TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Прогласен крај на окупацијата на појасот Газа

А1 - 11.09.2005

Израелската Влада денеска официјално го прогласи завршувањето на 38-годишната воена окупација на Појасот Газа. Во соопштението на Владата на Израел на сите војници во Појасот Газа им се наредува да се повлечат од тоа подрачје.

Египет ја распореди првата група војници во Газа

А1 - 10.09.2005

Египет денеска ја распореди првата група од вкупно 750 граничари кои ќе ја чуваат границата со Појасот Газа во очекување на завршувањето на израелското повлекување од тоа подрачје, изјави претставникот на Египетската државна служба за информирање Мухамед Јусеф.

Израелската војска предвреме се повлекува од Газа

Макфакс - 09.09.2005

Ерусалим Повлекувањето од Појасот Газа израелската војска ќе го заврши идниот понеделник, три дена пред планираниот рок, соопшти денеска израелскиот министер за одбрана Шаул Мофаз. “Според планот што го одобрив, војската во понеделник, 12 септември, ќе биде на границите на Појасот Газа“, рече Мофаз ...

Шарон ја отфрли можноста за израелско повлекување од Западниот брег

Макфакс - 09.09.2005

Тел Авив Израелскиот премиер Ариел Шарон денеска ја отфрли можноста за еднострано повлекување на израелските безбедносни сили од Западниот брег, слично на повлекувањето од Газа, при тоа оценувајќи дека единствено може да се спроведува меѓународниот мировен план наречен “Маршрута“, јави израелското ...

Израелски војници убија тројца Палестинци

Макфакс - 09.09.2005

Џенин Израелските војници, ноќеска, убија тројца Палестинци во акцијата на потрага по екстремистите во Џенин, на Западниот брег, јавуваат агенциите. Според војската, нејзините припадници отвориле оган врз двајца екстремисти, членови на организацијата Исламски џихад, кога се обиделе да ги нападнат ...

Израел против учеството на Хамас на изборите

Макфакс - 08.09.2005

Ерусалим Израелскиот министер за надворешни работи Силван Шалом рече дека е незамисливо учествувањето на радикалната исламистичка група Хамас на палестинските парламентарни избори во јануари. "Незамисливо е движење како Хамас, кое има изгледи да постигне добар резултат или дури да победи, да може ...

Шеста година од Интифадата, насилствата продолжуваат

Макфакс - 08.09.2005

Газа Палестинската интифада, започната на 28 септември 2000 година, денеска влегува во својата шестгодишнина, но и покрај неодамнешното израелско повлекување од Газа, нови судири го потресуваат Блискиот Исток. По примирјето што владееше во изминатите неколку месеци, состојбата се заостри минатиот ...

Израелската армија петти пат по ред нападна цели во Газа

Макфакс - 08.09.2005

Тел Авив Израелските авиони денеска петти пат по ред нападнаа цели во појасот Газа, соопштено е од палестински безбедносни извори. Во нападот немало жртви, но според изјавите на очевидци во градот Газа нема струја поради напад врз локалната електрана.

Израел ќе гради населба на Западниот Брег за инает на САД

Утрински - 07.09.2005

Кабинетот на Ариел Шарон одобри изградба на 117 нови домови во населбата Ариел Вашингтон, најблискиот сојузник на Израел, доставува 2,8 милијарди долари хуманитарна помош секоја година ЕРУСАЛИМ - Израел треба да изгради еврејска населба на окупираниот Западен Брег во знак на пркос кон американските ...

Вооружените Палестинци ги прекинуваат нападите на Израел

Макфакс - 07.09.2005

Газа Палестинските вооружени групи усогласија прекин на нападите на Израел од појасот Газа, објави денеска претставник на повеќе палестински фракции членови во палестинскиот одбор. "Сите фракции од одборот договорија завршување на операциите за вооружен отпор од појасот Газа во интерес на нашиот ...

Уапсени 80 Палестинци на Западниот брег

Макфакс - 07.09.2005

Ерусалим Израелската војска уапсила повеќе од 80 палестински активисти, припадници на радикалните движења Хамас и Исламски џихад, соопшти денеска израелското радио. Според истиот извор, акцијата се одвивала ноќеска на територијата на Западниот брег, во подрачјата на Рамала, Витлеем и Хеброн.

Израел ја шири “зоната за безбедност“ во Газа

Макфакс - 06.09.2005

Ерусалим Израел за 150 метри во длабочина во палестинска територија ќе ја прошири “зоната на безбедност“ во северниот дел на Појасот Газа, со цел да спречи упади на палестинските милитанти, соопшти денеска израелското Министерство за одбрана.

Хамас објави дека нема да ги напаѓа Израелците од Газа

Макфакс - 06.09.2005

Ерусалим Радикалната исламска милитантна организација Хамас соопшти дека ќе престане да ги напаѓа израелските трупи од појасот Газа. “Ги повикуваме нашите милитантни групи да ги запрат нивните активности против израелската окупација од појасот Газа“, соопшти на прес конференција лидерот на Хамас ...

Израелците го убија лидерот на исламски џихад

Макфакс - 06.09.2005

Газа Израелските хеликоптери истрелале повеќе ракети врз градовите Газа и Кан Јун, во јужниот дел на појасот Газа, соопштија денеска претставниците на палестинската служба за безбедност. Палестинските извори не прецизираа кои објекти биле гаѓани при ноќешниот напад, а не соопштија ниту дали има ...

Шарон - нема нови евакуации од Западниот брег

Макфакс - 06.09.2005

Тел Авив По неодамнешното целосно повлекување од Појасот Газа, израелскиот премиер Ариел Шарон исклучи секаква можност од нови повлекувања од окупираните подрачја, објавија денеска израелските медиуми.“Нема да има нови повлекувања“, изјавил Шарон.

Историско ракување меѓу Мушараф и Шарон

Макфакс - 05.09.2005

Њујорк Пакистанскиот претседател Первез Мушараф синоќа се ракувал со израелскиот претседател Ариел Шарон на маргините на Самитот на Обединетите нации во Њујорк, само две недели по воспоставувањето на првите службени контакти меѓу Пакистан и Израел.