TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Уште една жртва на американската армија во Багдад

А1 - 27.07.2003

Еден американски војници загина, а 6 се ранети во денешниот ракетен на конвој на американската војска во багдадската населба Ал Маџур. Најмалку уште еден американски војник е потешко повреден во друг напад, кој се случил два часа порано, во близина на багдадскиот аеродром.

Синовите на Садам изрешетани со по 200 куршуми

Вест - 26.07.2003

БАГДАД, 26 јули (АП) - Вештаците и патолозите на американската војска на новинарите вчера им ги покажаа мртвите тела на Удај и Кусај Хусеин и изјавија дека во телата одделно има по 200 рани од куршуми..... БАГДАД, 26 јули (АП) - Вештаците и патолозите на американската војска на новинарите вчера им ...

Хусеин заминал од Багдад во април тврди телохранител на Удај

Вест - 26.07.2003

Лондон, 26 јули - Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин и неговите синови Кусај и Удај го напуштиле Багдад кон средината на април, кога американската армија влезе во центарот на градот, изјави поранешниот телохранитл на Удај во интервјуто за "Тајмс".

Рамсфелд даде виза за сликите на мртвите Удај и Касај

Утрински - 26.07.2003

Дилема дали да се објават фотографиите на убиените синови на Садам ВАШИНГТОН - Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд изјави дека е во ред да се објават фотографиите на кои, како што тврдат САД, се прикажани масакрираните тела на синовите на Садам Хусеин.

Крвавите фотографии се доказ дека е разнесен режимот на Садам

Дневник - 26.07.2003

секретарот Доналд Рамсфелд оценува Американскиот секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд, изјави дека објавувањето на крвавите фотографии од мртвите тела на Удај и Кусај Хусеин ќе помогне полесно да се убеди ирачката јавност дека стариот режим на Садам Хусеин нема да се врати, јави Ројтерс.

Убиени војници од единица што ги уби синовите на Садам

Дневник - 25.07.2003

НОВИ ОДМАЗДНИЧКИ НАПАДИ ВО МОСУЛ "Ал џезаира" набргу по убиството на Удај и Кусај Хусеин прикажа снимка од група вооружени Ирачани што се заканиле дека ќе ги одмаздат синовите на Садам Тројца војници од американската 101-ва воздушно-десантна дивизија вчера биле убиени во ирачкиот град Мосул, два ...

Репортер на Ројтерс ги препознал Удај и Касај

Утрински - 25.07.2003

Идентификувани телата на синовите на Садам Хусеин Багдад - На еден репортер од новинската агенција Ројтерс вчера му беа покажани снимки од телата на Удај и Кусај Хусеин при што тој ги идентификувал синовите на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин .

За одмазда на Удај и Касај убиени тројца американски војници

Утрински - 25.07.2003

Во областа каде што загинаа двајцата синови на Садам Хусеин КАЈАРА - Тројца американски војници загинаа вчера во северен Ирак кога нивниот конвој беше нападнат од герилци кои употребија ракетни гранати, соопшти американската војска.

Садамовата БААС ќе бара одмазда

Утрински - 25.07.2003

Франција алармира за можни напади ПАРИЗ - Франција вчера соопшти дека убиството на синовите на Садам од страна на американските сили може да поттикне одмазнички напади и ги повикаа ОН да го преземат одржувањето на мирот во Ирак.

Тројца маринци убиени за одмазада на смртта на синовите на Садам

Вест - 25.07.2003

БАГДАД, 25 јули (АП) - Тројца американски војници вчера загинаа во северен Ирак оти врз нивниот конвој е отворен оган од автоматско оружје и минофрлачи, соопшти еден воен портпарол. Во Багдад двајца Ирачани.... БАГДАД, 25 јули (АП) - Тројца американски војници вчера загинаа во северен Ирак оти врз ...

Ирачаните го колнат предавникот на Удај и Кусај

Вест - 25.07.2003

МОСУЛ, (АП) - Некои од соседите го обвинуваат Шеик Наваф ал-Зајдан Мухамад дека ги предал на сојузничките сили синовите на Садам Хусеин, Удај и Кусај, кои ги криел во својот дом. Ако е точно, а американските.... МОСУЛ, (АП) - Некои од соседите го обвинуваат Шеик Наваф ал-Зајдан Мухамад дека ги ...

