TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Повлекување на ЈНА, создавање на Војската на Република Српска, водена од три командни центри

Вечер Прес - 22.07.2006

Југословенската народна армија, како партизанско движење, почнува во Србија, со Ужичката Република. Но ЈНА своето создавање, во најголема мера, сепак го должи на дејствувањето во Босна и Херцеговина. Босна има доживеано најголеми трауми од Втората светска војна. Најмногу жртви.

Формирање на исламската Патриотска лига, Ал Муџахедин и хрватските ХВО и ХОС во Босна

Вечер Прес - 21.07.2006

Алија Изетбеговиќ, претседателот на Босна и Херцеговина, со раководството на неговата партија СДА, на 10 јуни 1991 година, во Домот на милицијата во Сраево, ја формира во тајност Патриотската лига. Речиси една година пред почетокот на интензивните воени дејствија во Босна.

Многу заинтересирани за војна во Босна, а малку улови за спречување на војната.

Вечер Прес - 20.07.2006

Воените дејствија во Босна и Херцеговина, со претходни повремени провокации, почнуваат од мај 1992 година, кога Изетбеговиќ оди во Лисабон на меѓународни преговори за можноста Босна да се одвои од Југославија, да добие независност, но да се трансформира во Федерација на три единици: Муслиманска, ...

Конечно разбивање на ЈНА во Босна, и однатре и однадвор. Финале: српска војска на чело со Ратко Младиќ

Вечер Прес - 19.07.2006

Нападот на колоната возила со кои ЈНА се повлекува од Воената команда, и домот на ЈНА, е почеток разбивањето на ЈНА во Босна. Иако повлекувањето било договорно со претседателот Алија Изетбеговиќ кој, како гарант, бил заедно со Генералот Кукањац во второто оклопно возило на колоната, муслиманската ...

Киднапирањето на Изетбеговиќ. Обид за државен удар на неговиот заменик Ејуп Ганиќ.

Вечер Прес - 18.07.2006

На 2 мај 1992 година босанскиот претседател Алија Изетбеговиќ се враќа од Лисабон, од преговорите за иднината на Босна. Лета со авион “Цесна", заедно со својата ќерка Сабина и заменик-претседателот на босанската Влада Златко Лагумџија . Наместо кон Сараево, се упатуваат кон Рим.