TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Матурантите збунети од потегот на деканатите

Време - 23.02.2008

ПО ОБЈАВЕНИТЕ ЛИСТИ ЗА УПИС НА ФАКУЛТЕТИТЕ Ана Велјановска Државните универзитети на годинашниве уписи нема да ги вреднуваат резултатите од тестовите по македонски јазик постигнати на државната матура. Ќе се признаат само тестовите по математика или по странски јазик.

Математика и странски јазик пред мајчиниот

Дневник - 22.02.2008

ПРИ УПИСИТЕ Универзитетите и Министерството за образование се' уште не се договориле дали повеќе поени ќе носат резултати од матурата или успехот од средно Четирите државни универзитети при уписите годинава ќе ги вреднуваат резултатите од тестовите по математика или странски јазик постигнати на ...

Матурата ќе ја уриваат пред Уставниот суд

Време - 22.02.2008

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ Матурантите, в понеделник, ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за целосно да се укине завршниот испит. - Иницијативата ја подготвивме и зад неа стојат сите средношколци од завршните години во земјава.

Рушити: Ќе има матура и олеснувања за првата генерација

Дневник - 22.02.2008

Матура ќе има, но и олеснувања за првата генерација опфатена со оваа новина, изјави министерот за образование и наука Сулејман Рушити. Тој на директорите на училиштата им препорача да не ги заплашуваат учениците и да бидат во секојдневни контакти за да им објаснат дека тоа е дел од реформите.

Матурантите ја добија листата на предмети, но не и бодувањето

Вечер Прес - 22.02.2008

Заложбите од универзитетските професори одат во насока успехот од средно да се вреднува со 40 проценти, додека со 60 отсто да се вреднува успехот од полагањето на државната матура Државното високо образование се уште не се произнесува по однос на бодувањето на матурата, односно колку поени на ...

За упис на универзитетите со резултати 60% успех и 40% матурата

А1 - 21.02.2008

При полагање на приемниот испит за упис на државните универзитети со 60% да биде застапен успехот кој средношколците го постигнале во училиште, а со 40% резултатот од матурата. Дознаваме дека ваквиот сооднос веќе е договорен во Министерството за образование, се чека само потпис од министерот Рушити.

Многу неоправдани и изгубени денови

Вечер Прес - 21.02.2008

Повеќето од матурантите наместо на улица, од понеделникот решиле да седат во училишните клупи, но не следат предавања и не дозволуваат наставниците да ги испрашуваат. Овој став го зазел Иницијативниот одбор за укинување на матурата, откако се разочарале од масовноста на претходно одржаните протести ...

Матурантите преминаа на бел штрајк

Дневник - 20.02.2008

Дел од скопските матуранти од вчера имаат нов начин на искажување на револтот од воведувањето на државната матура: одат на часови, но на наставниците им забраниле да предаваат и да ги испрашуваат. Овој вид протест го предложиле членовите на Иницијативниот одбор за укинување на матурата, кои за тоа ...

Со спонзори против матура

Вест - 20.02.2008

МАТУРАНТИТЕ СО НОВА ТАКТИКА Вчера матурантите се вратија во школите, но одбија да ја следат наставата и најавија дека ќе бараат спонзори за да организираат голема кампања ппротив полагањето матура Хаосот во средните училишта продолжи и вчера.

Уааа против матура

Вест - 19.02.2008

На вчерашните протести пред Министерството за образование средношколците имаа поделени мислења. Дел од нив бараа да се укине матурата, други, пак, да се намалат предметите за полагање. "Бараме да се укине матурата, но бидејќи знаеме дека нема да се случи тоа, барем нека ни ги намалат предметите", ...

За средношколците поважни кафињата отколку протестот

Утрински - 19.02.2008

Најавата на средношколците за масовен протест против државната матура, што требаше да се одржи вчера, пропадна. Наместо да се најдат пред Министерството за образование и наука каде што беше закажан протестот, средношколците отидоа по кафулиња.

Фијаско на протестите на матурантите

Дневник - 19.02.2008

Голем број скопски средношколци не се појавија на вчерашниот долгонајавуван масовен протест против укинувањето на државната матура, а не дојдоа ни многу матуранти од другите градови. Пред Министерството за образование и наука вчера протестираа околу триста средношколци.

Матурантите на журка наместо на протест

Вечер Прес - 19.02.2008

Матурантите повеќе сакаат да седат по кафулиња и да си одат дома, но не и на протест против матура. Вчера нивното присуство на најавениот протест организиран од Иницијативниот одбор за укинување на матурата, на кој се очекуваше голема масовност со учество на средношколци и од други градови, ...

Матурантите повторно излегоа на протести

А1 - 18.02.2008

Средношколците повторно излегоа на протести пред Министерството за образование. Иако најавија дека денеска ќе им се придружат матурантите од другите градови, дошле само претставници на средношколците од Охрид, Берово, Куманово и Кичево. Матурантите протестираат против полагањето на државната матура.

Матурантите денеска ќе протестираат

Дневник - 18.02.2008

Матуранти од Скопје и од други градови од земјава денеска во 13 часот ќе протестираат пред зградата на Министерството за образование, најавија од Иницијативниот одбор за укинување на државната матура. Скопските матуранти очекуваат да им се придружат нивни врсници од Куманово, Берово, Охрид, ...

Повторно протести пред Министерството за образование против државната матура

Канал5 - 18.02.2008

Разединетоста меѓу средношколските здруженија за прашањето – укинување на матурата или ревидирање на проблематичниот тест по математика, трет ден ги држи учениците на улиците наместо во училишните клупи. Иницијативниот одбор за укинување на матурата ги отфрла барањата на средношколската унија, која ...