TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Победа го победи Вардар на Градски

А1 - 06.05.2007

Македонија Ѓорче Петров и Победа се приближија на три бода за лидерот во домашниот фудбалски шампионат, Работнички Кометал откако во денешните дуели од 29 коло, ѓорчепетровци славеа над Пелистер, а Победа триумфираше на Градски против Вардар кој се повеќе заостанува во трката за позициите кои водат ...

Ракомет куп на Македонија: Вардар Про - Пелистер 32:25

А1 - 06.05.2007

Вардар Про по само една сезона повторно доминира во македонскиот ракомет. Ги обедини првенствената двете домашни титули откако на обезбедениот трофеј од првенството му го додаде и успехот во националниот куп. Црвено-црните се радуваа во ова натпреварување победувајќи го во финалето големиот ривал ...

Ракомет: Вардар Про - Металург 36:29

А1 - 04.05.2007

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар Про е прв финалист на завршниот турнир од годинашниот куп на Македонија. Неколку дена откако ја обезбедија титулата во шампионатот, црвено-црните се приближија до двојната круна, со триумфот над единствениот вистински конкурент сезонава Металург во ...

Реми како победа на вардарци

Утрински - 04.05.2007

Нерешениот резултат 1:1 во реваншот со Пелистер во Битола го одведе Вардар во финалето на Купот поради победата во првиот меч од 2:1 Тихомир Груевски БИТОЛА - Фудбалерите на Вардар се пласираа во финалето на Купот на Македонија откако по двете полуфинални рунди го елиминираа битолски Пелистер.

Полуфиналето како финале

Дневник - 04.05.2007

Во Металург или Вардар про се гледа идниот освојувач на трофејот Скопски Вардар про е фаворит за освојување на машкиот Куп на Македонија, а главниот ривал Металург својата шанса ќе ја бара во изненадување и евентуално „лош“ ден на противникот. Победникот од полуфиналниот дуел вечерва (18 ч.

Вардар Про фаворит за трофејот во Купот

Утрински - 04.05.2007

САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Четири желби, различни можности, една реалност. Вардар Про ја ужива улогата на фаворит во однос на Металург, Пелистер и Младост во пресрет на денешните полуфинални дуели во ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција во СРЦ „Кале“.

Без струја, Купот може да не се игра

Дневник - 04.05.2007

Ако денеска нема струја и вода во СРЦ „Кале“, како алтернатива се споменува Расадник, но не е исклучена можноста за одлагање. Денеска дефинитивно ќе се знае дали вечерва во СРЦ „Кале“ ќе се играат двата закажани натпревара, дали публиката и играчите ќе се селат во друга сала или ќе има откажување.

Вардар и Победа првпат меѓусебно во финалето

Време - 04.05.2007

КУП НА МАКЕДОНИЈА - РЕВАНШ-ПОЛУФИНАЛНИ СРЕДБИ Вардар и Победа се годинешните финалисти во фудбалскиот куп на Македонија, откако завчера беа подобри од екипите на Пелистер односно на Милано во реванш-полуфиналните средби. Финалето ќе се одигра на Градскиот стадион во Скопје, на 24 мај.

Милано прегоре пред Победа

Дневник - 04.05.2007

Во финалето, на 24 мај, во Скопје, ќе играат Вардар и Победа Кумановскиот второлигаш Милано, кој во новата сезона ќе биде дел од фудбалската елита во Македонија, прегоре пред Победа во желбата да стаса до историскиот подвиг во Купот на Македонија.

"Кале" во очекување на струја и вода

Вест - 04.05.2007

ДЕНЕСКА СТАРТУВА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР ОД РАКОМЕТНИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА ЗА МАЖИ Металург денеска ќе има можност да му се реваншира на Вардар за загубената титула Во "Кале" денеска треба да се играат полуфиналните натпревари од ракометниот Куп на Македонија за мажи, Вардар-Металург од 18, а ...

Победа и Вардар стигнаа до финалето

Вест - 04.05.2007

КУП НА МАКЕДОНИЈА За "црвено-црните" ова ќе биде шесто финале, а за прилепскиот клуб трето Со вкупен резултат од 3:2 од двете полуфинални средби, 2:1 на првиот меч во Струмица и 1:1 завчера во Битола, Вардар го елиминираше Пелистер и се пласираше во финалето на Купот на Македонија, во кое, на 24 ...

Празник на ракометот

Вечер Прес - 04.05.2007

Ждрепката сакаше во полуфиналето да играат ланските финалисти Металург и Вардар, а во вториот меч Пелистер и Младост Ако има светло, како што најавуваат од Управата на Вардар, вечерва СРЦ "Кале" ќе биде мегдан на полуфиналните средби на македонскиот Куп, во кој ќе се решава кои две екипи ќе изборат ...

Вардар Про се надева на двојна круна во ракометот

А1 - 03.05.2007

Викендов трката за пехарот ќе заврши единствено во машкиот ракометен куп каде што утре и в недела во Скопје ќе биде одржан завршниот турнир. Фаворитите Вардар Про и Металург во меѓусебна пресметка за неделното финале во кое ќе биде и поуспешниот од натпреварот Пелистер-Младост.

