TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Од вистински во медиумски рудник за злато

Време - 12.05.2006

ПО СПАСУВАЊЕТО ВО АВСТРАЛИЈА На рударите Тод Расел и Брент Веб, кои беа спасени по 14 дена во рудникот за злато Бејконсфилд, им се отвора можност да заработат мало богатство прераскажувајќи ја својата приказна во медиумите. - Расел и Веб се идеално дуо за емисии и држење говори.

Спасени двајцата рудари

Време - 10.05.2006

РАДОСТ ВО АВСТРАЛИСКОТО РУДАРСКО ГРАТЧЕ БЕЈКОНСФИЛД Со звук на црковни ѕвона и сирени, рударите Брент Веб и Тод Расел, кои 14 дена беа затрупани во австралискиот рудник за злато Бејконсфилд, завчеравечер беа изнесени на површината.

Двајцата рудари спасени од „златниот гроб“

Дневник - 10.05.2006

Двајцата австралиски рудари вчера конечно излегоа на површината откако 14 дена беа заробени во кафез во рудник за злато на длабочина од еден километар Двајцата австралиски рудари вчера конечно излегоа на површината откако 14 дена беа заробени во кафез во рудник за злато на длабочина од еден ...

Спасени двајцата австралиски рудари

Вест - 10.05.2006

СИДНЕЈ, 10 мај (Ројтерс) - Двајца австралиски рудари кои 14 дена беа заробени еден километар под земја вчера излегоа од рудникот победоносно кревајќи ги рацете горе откако спасувачите рано изутрина успеаја да стасаат до местото каде што беа затрупани СИДНЕЈ, 10 мај (Ројтерс) - Двајца австралиски ...

Откопани живи тасманиските рудари

Утрински - 10.05.2006

СПАСУВАЊЕ Двајцата спасени австралиски рудари се во добра здравствена состојба и “одлично расположение° и покрај тоа што поминаа две недели заробени под земја, соопштија лекарите. Брент Веб (37) и Тод Расел (34) беа отпуштени од болницата во Тасманија неколку часа по извршените испитувања.

Спасени двајцата рудари

Вечер Прес - 10.05.2006

Спасувачките екипи вчера ги спасија двајцата рудари, кои две недели успеале да преживеат заробени повеќе километри под земја во рудникот за злато во Тасманија, благодарение на пластичната цевка што им беше доставена, а преку која примаа вода, храна и слушаа музика.

Спасувачите напредуваат милиметар по милиметар

Време - 08.05.2006

ДРАМА ВО АВСТРАЛИЈА Спасувачките екипи во австралискиот златен рудник „Беконсфилд“ вчера ги пробиваа последните метри камен што ги делат од рударите Тод Расел (34) и Брент Веб (37), кои две недели се затрупани во рудникот, по земјотрес во кој загина еден нивен колега.

Двајца рудари заробени во кафез

Вечер Прес - 08.05.2006

Спасувачките екипи ја продолжија паничната трка со времето во обидот да спасат двајца рудари, кои веќе девет дена се заробени под земја, во рудникот за злато на јужноавстралискиот остров Тасманија, пишува хрватскиот "Вечерњи лист".