TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Сеавус“ се шири во Америка

Утрински - 20.11.2008

„Сеавус“ се шири во Америка. Македонската ИТ-компанија „Сеавус“ отвора уште едно претставништво во САД, поточно во Калифорнија, срцето на Силиконската долина. Според првите луѓе на оваа компанија, отворањето на новата продажна канцеларија се должи на одржувањето на ИТ-самитот во САД, каде што Македонија беше претставена како нова инвестициска ИТ-можност во Европа.

Македонска компанија во Силиконска долина

Време - 20.11.2008

Македонската компанија за информатичка технологија „Сивус“ отвори претставништво во Калифорнија по одржувањето на ИТ-самитот во САД, каде што Македонија беше претставена како нова инвестициска можност во Европа на полето на информатичката технологија.

Сивус го шири бизнисот во САД

Алсат-М - 19.11.2008

Иако САД се во рецесија, тоа не е пречка македонските фирми да прават бизнис со тамошните партнери. Компанијата за компјутерски софтвер Сивус, ја интензивирање соработката и очекува дека ќе ги удвои своите приходи поради соработката со Америка. Причината за зголемувањето на бизнисот е економската криза коај придонесе за се поголемата потрага по ефтини но квалитетни производи.

Инвестиција на Сивус во Силиконската долина

Канал5 - 19.11.2008

Информатичка компанија Сивус ќе развива софтвер за американски компании. Ова го договориле менаџментот на компанијата на средбите со најмоќните ИТ компании во Америка - Оракл, Интел и Сан Мајкросистем, кои беа дел од владиното Роуд Шоу за привлекување на странски инвестиции.

Прва македонска компанија во Силиконската долина

Сител - 19.11.2008

За првпат македонска компанија отвори претставништво во срцето на светската ИТ-индустрија, Силиконската долина. Станува збор за ИТ-компанијата „Сеавус“ која е присутна на македонскиот пазар веќе девет години. Инвестицијата вредна неколку стотина илјади евра отвора можност за стотина македонски програмери за работа во Силиконската долина.

Сеавус отвора нова продажна канцеларија во САД

Нетпрес - 19.11.2008

Македонската ИТ- компанија Сеавус отвора уште едно претставништво во Калифорнија по одржувањето на ИТ- самитот во САД, каде што Македонија беше претставена како нова ИТ- инвестициска можност во Европа. Компанијата на која и е ова трето претставништво во САД по канцелариите во Њујорк и Бостон, е пред склучување договори со неколку американски ИТ- компании, што ќе придонесе за дуплирање на ...

Сеавус отвoра нова продажна канцеларија во САД

Форум - 19.11.2008

„Рецесијата не претставува проблем, бидејќи компаниите се обидуваат да го оптимизираат својот трошок во ИТ-технологијата што за нас претставува добра работа“, изјави денес главниот директор за продажба на Сеавус групацијата Коча Бошку, додавајќи дека по одржаниот форум во САД отвориле нова продажна канцеларија во Калифорнија со што оствариле бизнис средби со околу 30 компании и ...

Сеавус се шири во САД

Макфакс - 19.11.2008

Отворање на трета канцеларија во Соединетото Американски Држави (САД), најави денеска македонската ИТ компанија „Сеавус“, која веќе има канцеларии во Њујорк и Бостон. Третото претставништво на „Севус“ планирано е да биде во Калифорнија, а идејата е актуелизирана по неодамнешниот самит, на кој Македонија во САД беше претставена како нова ИТ инвестициска можност во Европа.

Претставништво во Силиконската долина

Вечер Прес - 19.11.2008

Македонската ИТ-компанија Сеавус ќе отвори претставништво во Калифорнија по одржувањето на road-show-то во САД. Компанијата на која ова и е трето претставништво во САД по канцелариите во Њујорк и Бостон, е пред склучување договор со неколку американски ИТ-компании, што ќе придонесе за двојно зголемување на постоечкиот обрт на капитал, а наедно и повеќекратно зголемување на бројот на вработени ...