TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Разводнети улици и отежнато одвивање на сообраќај, е сликата во главниот град од вчерашните снежни врнежи

Канал5 - 29.01.2005

Снегот го има само на споредните улици, каде зимските служби се уште не стигнале да го расчистат. А, тие и денеска од рано наутро работеа на расчситување на снегот. Велат дека тимот составен од 300 луѓе, од понеделникот кога падна првиот снег, сек Снегот го има само на споредните улици, каде ...

Формиран кризен штаб поради снегот

Дневник - 27.01.2005

ТЕТОВО Општина Тетово, во соработка со јавните претпријатија, формира Кризен штаб со задача да организира 24-часовни интервенции и чистење на градските улици и на јавни површини од снегот. Штабот дополнително ангажираше и работници за чистење на снегот.

Поплавени улици

Вест - 27.01.2005

По снегот - вода. Скопските улици вчера беа поплавени од снегот кој се топеше. Покрај улиците се формираа големи бари, а водата не истекуваше од никаде. На многу места сливниците беа затрупани со снег па можеше да се помине само со чизми до колена.

Улиците поплавени по снегот, водата нема каде да оди

Време - 27.01.2005

САМО ЕДНА ЧЕТВРТИНА ОД ГРАДОТ ИМА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА Повеќето улици во градот се поплавија и нема каде да се помине откако снежната покривка почна да се топи. Ова не се случува само кога се топи снегот, туку и кога паѓа дожд, се жалат скопјани.

Пријави за граѓаните што не го расчистиле снегот

Време - 27.01.2005

ЗА ПРЕД ЗГРАДИТЕ И ПРЕД ДУЌАНИТЕ Градските власти в петок ќе почнат да поднесуваат пријави против несовесните граѓани, куќните совети и дуќанџиите што навреме не го исчистиле снегот од приодите пред нивните домови и пред продавниците.

Сите да помогнат во чистењето на снегот

Дневник - 26.01.2005

ЗИМСКАТА СЛУЖБА И ПЕНОВ АПЕЛИРААТ Од петок се најавува мрзнење, затоа снегот мора да се исчисти од сите коловози и тротоари, велат надлежните Во расчистувањето на снегот од улиците и тротоарите вчера се вклучија бригада на АРМ, 70 работници ангажирани преку Заводот за вработување и сите екипи на ...

Прекината наставата во отсечените населби

Утрински - 26.01.2005

Во повеќе села на Кичевско-бродскиот регион животот парализиран Кичевско-бродскиот регион се најде под вистинска снежна блокада. По два дена интензивни врнежи од снег, животот во Кичево, Македонски Брод и во околните населби е целосно парализиран.

Тротоарите затрупани со снег, скопјани шлапкаат во бари

Време - 26.01.2005

ЗИМСКАТА СЛУЖБА НЕМОЌНА ДА СЕ СПРАВИ СО НЕВРЕМЕТО Адријана Георгиев Тротоари затрупани со снег, калливите и непроодни улици и лизгавиот коловоз беа главните проблеми со кои се соочија скопјани во текот на вчерашниот ден, во кој градот осамна под снежна покривка од околу 20 сантиметри.

Над 200 сообраќајки за два дена

Дневник - 26.01.2005

СНЕГОТ ГИ СМРЗНА ВОЗАЧИТЕ Снегот, кој во последните два дена ги затрупа коловозите во земјава, предизвика огромни проблеми во сообраќајот. Едно лице загина, неколку беа повредени, а биле предизвикани и огромен број сообраќајни несреќи како директна последица од лошото време.

Во Охрид падна повеќе снег отколку на Попова Шапка

Утрински - 26.01.2005

За 24 часа снежната покривка крај Охрдското Езеро достигна до 70 сантиметри Охриѓани олку снег не паметат одамна, постарите се сеќаваат дека тоа се случило во триесеттите години од минатиот век СИМОН ИЛИЕВСКИ ОХРИД - Охриѓани не паметат некогаш да имале повеќе снег од Попова Шапка.

Шлапање по вода и кал

Вест - 26.01.2005

Главните улици во Скопје вчера немаа снег. Тој беше стопен што од возилата, што од релативно топлото време. Тие беа претворени во реки од раскашавен снег, а одводите на атмосферската канализација беа затнати од големата количина вода и кашест снег.

Главните сообраќајници се исчистени, се работи на помалите улици

Утрински - 26.01.2005

По два дена снежен хаос, се прават напори главниот град да се врати во нормала Најкритични точки беа мостовите на Вардар, надвозниците во Новоселски Пат и Бардовци и подвозниците во Кисела Вода и Бутел САЊА НАУМОВСКА Скопје во последните два дена ги живее во прекрасен бел планински пејзаж.

Не)култура на живеење!

Вечер Прес - 26.01.2005

ПИШУВА: Валентина МАРЈАНОВИЌ Градот е под снег. Токму на првиот училиштен ден, Скопје осамна под снежна покривка од дваесетина сантиметри. За најмладите радост - за возрасните главоболки. Првиот скопјанец, градоначалникот Ристо Пенов, без размислување упати апел до граѓаните дека сите треба активно ...