Сјајот и мракот на ракометот

Дневник - 03.05.2007

Викендов закажан Купот и ждрепката за младинското СП пред Хасан Мустафа од ИХФ, но Јавното претпријатие нема намера да пушти струја во СРЦ „Кале“ Македонија викендов може да се посрамоти пред претседателот на Светската ракометна федерација, Хасан Мустафа, ако во СРЦ „Кале“ не биде пуштена ...

Вардар и Победа ќе играат во финалето од Купот на Македонија

А1 - 02.05.2007

Вардар и Победа на 24 мај на Градски ќе играат за 15-та титула во фудбалскиот куп на Македонија. Екс-шампионите за меѓусебниот дуел се изборија откако во полуфиналните реванши Победа и вторпат го совлада Милано, а Вардар одигра доволно реми со Пелистер.

Милано ита кон историско финале

Дневник - 02.05.2007

Милано ќе се обиде да стане првиот второлигаш што ќе игра во финалето на најмасовното клупско натпреварување во Македонија Второлигашот Милано во Куманово ја пречекува прилепска Победа, а Пелистер во Битола ќе игра против Вардар во возвратните дуели од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија, ...

Сите услови за фудбалски празник под Тумбе-кафе

Утрински - 02.05.2007

Пелистер и Вардар денес ќе бијат тешка фудбласка битка во вториот полуфинален меч од Купот на Македонија Тихо Груевски БИТОЛА - Пелистер и Вардар денес под Тумбе-кафе ќе бијат тешка фудбласка битка во вториот полуфинален меч од Купот на Македонија.

Пелистер и Вардар бркаат четврто, односно шесто финале

Вест - 02.05.2007

ДЕНЕСКА РЕВАНШИТЕ ОД ПОЛУФИНАЛЕТО НА ФУДБАЛСКИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА Втората полуфинална двојка е Милано-Победа Фудбалерите на Пелистер и на Вардар денеска се пред голем предизвик. По 2:1 за вардарци на првиот меч одигран во Струмица, евентуална победа на денешниот реванш за битолчани би значела ...

Жестока куп-пресметка во Битола и во Куманово

Утрински - 02.05.2007

Во денешниот реванш од полуфиналето Вардар против Пелистер и Победа против Милано влегуваат со предност од 2:1 од првиот меч МИОДРАГ МИЦКОВИЌ Ќе биде навистина попладнево „жешко“ на фудбалските терени во Битола и Куманово. Се играат реванш полуфиналните средби од Купот на Македонија, ниту еден ...

Вардар и Победа бранат предност од по еден гол

Време - 02.05.2007

ДЕНЕСКА КУП НА МАКЕДОНИЈА, ПОЛУФИНАЛЕ Вардар и Победа денеска ќе се обидат да ги одбранат победите со по 2-1 од првите средби во Купот на Македонија, против Пелистер, односно против второлигашкиот лидер Милано. Скопјани во мечот влегуваат со серија од четири победи со по 2-1 сезонава над Пелистер ...

Вардар Про е новиот ракометен шампион на Македонија

А1 - 30.04.2007

Го врати пехарот кај себе, кој само една година престојуваше во витрините на Металург. По четирите негови победи во четирите меѓусебни средби, поинаков епилог не ни можеше да има првенството во кое двата тима единствени отскокнуваа од просечноста.

Лакрдија од дербито

Вест - 30.04.2007

ТИ-МОБАЈЛ МАШКА РАКОМЕТНА СУПЕРЛИГА - ВАРДАР ЈА ПОТВРДИ ШЕСТАТА ТИТУЛА Претседателот на Металург го искрши рачниот семафор, тренерот на вардарци избањат од гостинските навивачи ВАРДАР - МЕТАЛУРГ 25:23 (12:14) СКОПЈЕ. - СРЦ Кале. Гледачи: 400. Судии: Митревски и Тодоровски.

Вардар про си ја обезбеди шестата шампионска титула

Утрински - 30.04.2007

Црвено-црните четврти пат сезонава го победија првакот Металург, овој пат со 25:23, и на три кола до крајот имаат недостижна предност Ракометарите на Вардар про ја обезбедија својата шеста шампионска титула откако во дербито на 25.

Вардар ја врати титулата на Кале

Дневник - 30.04.2007

„Црвено-црните“ се втор тим во Македонија што има освоено шест шампионски титули, заедно со Пелистер Скршен заб на Младен Ракчевиќ, црвен картон за претседателот на Металург, Ристо Чокрев, поради неспортско однесување, „туширање“ на тренерот Веселин Вујовиќ од навивачите од Автокоманда, „изгубени“ ...

Вардар ја визира титулата

Вечер Прес - 30.04.2007

Во четвртата меѓусебна пресметка вардарци по четврти пат го совладаа единствениот конкурент за титулата Металург со 25:23 Вардар по четврти пат го "преслуша" Металург во битката за освојување на шампионската титула, со што "црвено-црните" по тригодишен пост повторно го враќаат победничкиот пехар.