TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Заврши штрајкот на железничарите

Време - 12.02.2005

ВОЗОВИТЕ ПОВТОРНО СООБРАЌААТ Возовите од синоќа во 19 часот сообраќаат според редовниот возен ред откако вработените во „Македонски железници“ го прекинаа четиридневниот генерален штрајк. Шесте независни синдикати во претпријатието се согласиле да се вратат на работа, иако Министерството за ...

Штрајкот на железничарите прекинат, преговорите со Владата продолжуваат

Утрински - 12.02.2005

Вчерашната средба на заменик-министерот за транспорт и врски со железничарите даде плод Железничарите вчера го прекинаа штрајкот, а возовите од 19 часот од синоќа сообраќаат нормално. Штрајкот е прекинат по неколкучасовните разговори меѓу претставниците на шесте синдикати во †Македонски железнициии ...

Возовите тргнаа, барањата на железничарите останаа

Дневник - 12.02.2005

ПО ЧЕТИРИ ДЕНА ШТРАЈК Возовите тргнаа синоќа во 19 часот, бидејќи железничарите го прекинаа генералниот штрајк. Иако Владата не ги прифати барањата на синдикалците од "Македонски железници", штрајкот е прекинат за претпријатието, граѓаните и стопанството да не трпат штета.

Возовите од синоќа тргнаа!

Вечер Прес - 12.02.2005

Железничкиот сообраќај од вчера од 19 часот е одблокиран откако штрајкувачите и заменик-министерот за транспорт и врски Дејан Кошутиќ постигнаа договор за прекин на штрајкот. Договорено е двете страни во наредните три месеци, колку што ќе трае жалбената постапка, интензивно да продолжат да ...

Прекината блокадата на железничкиот сообраќај

А1 - 11.02.2005

Железничарите ја прекинаа четиридневната блокада на железничкиот сообраќај, без договор со Владата по колку пари ќе земат тие што ќе бидат отпуштени од работа, што беше клучна причина за штрајкот. Никој од Синдикатот не кажува за што зборуваа на тричасовната средба со заменик министерот за ...

Возовите стојат, стопанството трпи

Време - 11.02.2005

ПАРАЛИЗИРАН ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ НА БАЛКАНОТ Мирче Котевски Целосниот прекин на железничкиот сообраќај ќе продолжи на неодредено време ако на листата на отпуштени во „Македонски железници“ се најдат и машиновозачите, предупреди нивниот Независен синдикат.

Владата нуди 14 испратнини, железничарите сакаат 7.000 евра

Утрински - 11.02.2005

Безуспешни разговори на заменик-министерот за транспорт и врски со штрајкувачите од †Македонски железници" Со оглед на тоа дека штрајкот е нелегитимен, на вработените кои три дена нема да се појават на работа им следува казна отпуштање од работа ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Владата, покрај законските осум ...

Машиновозачите не прифаќаат откази

Дневник - 11.02.2005

БЛОКАДАТА НА ВОЗОВИТЕ ПРОДОЛЖУВА Блокадата на железничкиот сообраќај во земјава продолжува додека Владата не ги исполни барањата на железничарите. Ова вчера го одлучија шесте синдикати на "Македонски железници", незадоволни од преговорите со заменик-министерот за транспорт, Дејан Кошутиќ.

Возовите и натаму ќе мируваат

Вечер Прес - 11.02.2005

Покрај законските, до осум плати, и оние четири што раководството на "Македонски железници" завчера им ги понуди на железничарите како испратнина, што ќе ја добијат околу 800 луѓе што ќе бидат прогласени за технолошки вишок, Владата вчера понуди и таа да донира уште две плати.

Владата молчи за штрајкот на железничарите

Време - 10.02.2005

ПРОДОЛЖУВА БЛОКАДАТА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ Во Македонија два дена има целосен прекин во железничкиот сообраќај поради штрајкот на вработените во „Македонски железници“. Управата на МЖ вчера ги предупредила работниците дека штрајкот е нелегален.

Возовите во депоата додека Владата не се смилува за преговори

Утрински - 10.02.2005

Меѓународните и домашните возови не сообраќаат трет ден поради штрајкот на железничарите Менаџерскиот тим на †Македонски железници" оценува дека штрајкот на железничарите е нелегален ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Железничкиот превоз во државата трет ден е во прекин.

Возовите ќе стојат до конечен договор со Владата

Дневник - 10.02.2005

ПРОДОЛЖУВА ШТРАЈКОТ НА ЖЕЛЕЗНИЧАРИТЕ Сите патнички и товарни возови во земјава се запрени поради генералниот штрајк на железничарите, кој почна завчера. Железничката станица во Скопје вчера беше празна, а железничарите се категорични дека нема да ги пуштат возовите ако Владата не им понуди ...

