TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Мали шанси за преговори меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

А1 - 23.07.2006

Се помали шансите за продолжување на преговорите меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, кои и денеска не се извинија за јавно упатените закани за употреба на сила, доколку и тие не бидат дел од идната влада. Во ВМРО ДПМНЕ не сакаат да ги коментираат најновите сигнали што од Мала Речица ги упатија челниците на ДУИ ...

ДУИ сака да продолжи дијалогот со ВМРО ДПМНЕ

А1 - 23.07.2006

Преку дијалог да продолжат активностите околу создавањето на новата влада. Ова овластување денеска им го даде централниот одбор на ДУИ, највисокиот орган на партијата на лидерот Ахмети и претседателството. Раководството на ДУИ смета дека радикалните изјави биле наметнати од новинарите.

Меѓународните претставници воздржани за барањата на ДУИ

Канал5 - 23.07.2006

Во ДУИ нема да бидат воодушевени кога ќе го прочитаат писмото -одговор од Солана во врска со нивното барање да бидат вклучени во новата македонска влада. Во ДУИ нема да бидат воодушевени кога ќе го прочитаат писмото -одговор од Солана во врска со нивното барање да бидат вклучени во новата ...

ДУИ нема намера да му се извини на ВМРО ДПМНЕ

А1 - 22.07.2006

Ниту извинување, ниту повлекување, ова е ставот на ДУИ по барањето на ВМРО ДПМНЕ да се огради од изјавите на своите политички лидери кои се повикуваа на употреба на калашникови и народот доколку ДУИ не е во власта. Високи функционери на ДУИ за А1 велат дека не чувствуваат потреба оти треба да му се ...

ДПА со пет, НСДП со двајца, ЛП со еден министер

Вест - 22.07.2006

СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ Вчера попладне почна седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Паралелно со тоа течеше средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со Тито Петковски, лидерот на НСДП, која освои седум пратеници.

Груевски составува влада, Ахмети пишува поплаки

Време - 22.07.2006

АКО НЕ БИДЕ ДЕЛ ОД НОВАТА ВЛАДА Емил Зафировски Демократската унија за интеграција не е подготвена да дејствува во опозиција и постојат големи шанси да го бојкотира Собранието, тврдат за „Време“ високи партиски извори. Дознаваме дека раководството на ДУИ на завчерашното претседателство во Тетово ...

ДУИ праќа писма во Вашингтон и во Брисел за помош да влезат во владата

Утрински - 22.07.2006

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа одлучуваше дали да ги продолжи разговорите со ДУИ БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Доколку завчера беше извесно дека преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се завршени, вчера таа можност повторно се отвори.

Густо пред конечниот трансфер на власта

Утрински - 22.07.2006

Груевски премногу тактизира околу составувањето на неговиот кабинет Соња Крамарска Изборниот процес не е заокружен сж додека Никола Груевски не ја објави владата, предупредуваат деновиве посматрачите во пресрет на целосниот трансфер на власта од рацете на социјалдемократите во рацете на ...

ДУИ мобилизира на сите нивоа

Дневник - 22.07.2006

Од Канцеларијата на ЕУ во Скопје вчера порачаа дека сите страни треба да се воздржат од изјави во кои се споменува насилство и од изјави кои може да бидат така протолкувани Демократската унија за интеграција од вчера е на нозе, се мобилизира и гради нова стратегија како да биде дел од владата на ...

ВМРО-ДПМНЕ решаваше синоќа

Дневник - 22.07.2006

Иако беше најавена за завчера, седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на која требаше да се реши околу преговорите со ДУИ раководството на партијата на Никола Груевски ја одложи за синоќа. Вчера никој не коментираше дали тоа значи дека Груевски си дал уште малку време да размисли дали ќе и рече дефинитивно ...

Реторика

Дневник - 22.07.2006

Изминативе неколку денови како да завладеа некоја нездрава релаксирана атмосфера. Преговорите за формирање на новата влада, барем за јавноста, некако подзапреа, во очекување на прегласувањето во средата. Почетните бранувања во однос на можните коалициски партнери од, условно, албанскиот политички ...

