TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Идентификувана жртвата од американската амбасада во Белград

Канал5 - 23.02.2008

Јагленосаното тело, кое беше пронајдено во зградата на американската амбасада во Белград по немирите во четвртокот, е на 21-годишниот студент Зоран Вујовиќ од Нови Сад, соопшти денеска портпаролот на Окружниот суд во Белград, Ивана Рамиќ.

Косово - изговор за палење амбасади и пљачкосување

Дневник - 23.02.2008

Амбасадите на САД и на Хрватска не биле заштитени, а силни кордони полицајци во полна опрема биле поставени пред џамијата „Бајракли“ и пред трговскиот центар на „Меркатор Протестот на стотици илјади Срби против прогласувањето независност на Косово прексиноќа во Белград прерасна во палења на ...

Тадиќ го свика советот за безбедност

Вест - 23.02.2008

ДЕМОНСТРАНТИТЕ ЈА ЗАПАЛИЈА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО БЕЛГРАД БЕЛГРАД, 23 февруари (АП) - Српскиот премиер Воислав Коштуница вчера апелираше за смирување на нередите неколку часа откако демонстрантите ги нападнаа амбасадите на САД и ониа на други западоевропски земји во протестот против ...

Примени 107 лица, од кои 35 полицајци

Вечер Прес - 23.02.2008

Во прексиноќешните немири во Белград, при што беа нападнати повеќе странски амбасади и претставништа на странски фирми, се повредени 107 лица, меѓу кои и 35 полицајци. На лице место на протестот прва помош им е укажана на 500 лица, изјави заменик-директорот на установата Душан Јовановиќ.

Советот за безбедност на ОН ги осуди нападите во Белград

А1 - 22.02.2008

Советот за безбедност на Обединетите Нации синоќа најостро ги осуди нападите во Белград, во кои беа уништени просториите на неколку амбасади и загрозен дипломатскиот персонал. Во едногласно усвоеното соопштение од Србија се бара да го почитува меѓународното право, со кое се гарантира неповредливост ...

Демонстрации во Загреб по нападот на амбасадата во Белград

А1 - 22.02.2008

Стотина разгневени Хрвати демонстрираа синоќа во Загреб, откако српските демонстранти ја нападнаа хрватската Амбасада во Белград, каде се одржа голем протест против независноста на Косово. Во Загреб синоќа беа распоредени и бројни полициски единици за да ги растераат демонстрантите.

Состојбата во Белград е стабилна, полицијата ги обезбедува амбасадите

Канал5 - 22.02.2008

Во Белград денеска е мирно, а полицијата ја обезбедува американската и другите амбасади на западните земји по синоќешните напади, пренесува МИА. Во нередите загина еден човек, а околу 100 беа повредени, меѓу кои и 35 полицајци.

Советот за безбедност на ОН ги осуди нападите на амбасадите во Белград

Канал5 - 22.02.2008

Советот за безбедност на ОН ги осуди синоќа „нападите на бандите“ на амбасадата на САД и на другите амбасади во Белград, како израз на бесот поради поддршката на западните земји на Декларацијата за независност на Косово. Њујорк, 22 февруари (МИА) - Советот за безбедност на ОН ги осуди синоќа ...

Русија одговорноста за вчерашните нереди во Белград ја гледа во земјите кои го признаа Косово

Канал5 - 22.02.2008

Русија изразува жалење поради вчерашните нереди во Белград и смета дека одговорноста за нив треба да ја преземат државите кои ја признаа еднострано прогласената независност на Косово, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Михаил Каминин.

Каква е денеска состојбата во Белград?

Канал5 - 22.02.2008

Белград денеска функционира нормално. По масовните нереди предизвикани од стотици хулигани, ситуацијата е под контрола. Полицијата и денеска остана пред странските амбасади кои гореа во немирите. Официјално е потврдено дека еден демонстрант е мртов - изгорел во пожарот во американската амбасада.

Нема загинати службеници на Амбасадта на САД во Белград

Канал5 - 22.02.2008

Портпарол на американската Амбасада во Белград Рајан Харис изјави за Танјуг дека во зградата на Амбасадата синоќа било пронајдено јагленисано тело - најверојатно на еден од демонстрантите кои влегле вчера во објектот. Белград, 22 февруари (МИА) - Портпарол на американската Амбасада во Белград Рајан ...

Запалена американската амбасада во Белград

А1 - 21.02.2008

Два ката од американската амбасада во Белград се запалени од страна на демонстрантите кои учествуваа во денешните протести против независноста на Косово во Белград. Инцидентот започнал кога група демонстранти, користејќи го отсуството на полиција, се качиле на терасата од амбасадата, го симнале ...

Посебен третман за амбасадори во Србија

Дневник - 21.02.2008

Повикувањето на консултации на амбасадорите од некои земји што го признале Косово е првата протестна реакција на Белград, но тоа не подразбира спуштање на нивото на дипломатските односи, изјавиле за весникот „Политика“ извори во српската влада.

Бурна ноќ и мирен ден во Белград

Дневник - 19.02.2008

Педесетина повредени лица, искршени продавници и запалени автомобили е билансот од прексиноќешните улични нереди во Белград и во други српски градови, поттикнати од хулигани, гневни поради прогласувањето независност на Косово.

47 лица повредени во вчерашните демонстрации во Белград

А1 - 18.02.2008

Во нередите кои синоќа во Белград ги предизвикаа учесниците на протестот по повод прогласувањето на независност на Косово биле повредени 47 лица кои се примени на Ургентниот центар на Србија, изјави за Танјуг директорот на Центарот Бранислав Стефановиќ.

Нови немири во Белград

А1 - 18.02.2008

Во Белград и денеска немири по вчерашното еднострано прогласување на независност од страна на косовскиот Парламент. Протестите почнаа на Правниот факултет во Белград, а на прошетката низ улиците на главниот град им се придружија неколку илјади луѓе.

Во Ургентниот центар на Србија примени 47 лица, повредени во вчерашните демонстрации во Белград

Канал5 - 18.02.2008

Во нередите кои синоќа во Белград ги предизвикаа учесниците на протестот по повод прогласувањето на независност на Косово биле повредени 47 лица, кои се примени на Ургентниот центар на Србија, изјави за Танјуг директорот на Центарот Бранислав Стефановиќ.