Целосна блокада на железничкиот сообраќај

Време - 09.02.2005

ДОДЕКА ВЛАДАТА НЕ ГИ ЧУЕ ЖЕЛЕЗНИЧАРИТЕ Владимир Николоски Вработените во „Македонски железници“ вчера од 15 часот го блокираа железничкиот сообраќај во земјата, откако Управниот одбор на МЖ не ја прекина седницата на која требаше да се утврди списокот од околу 800 работници што ќе бидат прогласени ...

Железничкиот сообраќај во државата блокиран

Утрински - 09.02.2005

Вработените во „Македонски железници" прогласија генерален штрајк Управниот одбор на МЖ вчера одржа седница на која расправаше за отпуштањата на вработените и покрај барањата на синдикатите да се одложи средбата ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Возовите од вчера попладне не сообраќаат низ државата.

Запреа сите возови во земјава

Дневник - 09.02.2005

ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК ВО ЖЕЛЕЗНИЦАТА Од вчера во 15 часот запреа сите возови во земјава поради штрајк на машиновозачите. Другите пет синдикати во "Македонски железници" најавија дека штрајкот ќе го почнат утринава во седум часот. Железничарите се револтирани бидејќи и покрај нивниот вчерашен протест ...

Запрени сите возови

Макфакс - 09.02.2005

Скопје Сите патнички и товарни возови во Македонија од утрово се запрени поради генералниот штрајк на железничарите. Од 07.00 часот не сообраќаат домашните и меѓународните возови. а целосно е прекинат и товарниот железнички сообраќај.

Блокада на железничкиот сообраќај

Вечер Прес - 09.02.2005

Од вчера од 15 часот железничкиот сообраќај во земјава е во целосен прекин поради одлуката на железничарите да стапат во генерален штрајк. Независниот синдикат на машиновозачите се одлучи за целосна блокада на домашниот и Меѓународниот железнички сообраќај, откако Управниот одбор на "Македонски ...

Железничкиот сообраќај во Македонија во прекин

А1 - 08.02.2005

Од попладнето машиновозачите ги запреа сите возови во земјава. До целосната блокада на сообраќајот дојде откако никој од раководството на железницата не сакаше да разговара со синдикалците. Не помогна ниту пладневниот едночасовен предупредувачки прекин на сообраќајот.

Денеска едночасовен штрајк на железничарите

Време - 08.02.2005

СЕ ВЖЕШТУВА ВО „МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ“ Денеска возовите во Македонија нема да сообраќаат од 12 до 13 часот. Вработените во „Македонски железници“ ќе се обидат да ја бојкотираат седницата на Управниот одбор на јавното претпријатие на која треба да се направат списоците за повеќе од 740 лица што ќе ...

Возовите ќе запрат ако не се одложи седницата на УО

Утрински - 08.02.2005

Синдикалците во јавното претпријатие †Македонски железници" уште еднаш предупредуваат Синдикататот бара да учествува во одредувањето на социјалниот пакет и во прогласувањето на технолошкиот вишок во МЖ Откако синдикатите на †Македонски железнициии не добија потврда на нивното барање да се одложи ...

Денеска возовите ќе запрат еден час

Дневник - 08.02.2005

ПРОТЕСТ Денеска од 12 до 13 часот ќе запрат сите возови во земјава, а од среда железничарите почнуваат генерален штрајк. Вака одлучија шесте синдикати на "Македонски железници" по средбата со генералниот директор Стојан Наумов.

Македонија од денеска е без Железнички сообраќај.

Канал5 - 08.02.2005

Железничарите почнаа генерален штрајк. Ги запреа сите возови, домашни, меѓународни и товарни.Одлуката падна откако никој од владата не ги повика на преговори, за нивното барање, подобар социјален пакет за сите што ќе бидат отпуштени од работа. Железничарите почнаа генерален штрајк.

Од утре можен генерален штрајк

Вечер Прес - 08.02.2005

Синдикатите што дејствуваат во Јавното претпријатие "Македонски железници" одлучија нивните претставници да не учествуваат на седницата на Управниот одбор на претпријатието закажана за денес, на која треба да се утврди списокот со лицата што ќе бидат прогласени за технолошки вишок, а во исто време ...

Продолжува штрајкот на железничарите

Макфакс - 08.02.2005

Скопје Железничкиот сообраќај во Македонија и кон странство и денеска, е во прекин поради штрајкот на вработените во “Македонски железници“. Раководството на МЖ го оцени штрајкот како нелегитимен и во текот на викендот подели повеќе откази, меѓу кои од работа се отпуштени лидерите на два синдикати ...

Утре од 12 до 13 часот возовите ќе запрат

А1 - 07.02.2005

Утре напладне сите возови во земјава ќе запрат таму каде што ќе се најдат. Ќе стојат еден час. Ова е само предупредувачки штрајк, откако синдикалците и раководството на Железницата и денеска не успеаја да се договорат. Секој си остана на својот став.