TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Шведска го ратификува Лисабонскиот договор

Н.Македонија - 22.11.2008

Шведскиот парламент по долга расправа го ратификуваше Лисабонскиот договор, кој треба да ги реформира институциите на ЕУ. Со тоа Шведска стана 25-тата земја на ЕУ што го ратификуваше документот, кој за да стапи на сила мора да биде поддржан од сите 27 земји-членки на Унијата, јави АФП. За договорот се изјасниле 243 пратеници во шведскиот парламент, против биле 39, додека воздржани биле 13.

Шведска го ратификува Лисабонскиот договор

А1 - 21.11.2008

Шведска денеска стана 24-та членка на Европската унија, која го ратификува Лисабонскиот договор. Шведскиот парламент одлуката ја донесе со 243 гласови „за“ и 39 „против“, додека 67 пратеници не присуствуваа на седницата или гласаа воздржано. Сите 27 држави членки на ЕУ мораат да го ратификуваат Лисабонскиот договор за стапи на сила. Процесот на ратификација треба да биде завршен до 1.

Иднината на Лисабонскиот договор на ЕУ е во рацете на Ирска и Чешка

Алсат-М - 21.11.2008

Уште само две европски држави остануваат да го ратификуваат Реформскиот договор, кој е замена за пропаднатиот заеднички евро-устав. Шведска е 25-ттата од 27 членки на Унија што доцна синоќа го ратификуваше реформскиот договор од Лисабон. Со него треба да се реформираат европските институции за да се олесни работата на проширената Унија.

Шведскиот Парламент го ратификува Лисабонскиот договор

Канал5 - 21.11.2008

Шведскиот Парламент доцна синоќа по долга расправа со мнозинство гласови го ратификува Лисабонскиот договор. За договорот се изјасниле 243 пратеници, против биле 39, а воздржани 13. - Шведска е една од земјите кои можат најмногу да го загубат влијанието доколку Договорот не беше одобрен, изјави шведскиот министер за европски прашања Сесилија Малстром.

Шведска го ратификува Лисабонскиот договор

Макфакс - 21.11.2008

Шведска денеска стана 24 членка на Европската унија (ЕУ), која го ратификува Лисабонскиот договор. Шведскиот парламент одлуката ја донесе со 243 гласови за и 39 против, додека 67 пратеници не присуствуваа на седницата или гласаа воздржано. Сите 27 држави членки на ЕУ мораат да го ратификуваат Лисабонскиот договор за стапи на сила.

Шведскиот парламент го ратификува Лисабонскиот договор

Сител - 21.11.2008

За договорот се изјасниле 243 пратеници, против биле 39, а воздржани 13. - Шведска е една од земјите кои можат најмногу да го загубат влијанието доколку Договорот не беше одобрен, изјави шведскиот министер за европски прашања Сесилија Малстром. Лисабонскиот договор треба да стапи на сила на 1 јануари 2009 година, откако ќе биде ратификуван во сите 27 земји-членки на ЕУ.

Шведска го ратификуваше Реформскиот договор на ЕУ

Форум - 21.11.2008

Шведскиот парламент, доцна синоќа, го усвои Реформскиот договор на ЕУ. Шведска е 25 земја членка на Унијата која го поддржа документот. За да стапи на сила потребна е согласноста на Чешка и Ирска, единствените две земји од Унијата кои досега го немаат усвоено договорот од Лисабон. Ирските граѓани, на референдумот одржан во јуни, се изјаснија против.

Ирска подготвува нов референдум за реформите на ЕУ

Дневник - 18.11.2008

Ирска подготвува нов референдум за реформите на ЕУ. Ирската влада наскоро ќе одлучува дали да свика нов референдум за Договорот од Лисабон. На референдумот на 12 јуни Ирска го отфрли договорот за темелни реформи во Европската Унија. - Можно е владата да организира ново истражување пред претстојната декемвриска средба на врвот на Европската Унија во Брисел - соопшти министерот за надворешни работи ...

Ирска ќе го прифати Лисабонскиот договор

Нетпрес - 18.11.2008

Владата на Ирска одлуката за референдум ќе ја донесе пред состанокот на врвот на ЕУ на средината на декември. Најновите анкети говорат дека мнозинството Ирци ќе го прифатат Лисабонскиот договор. По неуспешниот прв обид, одлуката за нов референдум владата во Даблин сака да ја донесе пред 11 декември и пред почетокот на зимскиот состанок на врвот на Унијата.

Можен нов референдум во Ирска

Макфакс - 18.11.2008

Ново испитување на јавното мислење покажа дека Ирците би можеле да го прифатат Лисабонскиот договор на втор референдум, ако добијат посебни гаранции за прашањата како што се абортусот и воената неутралност. Ирците на референдумот одржан во јуни го отфрлија Лисабонскиот договор со 53,4 отсто од гласовите.

Ирска наскоро ќе одлучи дали ќе свика нов референдум за Договорот од Лисабон

Канал5 - 17.11.2008

Даблин, 17 ноември (МИА) - Ирската Влада наскоро ќе одлучува дали да свика нов референдум за Договорот од Лисабон, соопшти министерот за надворешни работи Михол Мартин. Ирска го отфрли новиот европски договор, на референдумот спроведен на 12 јуни годинава.

Ирска може да го поддржи Лисабонскиот договор

Нетпрес - 17.11.2008

Ново проучување покажа дека Ирците може да го поддржат Лисабонскиот договор на ЕУ при второто гласање, пренесе “Њу обзервер“. Денес побјавеното истражување покажа дека ќе има промена во ставот меѓу ирските граѓани во однос на референдумот во јуни, при што 43 отсто од испитаниците изјавиле дека би гласале за поддршка на договорот, наспроти 39 отсто кои би го отфрлиле и 18 отсто, кои немаат став по ...