TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Магдинчев оптимист за договорот и настапот

Дневник - 15.09.2007

Лазар Магдинчев, вториот македонски тениски рекет, е оптимист пред решавачкиот дуел со Луксембург, во Еш сир Алзет, за опстанок во Првата евроафриканска зона, што ќе се игра во следниот викенд (21-23 септември). Вториот рекет до вчера попладне не беше на чисто дали ќе патува со репрезентацијата.

Опстанокот се крчка во Луксембург

Вечер Прес - 15.09.2007

Селекцијата на Македонија патува во најсилен состав предводен од Предраг Русевски кој ќе тренира една недела на новата брза подлога во Луксембург Најдобрата македонска, тениска Девис куп репрезентација утре патува за Луксембург, каде што ќе се бори за опстанок во првата Евро-африканска зона.

Магдинчев и Тошиќ поразени во Љубљана

Утрински - 14.09.2007

Македонскиот тенисер Лазар Магдинчев и Србинот Горан Тошиќ им дадоа силен отпор на третите носители во двојки, Русите Александар Красноруцки и Александар Кудрјавцев, од кои загубија со 6-4, 3-6, 10-6 во четврт-финалето на челинџерот „БМВ Љубљана опен“, со награден фонд од 50.000 американски долари.

Русевски загуби во сингл, Магдинчев победи во двојки

Време - 13.09.2007

ПЕЛИСТЕР НА ТЕШКИ МАКИТЕНИС Најдобриот македонски тенисер Предраг Русевски уште во првото коло го заврши настапот на БМВ Љубљана опен-турнирот, вреден 42.500 евра, кој се игра во словенечката престолнина. Русевски завчера со 3-6, 1-6 загуби од босанскиот тенисер Иван Додиг.

Со истиот тим против Луксембург

Утрински - 13.09.2007

Русевски елиминиран во првото коло на челинџерот во Љубљана, на кој Магдинчев и Србинот Тошиќ успешно стартуваа во двојки РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Новиот капитен на машката тениска репрезентација на Македонија, Дејан Маринковиќ, реши со истиот состав од последните два натпревара со Финска и со Словачка ...

Ќе биде тврдо во Луксембург

Дневник - 13.09.2007

Новиот селектор Маринковиќ не го менува составот на македонската репрезентација иако се игра на бетонска подлога, во сала Дејан Маринковиќ, новиот селектор на Дејвис-куп репрезентацијата на Македонија, не промени ништо во составот за решавачкиот дуел против Луксембург, во битката за опстанок во ...

Напредок на сите четворица македонски тенисери

Време - 11.09.2007

АТП-ЛИСТА Четворицата македонски тенисери рангирани според АТП направија скокови на листата во оваа недела на најновото рангирање меѓу тенисерите. Најдобриот наш тенисер воопшто, Предраг Русевски сега се најде на 261. место на АТП, скокајќи за 10 места на АТП-листата, со тенденција веќе во следната ...

Русевски десет места погоре на АТП-листата

Утрински - 11.09.2007

Предраг Русевски скокна десет места на АТП-листата во сингл и оваа седмица е 261., доближувајќи се на само шест позиции до својот и македонски рекорден ранкинг од 6 август годинава, кога беше 255. Во двојки, пак, најдобриот македонски тенисер е две места подобар, односно 272.

Русевски 10 места понапред

Дневник - 11.09.2007

Нашиот најдобар тенисер Предраг Русевски напредуваше за 10 места на ранг-листата. Пецко од вчера е 261. тенисер на светот со 144 поени. Тој завчера го загуби финалето во двојки во Алфен, Холандија, играјќи со Французинот Жереми Шарди. Подобри од нив со 3-6, 3-6 беа 2.

Русевски/Шарди поразени во финалето во Алфен ан ден Рајн

Утрински - 10.09.2007

Првиот македонски рекет Предраг Русевски и Французинот Жереми Шарди загубија со 6-3, 6-4 од вторите носители Леонардо Аѕаро од Италија и Ловро Зовко од Хрватска во финалето на челинџерот во Алфен ан ден Рајн, Холандија, со награден фонд од 50.000 американски долари.

Русевски во финалето во двојки во Холандија

Дневник - 10.09.2007

Предраг Русевски вчера попладне настапи во финалето во игра на двојки во Алфен, Холандија, а неговиот репрезентативен колега Лазар Магдинчев не стаса до завршниот меч во Брашов, Романија. Заедно со талентираниот француски тенисер Жереми Шарди, Русевски им излезе на мегдан на 2.