исполни барањата на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

Наставниците си го добија превозот

Вест - 16.02.2007

ПРОТЕСТ НА СОНК Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) го прекина протестот откако министерот за образование Сулејман Рушити потпиша спогодба и се обврза да им ги надомести трошоците за превоз на вработените во образованието со исплата на платата за март.

Успешни протести - наставниците ги добија своите барања

Утрински - 16.02.2007

Самостојниот синдикат на образованието и Министерството за образование, вчера постигнаа договор за барањата на наставниците, по што заврши двочасовниот протест на околу илјада просветни работници. Според договорот, платите и надоместоците од плати ќе продолжат да се исплаќаат од Буџетот се' додека ...

СОНК и Министерството за образование постигнаа договор

А1 - 15.02.2007

Постигнат е договор меѓу Синдикатот и Министерството за образование, прифатени се сите барања на СОНК. Ќе се регулираат патните трошоци на просветните работници според реалните извештаи што ќе ги подготви секое училиште посебно.

Наставниците денеска се собраа на протести пред министерството за образование

Канал5 - 15.02.2007

Протестите на СОНК пред министерството за образование се прекинати. Експресните преговори меѓу Цветановски и Рушити завршија со договор од 1 јули да не профункционира фискалната децентрализација во образованието. Протестите на СОНК пред министерството за образование се прекинати.

Наставата денеска прекинува во 10 часот

Дневник - 15.02.2007

Просветарите ќе дојдат пред Министерството за образование во 11 часот Наставниците од скопските осмолетки денеска ќе протестираат пред Владата, иако на вчерашните преговори помеѓу Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование било договорено тие да добиваат ...

Наставниците ќе протестираат

Вечер Прес - 15.02.2007

Просветарите денеска, сепак, ќе излезат на протест. Оваа одлука остана и по одржаната средба во Министерството за образование и наука (МОН) каде било решено прашањето за превозот на наставниците, едно од трите барања на Синдикатот за образование, наука и култура.

Наставниците пред Влада, учениците дома

Дневник - 14.02.2007

Ќе ги покриваме трошоците за превоз на наставниците до 31 март, а по истекот на рокот со СОНК пак ќе се преговара за тоа прашање, соопшти вицепремиерот Живко Јанкуловски Наставниците од скопските основни училишта утре во 10 часот ќе излезат на протест пред Министерството за образование и пред ...

СОНК ќе протестира пред МОН

Утрински - 14.02.2007

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) за утре најавува протести пред Министерството за образование и наука. Синдикатот бара исплата на надомест за превоз за наставниците според реалните трошоци, започнување преговори за одредување на најниската плата во градинките, основното ...

СОНК утре ќе протестира пред Министерството за образование

Време - 14.02.2007

БИДЕЈЌИ НАСТАВНИЦИТЕ НЕМААТ ПАРИ ЗА ПРЕВОЗ Членовите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на (СОНК) утре ќе протестираат пред Министерството за образование и наука со барање за исплата на надомест за превоз за наставниците според реалните трошоци и за почеток на преговори за ...

В четврток настава само до 10 часот

Вест - 14.02.2007

ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ НА ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ Учениците в четврток ќе имаат настава само до 10 часот, а потоа нивните наставници ќе одат на протест. Пред Министерството за образование просветните работници од Скопје, но и од внатрешноста ќе бараат исплата на надоместок за превоз според реалните ...

Просветарите в четврток на протест

Вечер Прес - 14.02.2007

Вработените во образованието, науката и културата в четврток ќе протестираат пред Министерството за образование и пред Владата поради проблемот со автобуските карти за превоз на наставниците, кои од 1 февруари не можат да ги користат бидејќи ЈСП не им ги признава.

Наставниците ќе протестираат за автобуска карта

А1 - 13.02.2007

Бојан Станковиќ, наставникот по музичко, до своето работно место во училиштето „Крум Тошев“ во Трубарево мора секој ден да патува со два автобуса. Како што вели, само за добро утро троши по 170 денари. Речиси два месеца за пат дава половина од својата наставничка плата.

Рушити ги направи наставниците шверцери

Вест - 13.02.2007

ОБРАЗОВАНИЕТО ПАК ЌЕ ПРОТЕСТИРА Наставниците во Скопје се возат на вересија зашто Министерството за образование се уште не ги добило годишните автобуски билети од ЈСП. Месец и половина просветните работници на работа патуваат со ланските билети зашто Министерството за образование не направило ...

Бојкот на наставата поради сменетите наставници

Дневник - 12.02.2007

Учениците од прво и од трето одделение при ОУ „Димката Ангелов - Габерот“ во Ваташа од денеска ќе ја бојкотираат наставата поради смената на двајца наставници. Ваквата одлука ја донесле нивните родители по неколкудневните протести и блокадата на локалниот пат од Кавадарци кон поткожувските села.