Идентификувани телата на Удај и Кусај Хусеин

А1 - 24.07.2003

На еден репортер од новинската агенција Ројтерс денеска му се покажани снимки од телата на Удај и Кусај Хусеин при што тој ги идентификувал синовите на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин . На лицето на Удај имало рани но можело да се препознае, додека лицето на Кусај било неповредено.

Отворен лов по Садам Хусиен

Утрински - 24.07.2003

По убиството на синовите нА поранешниот ирачки претседател, Удај и Касај БАГДАД - Потрагата по Садам вчера доби нов поттик откако американските војници ги убија неговите двајца синови Удај и Касај во жестоката шестчасовна престрелка, во која беа употребени митраези и ракети, со кои беше стрелано ...

Тони Блер задоволен од ликвидацијата на Удај и Кусај

Утрински - 24.07.2003

Реакција на Даунинг стрит на настаните во Ирак Хонгконг- Британскиот премиер Тони Блер оцени вчера дека вчерашното убиство на синовите на Садам Хусеин, Удај и Кусај "е голем успех за ирачкиот ннарод". "Ова е голем ден за Ирак.

Уште двајца американски војници загинаа во ракетен напад

Утрински - 24.07.2003

Продолжуваат убиствените напади врз американските војници во Ирак МОСУЛ - Вчера двајца американски војници загинаа, а најмалку осуммина се повредени во првиот фатален напад врз американските сили откако тие ги убија двајцата синови на Садам Хусеин во една престрелка која се случи во северен Ирак.

Убиени двата сина на Садам, тој со нова лента повика на борба

Вест - 24.07.2003

Убиени се постариот Садамов син Удај и брат му Кусај (лево), овде сликани пред две години на конгресот на тогаш владејачката Баас партија на Садам БАГДАД, 24 јули (Ројтерс) - Двајца американски војници вчера загинаа во две заседи во Ирак што ги минираше надежите на САД дека смртта на синовите на ...

Американците ги убија синовите на Садам

Дневник - 24.07.2003

ВО ПРЕСТРЕЛКА ВО МОСУЛ Ирачаните ја слават смртта на Удај и Кусај Хусеин, кои загинале по шестчасовна престрелка, опколени од 200 војници Кусај и Удај Хусеин, синови на соборениот ирачки диктатор Садам Хусеин, биле убиени завчера во акција на американските сили во северниот ирачки град Мосул, јави ...

Удај беше главен "џамбаз", а Кусај верен син

Дневник - 24.07.2003

Додека нивниот татко го раководел Ирак, Удај Хусеин држел неколку цивилни функции, а Кусај бил шеф на Републиканската гарда и на тајните полициски служби. Двајцата се надевале дека ќе го наследат својот татко на челото на Ирак.

САД се сигурни дека синовите на Хусеин се убиени

А1 - 23.07.2003

Американските сили се целосно уверени дека во акцијата во ирачкиот град Мосул се убиени двајцата синови на Садам Хусеин, Удај и Кусај, соопшти командантот на американските сили во Ирак генерал Рикардо Санчез. Тој објасни дека идентификацијата биле извршена преку споредување на забите, рентгенски ...

Македонските специјалци откриле арсенал од гардата на Садам Хусеин

Дневник - 22.07.2003

МИСИЈА "СЛОБОДА ЗА ИРАК" Македонските војници од мисијата "Слобода за Ирак", под команда на САД, во изминатите неколку недели, покрај обезбедувањето на силите за специјални операции на Армијата на САД, скоро секојдневно имале акции во реонот на гратчето Таџи, во близина на Багдад.

Во ракетиран "хамви" убиени американски војник и ирачки преведувач

Утрински - 22.07.2003

Нападите врз американските сили во Ирак преминуваат во убиствен серијал БАГДАД - Еден американски војник и ирачки преведувач загинаа вчера претпладне во последниот напад во Багдад со што притисокот од растечкиот број на загинати постојано расте.