TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Мирни протести во Дамаск поради американскиот воздушен напад

Утрински - 31.10.2008

Сириската влада побара извинување од Вашингтон по убиството на 8 цивили. ДАМАСК - Илјадници лица одржаа мирни протести во Дамаск против наводниот американски напад врз село во кој Сирија соопшти дека загинале осум лица. Полицијата за спречување немири вооружена со палки и штитови ја опколи американската амбасада во Дамаск која беше затворена поради, како што беше наведено, зголемени опасности за ...

Сирија ги замрзнува односите со Ирак

Алсат-М - 31.10.2008

Сирија ги замрзнува односите со Ирак по прекуграничниот напад на американските сили врз сириска населба, објави денеска телевизијата Ал Арабија. Ирачкиот вршител на работите во Дамаск бил повикан во сириското МНР каде му било соопштено дека соработката во областа на економијата, како и меѓу службите за безбедност ќе биде прекината.

Затворена Амбасада на САД во Дамаск

А1 - 30.10.2008

Амбасадата на САД во Дамаск денеска е затворена поради безбедносни мерки и страв од насилни демонстрации по американскиот напад при што загинаа осум лица. Исто така привремено ќе биде затворено и американското училиште и Американскиот културен центар во главниот град на Сирија, Дамаск. Во неделниот напад на американски хеликоптер на сириска територија загинаа осум лица, меѓу кои имаше и деца.

Протести против САД во Сирија

BBC - 30.10.2008

Американската амбасада во главниот град на Сирија денеска ќе биде затворена, како што се соопштува, од безбедносни причини. Извештаите од Дамаск велат дека се планираат демонстрации против акцијата на сириска територија извршена во неделата, во која, како што тврди Сирија, загинале осуммина цивили.

Американската амбасада во Сирија се затвора

Вест - 30.10.2008

ДАМАСК, 30 октомври (Ројтерс) - Американската амбасада во Дамаск најверојатно ќе биде затворена за јавноста, изјави вчера портпарол на амбасадата, пред најавените демонстрации во главниот град на Сирија кои ќе се одржат против американската воена акција во источна Сирија.

Масовни анти-американски протести во Дамаск

Алсат-М - 30.10.2008

Илјадници Сиријци денеска демонстрираа против американскиот воздушен напад врз сириско село во пограничниот регион кон Ирак, кога загинаа осум лица. Демонстрантите носеа транспаренти со пораките „Не - на американскиот тероризам“ и „Америка – поттикнувач на уништување и војни“.

Демонстрации во Дамаск поради американскиот напад

Канал5 - 30.10.2008

Дамаск, 30 октомври (МИА) - Повеќе илјади Сиријци учествуваа денеска во центарот на Дамаск во демонстрации, поддржани од Владата, во знак на протест поради минатонеделниот американски напад врз сириско село во близина на границата со Ирак, во кој загинаа осум цивили.

Затворена Амбасада на САД во Дамаск

Канал5 - 30.10.2008

Дамаск, 30 октомври (МИА) - Амбасадата на САД во Дамаск денеска е затворена поради безбедносни мерки и страв од насилни демонстрации по американскиот напад при што загинаа осум лица. Исто така привремено ќе биде затворено и американското училиште и Американскиот културен центар во главнито град на Сирија, Дамаск.

Затворена Амбасада на САД во Дамаск

Кирилица - 30.10.2008

Амбасадата на САД во Дамаск денеска е затворена поради безбедносни мерки и страв од насилни демонстрации по американскиот напад при што загинаа осум лица. Исто така привремено ќе биде затворено и американското училиште и Американскиот културен центар во главнито град на Сирија, Дамаск. Во неделниот напад на американски хеликоптер на сиријска територија загинаа осум лица, меѓу кои имаше и деца.

Антиамерикански демонстрации во Дамаск

Кирилица - 30.10.2008

Демонстрантите, меѓу кои мнозинството беа високи државни службеници и професори во државните училишта, се собраа на главниот плоштад во Дамаск, на неколку километри од американската Амбасада, која е обезбедена од полицијата. Некои демонстранти носеа транспаренти против САД и Израел, а други го славеа сирискиот претседател Башар ал Асад. - Ја жртвуваме нашата крв за тебе Башар.