ДУИ со писмо до Брисел: Прекинот на преговорите за влада драстично ги влоши меѓуетничките односи

Канал5 - 22.07.2006

ДУИ ги повикува Николас Барнс од американскиот Стејт департмент, Хавиер Солана од Европската унија и Јаап де Хоп Шефер од НАТО да се вклучат во разрешувањето на новата постизборна и според партијата на Ахмети сложена ситуација во Македонија.

Меѓународната заедница единствената надеж ДУИ да ја задржи власта

А1 - 21.07.2006

Меѓународната заедница е единствената надеж за ДУИ да ја задржи власта. Истата таа беше иницијатор за влез на ДУИ во претходната влада. Токму затоа ДУИ со писма до ЕУ, НАТО и САД се надева дека единствено тие ја имаат можноста да ја фрлат во прегратката на ВМРО.

ВМРО ДПМНЕ ги остави вратите подотворени за ДУИ

А1 - 21.07.2006

ДУИ првин да се извини, а потоа да се врати на преговорите, ова е условот на ВМРО ДПМНЕ. Тие се лути и бараат извинување од лидерите на ДУИ. Како што велат, за недемократските изјави што тие ги давале, мислат на изјавите на Муса Џафери и Али Ахмети.

Молк и воздржаност кај странците и домашните политичари

Време - 21.07.2006

ПО ЗАКАНИТЕ ОД АХМЕТИ И ЏАФЕРИ Никој од претставниците на мисиите на ОБСЕ, ЕУ и САД што беа активни во целиот изборен процес не сака да ги коментира заканите од врвот на ДУИ дека е можна дестабилизација на земјава и враќање на калашниковите в шума, ако оваа партија не влезе во новата влада.

Ахмети никој не го искара

Вест - 21.07.2006

СТРАНЦИТЕ ГИ ПРЕМОЛЧЕА "КАЛАШНИКОВИТЕ И БУНТОТ" НА ДУИ АКО НЕ ВЛЕЗЕ ВО НОВАТА ВЛАДА Официјален коментар дојде единствено од амбасадата на САД откаде велат дека "доколку некоја партија реши да не се приклучи или не биде поканета во идната владина коалиција", очекуваат таа да игра позитивна и ...

Ахмети со заканите си ја затвори вратата кај Груевски?

Време - 21.07.2006

ВМРО-ДПМНЕ СИНОЌА ОДЛУЧУВАШЕ ЗА КОАЛИЦИЈАТА СО ДУИ Членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа требаше да одлучуваат дали ќе ги продолжат преговорите за коалиција со ДУИ, откако завчера Али Ахмети, лидер на ДУИ, се закани дека новата влада ќе има проблеми со албанскиот народ доколку ...

Јаневска: Против нас се води специјална војна

Време - 21.07.2006

ВМРО-НП ОДБРА ДА МОЛЧИ Против ВМРО-НП и нашите членови се води специјална војна, која особено се засили откако и дадовме отворена поддршка на ДПА за да се формира новата влада. Вака Весна Јаневска, в.д. претседателка на ВМРО-НП, ги оцени последните случувања околу оваа партија, алудирајќи на ...

ВМРО-ДПМНЕ со пратеник плус, ДУИ во минус

Време - 21.07.2006

ПО ПРЕГЛАСУВАЊЕТО ВМРО-ДПМНЕ доби мандат плус, а ДУИ остана со пратеник помалку, по завчерашното прегласување на 29 места во три изборни региони. Пресвртот се случи во шестата изборна единица, каде што изборите се повторија на 20 места со вкупно 19 илјади избирачи.

Функционери на ДУИ контра набљудувачите на ВМРО-ДПМНЕ

Време - 21.07.2006

КАКО СЕ ЧУВАА КУТИИТЕ ВО „ШЕСТКАТА“ Повеќето претставници на ВМРО-ДПМНЕ на избирачките места во „шестката“ докрај го следеле завчерашното прегласување и пребројување на гласовите иако ДИК излезе со толкување дека актуелни пратеници и пратенички кандидати не смеат да присуствуваат на местата на кои ...

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нема веќе да преговараат?

Утрински - 21.07.2006

Милошоски им порачува на ДУИ да вежбаат „’калашников’-демократија" со Хезболах БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Нови средби меѓу претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, најверојатно, ќе нема, а со тоа и шансите дека овие две партии и понатаму ќе преговараат за заедничко учество во власта стануваат еднакви на нула.