Снегот предизвика проблеми низ цела Македонија

А1 - 25.01.2005

Снегот кој од вчера врне со несмален интензитет, предизвика сериозни проблеми на територијата на целата држава. Од МВР велат дека бројот на сообраќајните несреќи во однос на вчерашниот ден е намален. Денеска до 12 часот се случиле 17 сообраќајки во цела Македонија, од кои 7 во Скопје, а вчера 180, ...

Снегот предизика проблеми во цела Европа

А1 - 25.01.2005

Како последица на студениот бран, што ја зафати Европа минатиот викенд, најголемиот дел од континентот денеска е под снег, предизвикувајќи сообраќајни незгоди на замрзнатите патишта и зголемувајќи ја опасноста од лавини во планинските области.

Снегот не изненади, но сепак предизвика проблеми

Дневник - 25.01.2005

ЗИМСКАТА СЛУЖБА ДОБИ РАБОТА Блокирани сообраќајници, метеж на градските улици, укинати автобуски линии, 55 лесни сообраќајни незгоди и неколку отсечени села, се проблемите што ги создадоа вчерашните интензивни врнежи од снег.

На прогнозите треба да им се верува

Дневник - 25.01.2005

Даница Тунтевска - ретровизор Скопјани вчераутро не стигнаа да му се израдуваат на снегот, бидејќи тој им донесе само грижи и нервози. Снегот, кој почнаа да врне рано наутро, ги блокираше речиси сите градски сообраќајници и предизвикаа метеж на улиците.

Фрлени 40 тони сол по улиците

Утрински - 25.01.2005

Вчера беше активирана Зимската служба Вчера на терен работеле 800, а денеска на располагање се околу 1.000 работници Зимската служба во Градот, по првите врнежи од снег, вчераутро веднаш се најде на терен и од 7 до 10 часот по скопските улици беа фрлени 40 тони сол.

Снег ги парализира Холандија и Германија

Дневник - 25.01.2005

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ Снежни виулици вчера го блокираа сообраќајот во Германија и во Холандија, јави МИА. Холандските власти соопштија дека вчера изутрината на патиштата во земјата имало 60 колони од возила, кои заглавиле во снегот.

Македонија покриена со снег

Утрински - 25.01.2005

Интензивни снежни врнежи од раните утрински часови ја зафатија целата земја Сообраќајот се одвива отежнато, но без проблеми СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА Македонија вчераутро осамна под снежна покривка. Снегот интензивно паѓаше на повисоките и во пониските краишта во земјава, а со малку послаб интензитет ...

Елементарна непогода од 2 см снег

Вест - 25.01.2005

СКОПЈЕ ВО СНЕЖЕН ХАОС Автобусите на ЈСП се движеа како санки по завеаните улици. Од Зимската служба се правдаат дека навреме излегле на терен, но улиците останале затрупани со снег поради тоа што на солта и требале 40 минути да почне Два сантиметра снег вчера го нокаутираа Скопје.

На скопските улици фрлени 80 тони сол

Вечер Прес - 25.01.2005

На скопските сообраќајници, кои од вчера се под снежна покривка, досега се посипани околу 80 тони сол. Екипите на зимската служба во Градот во текот на вчерашниот ден интервенираа на сите поважни клучки и надвозници во градот, како и во приградските населби.

Снегот ни врза синџири!

Вечер Прес - 25.01.2005

Вчераутро во Републикава се забележани интензивни врнежи на снег, кои во текот на денот ја зафатија и целата земја.Снегот и синоќа паѓаше во поголемиот дел на Македонија .Според информациите од Центарот за набљудување, известување и тревожење снежната покривка во повисоките населени места ...

Обилниот снег предизвика над 140 сообраќајки

А1 - 24.01.2005

Снегот кој од утрово врне предизвика проблеми во одвивањето на сообраќајот во целата држава. Отсечени села, забранет сообраќај во планинските превои, гужвите по улиците, огромни колони на возила. За само 6 часа во Македонија се случиле 141 сообраќајна незгода.

Поголем дел од Европа под снег

А1 - 24.01.2005

Под снег е поголемиот дел од Европа, снегот предизвикува се повеќе пречки во сообраќајот. Голомразицата и снегот во Германија денеска и вчера предизвикаа 155 сообраќајки. Во несреќите, повредени се неколку луѓе и предизвикана е голема материјална штета. Големи врнежи на снег има во Холандија.

Македонија побеле.. Снегот што паѓа од рано изутрината предизвика проблеми во одвивањето на сообраќајот..

Канал5 - 24.01.2005

Зема и една жртва.. Тоа е 55-годишната Шукрие Б. Од Кичево.. Настрада во сообраќајна несреќа на патот Кичево – Охрид.. До попладневните часови во МВР регистрирале 141 сообраќајна несреќа во земјава од кои 63 во Скопје.. Поради снегот за еден час доцнеше Зема и една жртва..