Масовни анти-американски демонстрации во Сирија

Нетпрес - 30.10.2008

Неколку илјади луѓе денеска се собрале на улиците во Дамаск за да протестираат против воздушниот напад на американската војска врз село во близина на ирачката граница, каде погинаа осум цивили, меѓу кои и деца, јавува Ројтерс. Полицијата ја опколила амбасадата на САД, а студенти, голем број на здруженија и претставници на религиски и цивилни организации масовно протестираат на улиците на главниот ...

САД ја затвори Амбасадата во Дамаск

Вечер Прес - 30.10.2008

Амбасадата на САД во Дамаск вчера беше затворена поради безбедносни мерки и страв од евентуални насилства. Повеќе илјади Сиријци демонстрираа вчера во сириската метропола, поддржани од Владата, во знак на протест поради минатонеделниот американски напад врз сириско село во близина на границата со Ирак, во кој загинаа осум цивили.

Можно е затворање на Амбасадата на САД во Дамаск

А1 - 29.10.2008

Амбасадата на САД во Дамаск може да биде затворена по американскиот напад во неделата на сириската територија при што загинаа осум лица, рече портпаролот на амбасадата. „Американците кои живеат во Сирија треба да бидат свесни дека можат да се случат непредвидени настани кои би наложиле затворање на Амбасадата на САД во Дамаск на неопределено време“, изјави портпаролот на Амбасадата.

Американци гаѓале терористи, а не цивили во Сирија

Утрински - 29.10.2008

Извори тврдат дека целта на нападот, во кој загинаа осуммина цивили, биле терористи. ДАМАСК - Во американскиот хеликоптерски напад во Сирија беше убиена клучната личност инволвирана во шверцот на странски борци во Ирак, изјавија анонимни американски официјални личности. Официјалните лица го опишаа нападот, за кој наведоа дека во него бил убиен Ирачанецот Абу Гадија, како „успех”.

Америка го предупредува Дамаск

Дневник - 29.10.2008

Илјадници Сиријци вчера се собраа на погребот на осумтемина загинати при нападот на американските војници во понеделникот. Целта на американскиот десант во Сирија во понеделникот била да се прекине синџирот за уфрлање терористи во Ирак, но и да се предупредат властите во Дамаск сами да ги уништуваат терористичките гнезда, призна анонимен американски функционер.

Можно е затворање на Амбасадата на САД во Дамаск

Канал5 - 29.10.2008

Дамск, 29 октомври (МИА) - Амбасадата на САД во Дамаск може да биде затворена по американскиот напад во неделата на сиријска територија при што загинаа осум лица. - Американците кои живеат во Сирија треба да бидат свесни дека можат да се случат непредвидени настани кои би наложиле затворање на Амбасадата на САД во Дамаск на неопределено време, изјави портпаролот на Амбасадата.

Сирија ги затвора американските претставништва

А1 - 28.10.2008

Сириските власти денеска затворија американско училиште и американски културен центар во главниот град Дамаск поради завчерашниот американски напад на Сирија, во кој загинаа осум цивили. Дамаск денеска ги негираше тврдењата на Вашингтон, дека нападот на сириско тло бил извршен поради присуство на оперативци на Ал Каеда.

Американци нападнале во Сирија

Дневник - 28.10.2008

Американци нападнале во Сирија. Дамаск вчера ги обвини американските сили во Ирак дека се одговорни за десантниот напад врз пограничната сириска населба Ал Букамал, при што загинаа девет луѓе, вклучувајќи татко со четворица синови. Сириската новинска агенција САНА тврди дека два американски хеликоптера се спуштиле близу градилиште, излегле војници и стрелале во работниците.

Американски хеликоптери извршија напад во Сирија

Време - 28.10.2008

Американски хеликоптери ја нападнаа сириската населба Хвијех на границата со Ирак, при што загинаа девет луѓе, соопштија сириските власти. Според светските медиуми, нападот се случил во граничниот регион Абу Камал во источниот дел на земјата.