„Народњаците" не сакаат „германска" коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 21.07.2006

Обединување на двете партии со вмровска провиниенција, ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-Народна, по примерот на германската десничарска коалиција на ЦДУ и ЦСУ, нема да има, тврдат „народњаците". По лошиот изборен резултат, и особено по скандалот со бугарското државјанство на неформалниот лидер на ВМРО-Народна, ...

Канонада од партиски препукувања по прегласувањето

Утрински - 21.07.2006

Од која планина и во која самопослуга ВМРО-ДПМНЕ најде гласови во Шестата изборна единица, вели Јани Макрадули Жаклина ЃорЃевиЌ ГоЈко Ефтоски Политичките партии не ги дочекаа официјалните бројки од прегласувањето на 29 избирачки места, туку веднаш побрзаа со меѓусебни понижувачки квалификации на ...

ВМРО-ДПМНЕ се искачи на 45 мандати

Дневник - 21.07.2006

ДПА ги предаде интересите на својот народ, бидејќи со помош на нивните гласови во „шестката“ во Собранието ќе има плус пратеник-Македонец наместо Албанец, реагира ДУИ Задоволство во ВМРО-ДПМНЕ и разочараност во ДУИ по завчерашното прегласување на 29 гласачки места.

Победникот прави тензии

Дневник - 21.07.2006

Ги осудуваме неодмерените изјави на некои претставници на ДУИ и сме разочарани од изјавите на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ со кои се создава тензии и се нарушуваат стабилните меѓуетнички односи во државата, оцени вчера Јани Макрадули од СДСМ.

Груевски денеска ја откачува ДУИ?

Дневник - 21.07.2006

Од извори во партијата на Никола Груевски дознаваме дека преговорите со ДУИ се веќе мртви, откако албанската партија излезе во јавноста со закани Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа требаше да донесе конечна одлука за прекин на преговорите со ДУИ.

Нема обединување со ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 21.07.2006

Додека раководството на ВМРО-Народна категорично јавно тврди дека нема никакви шанси за обединување со ВМРО-ДПМНЕ, се' поинтензивни се неофицијалните најави за спој меѓу партиите. - И покрај желбите, настојувањата и притисоците што ги врши раководството на ВМРО-ДПМНЕ, обединување нема да има, зашто ...

ДУИ: Разговорите со ВМРО - ДПМНЕ не се прекинати

Канал5 - 21.07.2006

Демократската унија за интеграција на синоќешното централното претседателство кое се одржа во партиското седиште во Тетово ја анализираше ситуацијата по прегласувањето на 19-ти јули Тетово, 21 јули (МИА) - Демократската унија за интеграција на синоќешното централното претседателство кое се одржа во ...

Излегува ли ДУИ од игра за преговори за влез во владата?

Канал5 - 21.07.2006

Веќе три часа трае седницата на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Се очекува да се донесе конечна одлука дали има простор да се продолжат разговорите со партијата на Ахмети, по заканите кои ги упатија од ДУИ дека на владата без нив, ќе се спротивстави албанскиот народ.

Ние сме предмет на специјална војна

Вечер Прес - 21.07.2006

ВМРО-Народна партија соопшти дека повеќе нема да одговара на какви било провокации од страна на останатите политички субјекти се до конституирањето на новиот парламентарен состав. - ВМРО-НП е предмет на специјална војна од почетокот на нејзиното формирање што кулминира последниве денови откако ...

Милошоски ја дестабилизира земјава

Вечер Прес - 21.07.2006

Антонио Милошоски да престане да дава изјави кои ја подгреваат тензијата во меѓуетничките односи и ја нарушуваат стабилноста на земјава, побара вчера Јани Макарадули од СДСМ. Во дестабилизацијата на земјава на Милошоски му помагале и "одредени медиуми".

ДУИ се подалеку од власта

А1 - 20.07.2006

ДУИ се подалеку од власта. По заканувачките тонови од нејзините челници дека доколку не влезат во новата влада на Груевски ќе заигра оружјето, ВМРО ДПМНЕ не сака да се реши ниту да ги продолжи започнатите преговори. И покрај сите најави, разговори нема.

