TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Веќе 3 седмици полициските сили го обезбедуваат Лозар

А1 - 11.06.2004

Веќе 3 седмици специјални и други полициски сили ги обезбедуваат објектите на Лозар со цел работничкиот гнев да не ескалира во трагични последици. Бидејќи работниот процес е веќе замрен никој не може да процени колкави ќе бидат штетите.

Вршковски ги отфрла обвинувањата од "ЦИП Продукт"

Утрински - 09.06.2004

Битола БИТОЛА - Градоначалникот на Битола, д-р Златко Вршковски, вчера организираше прес-конференција со единствена цел категорично да ги отфрли сите обвинувања што на негова адреса деновиве преку медиумите ги испратија сопствениците на ЦИП-продукт, а не Николовски и Цветан Панделевски, инаку ...

Вршковски - ќе тужам, Николоски - имам докази

Време - 09.06.2004

ВО КАВГИТЕ НА „ЛОЗАР“ СЕ ВКЛУЧИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БИТОЛА Ќе поднесам тужба за клевета против извршниот директор на АД „Лозар Пелистерка“, Тане Николоски, кој јавно тврдеше дека во „Лозар“ сум остварил имотна корист, изјави на вчерашната прес-конференција градоначалникот на Битола, д-р Златко ...

На тужбата на државата циповци со контратужба

Време - 09.06.2004

СЛУЧАЈОТ „ЛОЗАР“ ПАК ПРЕД СУД Јавното правобранителство треба да поднесе докази за наводната незаконска приватизација на битолски „Лозар“, чиј сопственик е „ЦИП продукт“, а не само да поднесува барање за поништување на продажбата, одлучил вчера Основниот суд Скопје 2.

По две недели пред полициските барикади работник заврши со мозочен удар

Утрински - 08.06.2004

Во битолски "Лозар" не престануваат превирањата БИТОЛА - Трајан Марковски, 57-годишен работник на агрокомбинатот "Лозар", кој заедно со уште неколку стотини други работници на овој комбинат, изминативе две седмици ги минал во континуирани протести пред полициските барикади што ја чуваат винарската ...

Работник доживеа мозочен удар на барикадите во "Лозар"

Вест - 08.06.2004

15 ДЕНА ПО КРИЗАТА ВО БИТОЛСКИОТ КОМБИНАТ 57-годишниот Трајче Марковски се наоѓа во критична состојба, а меѓу работниците на барикадите, кои деноноќно го чуваат комбинатот, има и заболени од пневмонија Проблемите во битолскиот комбинат "Лозар", ниту 15 дена од присилното влегување на газдите на ...

"ЦИП Продукт": Даночната управа да го провери криминалот во "Лозар"

Вест - 08.06.2004

Извештајот од независната ревизорска куќа во АД "Лозар" Битола, која ја ангажирало актуелното раководство на друштвото, покажал голем број незаконитости во работењето во изминатите две и пол години, тврдат извршните директори на "Лозар Пелистерка" Цветан Панделески и Тане Николоски.

Раскрстив со лозарци кога влегов во Антикорупциската комисија

Дневник - 08.06.2004

ТРПРЕНОВСКИ ОДГОВАРА НА ОБВИНУВАЊАТА Претседателот на државната Комисија за спречување на корупцијата, Јован Трпеновски, кого новите газди на "Лозар" го обвинија дека зел дебел хонорар од синдикалците на комбинатот во правната битка за сопственост, тврди дека престанал да ги застапува нивните ...

Циповци обвинуваат дека од „Лозар" се проневерени еден милион евра ДДВ

Утрински - 08.06.2004

Газдите на „ЦИП-продукт" со своја истрага за работењето во битолскиот комбинат Николовски најави кривична пријава и за градоначалникот Вршковски поради спречување да се спроведе судска одлука ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА ПОС ?Лозар" во изминатата 2003 година бесправно искористил право на поврат на данок на ...

И градоначалникот Вршковски се офајдил од "лозарци"?

Дневник - 08.06.2004

НОВИТЕ ГАЗДИ НА "ЛОЗАР" ОБВИНУВААТ Сопствениците на битолски "Лозар", Тане Николоски и Цветан Панделески, вчера изјавија дека ќе поднесат кривични пријави против бившиот раководител на "Лозар" Борис Фидановски и против градоначалникот на Битола Златко Вршковски, бидејќи имале сознанија и ...

Остануваме да го браниме „Лозар“

Време - 08.06.2004

БИТОЛА Работевме законски и ги отфрламе сите обвинувања од Николоски и од Панделески. И натаму остануваме да го браниме „Лозар“, а власта нека размисли за кого и за што ја ангажира полицијата која ја плаќа народот, рече на вчерашната конференција за печатот претседателот на штрајкувачкиот одбор, ...

Синдикатот испрал неколку милиони евра

Време - 08.06.2004

РЕВИЗИЈАТА ГИ ОЦРНИ ЛОЗАРЦИ Целиот промет во битолски „Лозар“ бил вршен преку синдикална сметка, незаконски, за лани и за првите четири месеци од оваа година, поранешното раководство повратило пари од ДДВ во износ од милион евра, вели Тане Николоски, извршен директор на битолски „Лозар“.

Газдите на ЦИП Продукт со нови обвиненија за екс раководството на Лозар

А1 - 07.06.2004

Сопствениците на ЦИП Продукт повторно го обвинија поранешното раководство на битолски Лозар за незаконито работење. Тие дошле до такви податоци откако пред две недели ја превземаа фирмата. Сопствениците на ЦИП Продукт ја повикаа Управата за јавни приходи да изврши контрола во фирмата објаснувајќи ...

Поранешното раководство на битолски Лозар, бесправно повратило ддв од 1 милион евра,

Канал5 - 07.06.2004

Поранешното раководство на битолски Лозар, бесправно повратило ддв од 1 милион евра, а поврат на ддв им овозможиле и на нивните купувачи во висина од 2 милиона евра. Ваквото незаконскио работење преку синдикални сметки го утврдила независната ревизорска к Поранешното раководство на битолски Лозар, ...