TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Игри без граници“ е мојот најдобар албум

Време - 15.09.2007

ПРОМОВИРАНО СЕДМОТО ЦЕДЕ НА ТОШЕ Во друштво на семејството, голем број пријатели, соработници, колеги од естрадата и претставници од медиумите поп-ѕвездата Тоше Проески го претстави својот најнов, седми албум, насловен „Игри без граници“, завчеравечер во хотелот „Александар палас“.

Тоше го промовираше албумот со жива свирка

Утрински - 15.09.2007

ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ Еден месец по пуштањето во продажба, најновиот седми албум на Тоше Проески „Игри без граници“ завчеравечер во хотелот „Александар палас“ го доживеа и своето официјално претставување. На промоцијата, на која за разлика од минатите можеше да се влезе само со покани (со што се избегна ...

Во новото цеде вложив многу енергија и љубов

Дневник - 15.09.2007

За Андријана Будимир, која на настанот се дружеше и со родителите на Тоше, „Игри без граници“ е најдобриот албум на Проески Во убава интимна атмосфера, со одличен настап во живо, нашата мегаѕвезда Тоше Проески го промовира седмиот албум, „Игри без граници“, завчеравечер во хотелот „Александар ...

"Игри без граници" и официјално пред публиката

Вечер Прес - 15.09.2007

"Презадоволен сум како звучи материјалот и среќен што амплитудата по која се развива мојата кариера оди онака како што треба", задоволно изјави Тоше пред да продолжи онака како и што ја почна промоцијата на албумот "Игри без граници", со песна.

Промоција на албумот „Игри без граници“ на Тоше

Време - 13.09.2007

ВЕЧЕРВА ВО „АЛЕКСАНДАР ПАЛАС“ Најновиот албум на нашата најголема поп-ѕвезда Тоше Проески, насловен „Игри без граници“, ќе биде официјално промовиран вечерва, во хотелот „Александар палас“. Почетокот е закажан за 19 часот. Под етикетата на продукциската куќа „Аворд ентертејнмент“, албумот на ...

Тоше промовира нов албум вечерва

Утрински - 13.09.2007

„Игри без граници“, најновиот и долгоочекуван албум на Тоше Проески, ќе ја има својата официјална промоција вечерва со почеток во 19 часот во хотелот „Александар палас“. Цедето беше пуштено во продажба среде лето (јули), а песните веќе се одомаќени на сите радиостаници во државава, но и надвор од ...

Тоше на Градски ќе настапи со повеќе гости

Дневник - 13.09.2007

Концертот на мегаѕвездата Тоше Проески, кој ќе се одржи на 5 октомври, на Градскиот стадион во Скопје, ќе понуди богата музичка програма , во чии рамки ќе настапат познати ѕвезди од земјава и од поранешните југословенски простори.

Андријана Будимир ја одбра љубовта

Утрински - 12.09.2007

Што се' не ќе направи човек во име на љубовта, најдобро знае Андријана Будимир. Атрактивната ракометарка, која во 2002 година со Кометал Ѓорче Петров ја освои европската круна, целосно му е предадена на најпосакуваниот ерген на Балканот - Тоше Проески.

Тоше ќе го промовира седмиот албум

Вест - 11.09.2007

ЗАДУТРЕ ВО "АЛЕКСАНДАР ПАЛАС" Мегаsвездата Тоше Проески задутре во 19 часот во елитниот хотел "Александар палас" во Скопје ќе го промовира неговиот седми по ред албум" Игри без граници". Албумот излезе на музичкиот пазар пред еден месец и се продава во Србија, Словенија, Хрватс Мегаsвездата Тоше ...