TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вашингтон ја смета т.н „АНА“ за криминална организација

А1 - 18.11.2003

САД ја сметаат т.н. „АНА“ за „криминална, екстремистичка организација, која со своите акции е закана за мирот и стабилноста на земјите од Западен Балкан“, поради што американската Влада презела мерки за спречување на нејзиното финансирање, се вели во писмената декларација на Стејт департментот.

АНА е лабава криминална екстремистичка група

Утрински - 18.11.2003

Според оцените на американскиот Стејт департмент "АНА е лабаво организирана криминална екстремистичка група која презеде одговорност за неколку насилства во Македонија и на други места на Западен Балкан во изминатава година. Нејзините наводни насилнички цели наметнуваат закана за мирот и ...

ВАШИНГТОН ЈА СМЕТА Т.Н. АНА ЗА КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Канал5 - 18.11.2003

Соединетите Американски Држави ја сметаат т.н. Албанска национална армија (АНА) за “криминална, екстремистичка организација, која со своите акции е закана за мирот и стабилноста на земјите од Западен Балкан”, поради што американската Влада презела мерк Соединетите Американски Држави ја сметаат т.н.

АНА закана за Балканот

Дневник - 17.11.2003

СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ПРЕДУПРЕДИ Албанската национална армија (АНА) е лабаво организирана криминално-екстремистичка група, која претставува закана за мирот и стабилноста на Западен Балкан, изјавил портпаролот на Стејт департментот Адам Ерли, пренесе МИА.