TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Расте интересот за акциите на битолската млекарница

Утрински - 15.09.2007

Во игра се неколку десетици милиони евра и превласт во бизнисот со млеко Се разгорува битката за купување на акциите на Битолската млекарница. Во игра се неколку десетици милиони евра и превласт во бизнисот со млеко, со силно влијание во неколку банки.

Британците ја намалија цената за акциите на ИМБ

Дневник - 14.09.2007

Британскиот инвестициски фонд ја намали цената што ја нуди за акциите на битолската млекарница од 400 на 370 евра за една акција. Од Фондот вчера соопштија дека причината за ова е отуѓувањето на дел од имотот на фабриката. Британците се незадоволни што во минатата недела беа продадени акциите на ...

Британците ќе го тужат раководството на ИМБ

Дневник - 13.09.2007

Британскиот инвестициски фонд не се откажува од купување на битолската млекарница и на суд ќе ја бара правдата во врска со отуѓувањето дел од имотот на фабриката во текот на преговорите за продажба. Во Фондот сметаат дека директорите на ИМБ Живко Радевски и Андон Чобанов постапиле незаконски и ...

Вриежот во ИМБ продолжува, малите акционери се освестуваат

Време - 12.09.2007

ПО НАЈАВИТЕ ЗА ПРОДАЖБА Малцинските акционери во Битолската млекарница се освестуваат, ги повлекуваат нотарските изјави со кои ги отстапуваат акциите на менаџерите на компанијата и ги продаваат на берза, без оглед на притисоците и заканите за откази и прераспределби, информира Љубица Рубен од ...

Да не се продаваат под притисок акциите во ИМБ

Утрински - 11.09.2007

БИТОЛА - Здружението "Акционер 2001" ги повика акционерите од Битолската млекарница да не ги продаваат акциите под притисок на менаџерскиот тим и им укажа дека тие се неприкосновени во располагањето со нив. Според Васко Тодоровски, претседател на "Акционер"", деновиве се врши засилен притисок врз ...

Пред продажбата се отуѓува имот на млекарницата

Дневник - 11.09.2007

Се поставува прашањето кој е интересот на директорите Радевски и Чобанов да ги оштетат акционерите за по 100 евра, реагираат од Британскиот инвестициски фонд Британскиот инвестициски фонд и здружението „Акционер 2001“ го обвинија раководството на битолската млекарница дека го обезвреднува капиталот ...

Работници си ги бараат акциите од директорот

Дневник - 11.09.2007

Вработените во тетовската млекарница тврдат дека раководството и сопственик на една локална телевизија ги принудуваат да им ги продадат акциите по пониска цена и во четири очи, а не на берза, како што сакаат тие. Според нив, крајната цел на директорите е да му обезбедат управувачки пакет акции на ...

Врие во тетовската млекарница

Утрински - 11.09.2007

Вработените во млекарницата бараат транспарентност во продажбата на акциите ТЕТОВО - Во тетовската млекарница последниве денови се присутни нескриена вознемиреност, еднодневен штрајк и неколкудневни јавни протести. Вработените, сите акционери, сметаат дека раководството ги измамило во два наврата: ...

Закани до вработените во Тетовската млекара

А1 - 10.09.2007

Ако не ми ги продадете акциите, ќе бидете истерани од работа штом дојдам до мнозинскиот пакет акции. Овие закани, според вработените во Тетовската млекара, им ги упатувал сопственикот на локалниот медиум Кис, Злате Тодоровски. Барајќи заштита, тие одржаа мирен протест пред тетовската полиција.

Битка за 50 милиони евра

Време - 10.09.2007

КУЛМИНИРА ПРОДАЖБАТА НА БИТОЛСКАТА МЛЕКАРНИЦА Неизвесно е дали ќе се реализира блок-трансакцијата за продажба на пакетот од 80.000 илјади акции на битолската млекарница тежок 32 милиони евра, која како отворена понуда ја достави странски инвестициски фонд до менаџерите на оваа компанија.