За ВМРО ДПМНЕ уште еден мандат на сметка на ДУИ

А1 - 20.07.2006

На вчерашното прегласување во 29-те избирачки места коалицијата на ВМРО ДПМНЕ профитираше за уште еден мандат на сметка на ДУИ, соопшти ДИК. Сега ВМРО ДПМНЕ е со 45 пратеници. 32 се на коалицијата предводена од СДСМ, ДУИ е со 17 пратеници, ДПА има 11.

ДИК го потврди дополнителниот мандат на ВМРО ДПМНЕ

А1 - 20.07.2006

ВМРО ДПМНЕ доби еден мандат на сметка на ДУИ во 6 изборна единица. Нема да има прегласување во Грчец каде вчера поради инцидент беше прекинато гласањето. Според ДИК гласовите од Грчец не влијаат на конечниот резултат. „Подносителите на листи ги освоиле следниов број на мандати: Коалицијата ВМРО ...

Муса Џафери молчи откако се закани со калашникови

Време - 20.07.2006

ПО ЗАВЧЕРАШНАТА ИЗЈАВА Муса Џафери, вицепремиер и потпретседател на ДУИ, вчера одби да каже што мислел кога изјавил дека „ако неговата партија не биде дел од новата влада, тогаш ќе имало протести, бунтови и калашникови“. Тој вчера изјави дека не може да дава изјави на денот на прегласувањето.

Закана врз демократијата

Време - 20.07.2006

Пишува:Емил Зафировски Потпретседателот на ДУИ и актуелен вицепремиер Муса Џафери се закани со оружје доколку идниот мандатар не ги почитувал изборните резултати на албанската заедница во Македонија и доколку неговата партија не учествувала во извршната власт.

Ахмети и прогнозира „народ" на новата влада

Утрински - 20.07.2006

ЗаЈас - Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогнозира дека идната влада „ќе има проблеми со народот" доколку неговата партија не биде дел од владејачката коалиција. Коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот Муса Џафери, кој според весникот „Дневник" се заканил со „протести, бунтови и ’калашникови‘" ...

Пратеници од Народна би се вратиле во ДПМНЕ

Дневник - 20.07.2006

Ден Дончев и Марјан Додовски може да ги прифатиме, а Љубчо Георгиевски, Весна Јаневска и Валентина Божиновска нека останат во опозиција, велат во ВМРО-ДПМНЕ Дел од раководството на ВМРО-Народна страхува дека со поддршката што и' ја вети на новата влада, партијата може да се претопи, односно да се ...

Недемократска уцена за интеграција

Дневник - 20.07.2006

Прв обид: Изборниот резултат е јасен, победници на изборите сме ние и ВМРО-ДПМНЕ. Втор обид: Победничките партии треба да ги водат разговорите за составот на идната влада. Трет обид: Разговорите со ВМРО-ДПМНЕ поминуваат во многу конструктивна атмосфера и се согласивме за најважните економски ...

Ахмети: Владата ќе има проблеми со албанскиот народ

Дневник - 20.07.2006

Ова го изјави Али Ахмети, лидер на ДУИ, по гласањето во Зајас Ако Демократската унија за интеграција не биде дел од власта, односно ако не се испочитува волјата на мнозинството, кое гласаше за коалицијата ДУИ-ПДП, идната влада ќе има проблеми со албанскиот народ.

ДПА: Членови на ДУИ насилно ги полнеле избирачките кутии во Зајас

Канал5 - 20.07.2006

ДПА вечерва на прес-конференција обвини дека членови на ДУИ насилно ги наполниле избирачките кутии во Зајас поради слабиот одѕив на гласачите Тетово, 19 јули (МИА) - ДПА вечерва на прес-конференција обвини дека членови на ДУИ насилно ги наполниле избирачките кутии во Зајас поради слабиот одѕив на ...

ВМРО НАРОДНА тврдат дека се единствени – нема да се претопиме во ВМРО ДПМНЕ

Канал5 - 20.07.2006

Специјална војна се води против ВМРО Народна – вака во партијата на Георгиевски ги толкуваат информациите дека дел од врвот на ВМРО Народна размислува да се обедини со ВМРО ДПМНЕ. Специјална војна се води против ВМРО Народна вака во партијата на Георгиевски ги толкуваат информациите дека дел од ...

