TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Предлог резолуција за референдум за конечниот статус на Косово

А1 - 18.05.2003

Американскиот сенатор Џозеф Бајден до Сенатот поднесе предлог резолуција со која треба да се изрази поддршка на жителите на Косово на референдум да се изјаснат за иднината на покраината, но откако ќе бидат достигнати стандардите на Обединетите нации во развојот на демократските институции и правата ...

Штајнер: косовската резолуција е ужасна

Вест - 17.05.2003

Лондон, 17 мај - шефот на цивилната администрација на ОН на Косово, Михаел Штајнер изјави дека усвоената резолуција за слобода, ослободување и независност на Косово е "ужасна" и оти поради тоа донел решение членовите на Парламентот и Владата во Приштина оваа недела да не учествуваат заедно со него ...

Лутиот Штајнер нема да го води косовскиот премиер Реџепи во Брисел и во Охрид

Дневник - 17.05.2003

ПО УСВОЈУВАЊЕТО НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ОВК Меѓународниот администратор Михаел Штајнер ја оцени резолуцијата на косовскиот Парламент како "штетен документ", со кој се величи борбата на Ослободителната војска на Косово. Тој најави казна за премиерот Бајрам Реџепи - нема да го води на две важни ...

САД не прифаќаат поголеми права за косовската влада

Дневник - 17.05.2003

СРПСКИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР ЧОВИЌ ТВРДИ Српскиот вицепремиер задолжен за косовското прашање, Небојша Човиќ, изјави дека САД не се согласуваат со планот косовската влада на Бајрам Реџепи до крајот на годинава да преземе голем дел од овластувањата што сега ги има меѓународната мисија УНМИК, јави МИА.

Белград ги обвини УНМИК и КФОР за лошата состојба на Косово

А1 - 16.05.2003

Безбедноста на Косово е полоша од кога било, за што најголеми виновници се УНМИК и КФОР, но и покрај тоа, бројот на меѓународните сили не треба да се редуцира, бидејќи тоа ќе предизвика натамошно влошување на безбедноста во покраината.

Косовоското собрание ја усвои резолуцијата за независност

Вест - 16.05.2003

Приштина, 16. мај - Косовското Собрание вчера без гласовите на српските пратеници ја усвои "Резолуцијата за ослободителна војна на народот на Косово за слобода и независност". Во Резолуцијата се нагласува дека борбата на народот на Косово, во сите свои облици и фази, претставува праведна борба за ...

Косовскиот Парламент усвои резолуција со која се величи ОВК

Дневник - 16.05.2003

ПРИШТИНА Косовскиот Парламент вчера усвои "Резолуција за ослободителната војна на народот на Косово за слобода и независност", со која автономните косовски власти се обврзаа да ги заштитат сите видови отпор што албанскиот народ му ги дал на "српскиот агресор", јави МИА.

Човиќ: „КЗК ја штити АНА“

А1 - 15.05.2003

„КЗК ја штити таканаречената АНА“, обвини шефот на Координативниот центар за Косово Небојша Човиќ во обраќањето пред ОБСЕ во Виена, истакнувајќи дека КЗК има „компромитирачка дејност“, поради што треба да се одложи трансформацијата на безбедносните сили.

Kосовскиот Парламент усвои резолуција за независност

А1 - 15.05.2003

Пратениците на косовскиот Парламент денеска со мнозинство гласови усвоија резолуција за слобода, ослободување и независност на Косово. Шефот на УНМИК Михаел Штајнер ја поништи резолуцијата. Резолуцијата предвидува заштита на сите видови отпор на албанскиот народ од „српскиот агресор“ и се истакнува ...

Штајнер не и го дава Шефкет Муслиу на Србија

Дневник - 15.05.2003

ЗАМРЗНАТИ ОДНОСИТЕ БЕЛГРАД - УНМИК Шефот на УНМИК, Михаел Штајнер, изјави дека не може да го исполни барањето на Белград за екстрадиција на албанскиот герилец Шефкет Муслиу. - Ние имаме информации дека Шефкет Муслиу е еден од најопасните луѓе во организираниот криминал на Балканот, но не можеме да ...

Резолуција за ослободителната војна и независноста на народот на Косово

А1 - 14.05.2003

Собранието на Косово донело одлука на утрешното заседание да расправа за „Резолуција за ослободителната војна и независноста на народот на Косово“, јави белградското „Б-92“, повикувајќи се на приштинскиот весник „Коха Диторе“.

Човиќ: „Штајнер нема безрезервна поддршка од САД“

А1 - 14.05.2003

Претседателот на српскиот Координативен центар за Косово Небојша Човиќ е сосема сигурен дека шефот на УНМИК Михаел Штајнер нема безрезервна поддршка од САД. „Информациите со кои располагам говорат дека американската администрација не ги поддржува барањата на Штајнер своите ингеренции до крајот на ...

Запнаа односите УНМИК - српски власти

А1 - 13.05.2003

Нема напредок во односите со УНМИК додека на српските судски власти не им биде предаден лидерот на т.н. ОВПМБ Шефкет Муслиу, изјави претседателот на Координативниот центар за Косово Небојша Човиќ по денешната средба со шефот на УНМИК Михаел Штајнер.

Остатоци

Утрински - 13.05.2003

Регион Драган Николиќ Специјалниот претставник на ОН во Косово, Михаел Штајнер, изјави во Виена, каде што се одржа собирот "Иднината на Косово", дека Косово се задушува во организиран криминал кој пушта пипала и во Европа. "Ако Европа не и помогне на полицијата и на правосудството да се наполнат ...

Белград ја прекина соработката со УНМИК

Дневник - 13.05.2003

ПОРАДИ НЕЗАДОВОЛСТВО ОД ОДНОСИТЕ Белград ја прекина соработката со УНМИК, освен што го бара Шефкет Муслиу Српската владејачка коалиција ДОС завчера реши да ја прекине соработката со мисијата на Обединетите нации на Косово, јави Макфакс.