САД тврдат дека убиле терористички лидер во Сирија

Алсат-М - 28.10.2008

За време на спорниот американски напад врз позиции во Сирија бил убиен врвен терористички лидер тврдат американски извори. Според информации на американски владини кругови, станува збор за водечкиот член на терористичката организација Ал Каеда, Абу Гадија. Како што пренесуваат светските новински агенции, тој наводно планирал напад во Ирак, па затоа американската војска извела акција против него.

Американски хеликоптери убија осум сириски фармери

Утрински - 28.10.2008

Сирија соопшти дека американски хеликоптери нападнале фарма во областa Абу Камал. ДАМАСК - Сирија жестоко протестираше и кај САД и кај Ирак по како што кажа хеликоптерскиот напад на нејзина територија при што загинаа осум цивили. Сирија ги повика американскиот и ирачкиот специјален пратеник за да им врачи протестна нота во врска со „агресивниот акт“.

Сирија ги обвини САД за агресија

Кирилица - 28.10.2008

Сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем денеска ги обвини САД за терористичка агресија, поради вчерашниот напад врз селото Ал Сукараја, осум километри од сириско-ирачката граница, во кој според сириските медиуми девет лица загинаа, а 14 се повредени. - Сметаме дека тоа е криминална и терористичка агресија.

Сирија ги затвора американските претставништва во земјата

Макфакс - 28.10.2008

Сириските власти денеска затворија американско училиште и американски културен центар во главниот град Дамаск. Американските претставништва се затворени поради неодамнешниот американски напад на Сирија, во кој загинаа осум цивили, соопштија локалните власти.

САД потврдија дека нивни војници навлегле во Сирија

Кирилица - 28.10.2008

Според истиот извор, кој побарал анонимност, војниците на сириска територија спровеле „успешна операција“ против странски борци. Тој не соопшти повеќе детали за операцијата, но истакна дека американските војници извршиле напад врз „странски борци кои упаѓаат во Ирак и претставуваат закана за силите на САД“.

Сирија ги обвини САД за терористичка агресија

Н.Македонија - 28.10.2008

Сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем вчера ги обвинил САД за терористичка агресија, поради завчерашниот напад врз селото Ал Сукараја, во кој, според сириските власти, девет лица загинале, а 14 биле повредени, јави АФП. - Сметаме дека тоа е криминална и терористичка агресија.

Дамаск размислува за одговор на американскиот напад

А1 - 27.10.2008

Најмалку осум луѓе се убиени во нападот на американската армија врз една фарма во близина на сирискиот град Абулкамала. Американските хеликоптери од Ирак навлегле осум километри на сириска територија, а нивна цел бил објект во изградба. „Имаше 4 хеликоптери. Два слетаа, а другите два останаа во воздух. Почнаа да пукаат. Излегов по син ми, а тој отиде да го најде татко му. Го стигнав.

Сирија ќе реагира на вчерашниот напад

Алсат-М - 27.10.2008

Властите на Сирија денеска најавија дека нема сомневање оти ќе дојде до некаков вид сириска реакција по вчерашниот американскиот напад на нејзина територија во кој загинаа најмалку осум лица. За официјален Дамаск, станува збора за сериозна агресија.

Американски хеликоптер бомбардираше сириска територија

Телма - 27.10.2008

Девет лица загинаа денеска, а 14 се повредени кога американски хелихоптери нападнаа село во Сирија, недалеку од границата со Ирак, јави АФП, повикувајќи се на ТВ „Дунаја“. Сите настрадани биле работници, кои во моментот на нападот работеле на градежен објект во селото. Нападот бил извршен во селото Ас Сукарија, недалеку од Абу Камал. Сите жртви се цивили.

Сирија остро го осуди американскиот напад

Макфакс - 27.10.2008

Сирија денеска го осуди американскиот напад во кој загинаа најмалку осум лица на истокот на земјата, до границата со Ирак, тврдејќи дека станува збор за „сериозна агресија“, пренесуваат западните агенции. Според сириските државни медиуми, „четири американски хеликоптери го нарушиле сирискиот воздушен простор во неделата попладне.

САД нападнаа пункт во Сирија

Форум - 27.10.2008

Во борбата против востануиците во Ирак, американските сили, според сопствени наводи, извршиле напад на сириска територија, осум километри од границата со Ирак. Цел на нападот бил пункт од каде борци од северна Африка и Блискиот исток преку Сирија се префрлувале во Ирак.