Дали да продолжат разговорите со ДУИ? Дали воопшто има простор за натамошни преговори откако Ахмети

Канал5 - 20.07.2006

Дали да продолжат разговорите со ДУИ? Дали воопшто има простор за натамошни преговори откако Ахмети го уцени својот влез во владата. Партијата на Груевски е соочена со овие дилеми кои планираше да ги стави на маса на седница на извршниот комитет вечерва, но состанокот почна попладнето го презакажаа ...

Првични резултати на ДИК од прегласувањето за парламентарните избори во 17 изборни места

Канал5 - 20.07.2006

Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори пристигнати до Државната изборна комисија вечерва до 22 часот и 17 минути од 17 изборни места Скопје, 19 јули (МИА) - Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори пристигнати до Државната изборна комисија вечерва до 22 ...

Активисти на ВМРО ДПМНЕ и ДПА го надгледуваа прегласувањето

А1 - 19.07.2006

Затскриена битка на партиите која да ги освои 4-те мандати по прегласувањето. ВМРО ДПМНЕ и ДПА се засилија со високи партиски активисти како набљудувачи на денешното прегласување. Жителите на претежно албанските средини негодуваа на нивното присуство.

ВМРО ДПМНЕ и одзеде пратеник на ДУИ

А1 - 19.07.2006

ВМРО ДПМНЕ освои уште едно пратеничко место на прегласувањето, соопшти портпаролот на изборниот штаб на партијата, Антонио Милошоски. Пратеничкото место е освоено во 6-та изборна единица на сметка на ДУИ и сега ВМРО ДПМНЕ во парламентот има 45 мандата.

Неизвесни преговорите на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ

Време - 19.07.2006

СЕ ЧЕКА ИСХОДОТ ОД ПРЕГЛАСУВАЊЕТО Сунчица Стојановска Неизвесно е дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги продолжи преговорите за коалиција со ДУИ по денешното прегласување, иако од партијата на Ахмети тврдат дека средбите со ВМРО-ДПМНЕ не се прекинати, туку се само одложени.

Груевски ќе испрати набљудувачи во Зајас

Утрински - 19.07.2006

Монитори ќе нема во Сарај и во Струга, ВМРО-ДПМНЕ не кажува зошто БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ Нецели 24 часа по објавувањето на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, партијата на Груевски и ДУИ максимално ги заострија меѓусебните односи. Неколку потези повлечени од ВМРО-ДПМНЕ ги натера интегративците на Ахмети ...

ДУИ се закани со калашникови

Дневник - 19.07.2006

Влегувањето на ДПА во владата би било насилство врз изборните резултати и врз волјата на граѓаните, а тоа може да предизвика бунт и насилство кај албанските гласачи, вели Муса Џафери од ДУИ Ако крајната цел на идниот мандатар Никола Груевски е да не се почитуваат нашите гласачи, односно изборните ...

Првиот ешалон на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА ќе ги чува кутиите

Дневник - 19.07.2006

Сите членови на најтесните раководства на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА, освен лидерите, денеска уште од отворањето на гласачките места ќе го набљудуваат прегласувањето во неколкуте села во кои се претпоставува дека би можело да има нерегуларности.

Најголема битка во „шестката“

Дневник - 19.07.2006

Каков ќе биде конечниот распоред на силите во парламентот ќе се решава на денешното прегласување на 29 избирачки места, каде што се регистрирани околу 27.000 гласачи Каков ќе биде конечниот распоред на силите во парламентот ќе се решава на денешното прегласување на 29 избирачки места, каде што се ...

Разногласие во ВМРО НП

Канал5 - 19.07.2006

На повидок ли е ново вмровско разидување, овој пат во народна? Според информациите на Канал 5, на последната седница на извршниот комитет на партијата на која се дебатирало за изборните резултати и билo констатирано дека се лоши, се појавиле размислувања да се преземе чекор за приближување кон ВМРО ...

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ има пратеник повеќе од ДУИ

Канал5 - 19.07.2006

ВМРО-ДПМНЕ по денешното прегласување во шестата Изборна единица има пратеник повеќе од ДУИ, соопшти вечерва портпаролот на Изборниот штаб Антонио Милошоски. Скопје, 19 јули (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ по денешното прегласување во шестата Изборна единица има пратеник повеќе од ДУИ, соопшти вечерва ...

Првите пет партии во битка за четири мандати

Време - 18.07.2006

УТРЕ ПРЕГЛАСУВАЊЕ НА 29 МЕСТА Каде ќе отидат четири од вкупно 120 пратенички мандати ќе се одлучува на утрешното прегласување на 29 избирачки места со околу 27 илјади регистрирани гласачи во три изборни региони. Во првата и во петтата изборна единица ќе се прегласува за по едно пратеничко место, а ...

Груевски состави влада без ДУИ

Време - 18.07.2006

ПРЕСВРТ ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛАДИНИОТ КАБИНЕТ Сунчица Стојановска ВМРО-ДПМНЕ не влегува во коалиција со ДУИ, а ја потврди соработката во владата со ДПА. Ова е исходот од вчерашната средба меѓу Арбен Џафери и Мендух Тачи од ДПА со Никола Груевски, во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Блискоста меѓу ДПА и ВМРО-ДПМНЕ ја исфрли ДУИ

Утрински - 18.07.2006

ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и НСДП се договориле за изгледот на кабинетот на Груевски БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ ВМРО-ДПМНЕ и ДПА ја исфрлија ДУИ од комбинација за состав на новата влада. Челниците на ДПА, Арбен Џафери и Мендух Тачи, и функционерот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски вчера соопштија дека постигнале договор ...

ВМРО-ДПМНЕ ја избра ДПА

Дневник - 18.07.2006

ДУИ ќе продолжи да преговара, но најверојатно ќе мора да биде во опозиција ВМРО-ДПМНЕ ја избра Демократската партија на Албанците за албански партнер во новата влада. Овие две партии, заедно со Новата социјалдемократска партија на Тито Петковски, со Демократската обнова на Македонија на Лилјана ...

Груевски и Џафери си го одржаа зборот

Вечер Прес - 18.07.2006

- Победничката коалиција "За подобра Македонија" заедно со ДПА на Арбен Џафери, НСДП на Тито Петковски и ДОМ и ПЕИ има мнозинство за формирање влада и бараме да нема опструкции од Бучковски и Најдовски за конститутивна седница на Собранието, по која брзо би ја формирале и Владата.

Се уште неизвесен конечниот распоред на силите во Парламентот

А1 - 17.07.2006

Се уште е неизвесен конечниот распоред на партиските сили во Парламентот. Се ќе се знае по прегласувањето в среда. ДПА е партијата која најмногу се надева на промена на резултатите. Пресметките се дека може да добие уште три пратенички мандати.

ВМРО-ДПМНЕ и ДПА се договорија да формираат влада

А1 - 17.07.2006

ДПА сигурен партнер, остануваат и НСДП, ДОМ и ПЕИ. За ДУИ речиси е сигурно дека нема место во Владата на Груевски. Ова е исходот од средбата на Тачи и Џафери со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Најавија стабилна влада. „Ние имаме мнозинство, имаме влада, имаме договор за создавање на влада.

ДПА категорична - една партија мора да биде во опозиција

Време - 17.07.2006

ВИКЕНД-ПАУЗА ВО КОАЛИЦИСКИТЕ ПРЕГОВОРИ Боби Христов По викенд-паузата во коалициските преговори, трите партии меѓу кои засега се водат интензивните преговори, ВМРО - ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, повторно седнуваат на преговарачка маса во вторник попладне, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Средбите за нова влада на викенд-пауза

Утрински - 17.07.2006

По интензивните преговори за состав на новата влада, преговарачките тимови викендов паузираа. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски,во петокот доцна попладнето по средбата со челниците на ДПА, Арбен Џафери и Мендух Тачи, заминал за Охрид и успеал да стигне на концертот на Брајан Фери.

ДУИ сака да е капакот на тенџерето на ВМРО-ДПМНЕ

Дневник - 17.07.2006

Додека преговорите за коалиција се во мирување, ДУИ излезе со став дека повеќе не е партија со социјалдемократска ориентација, туку дека отишла во десно Демократската унија за интеграција ја смени идеолошката матрица, а политички посматрачи оценуваат дека тој потег е мотивиран од желбата таа ...

ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и НСДП во новата влада

Канал5 - 17.07.2006

ВМРО-ДПМНЕ се реши за ДПА, но се уште остава подотворена врата и за ДУИ. Владината коалиција со ДПА и со НСДП не ја објави Никола Груевски, туку Антонио Милошоски по денешната средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со Арбен Џафери и Мендух Тачи.