TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Членови на групата на Красниќи нападнале полицаец во Кондово кој не бил на должност

Канал5 - 14.06.2008

Членови на групата на Красниќи вчера вооружени упаднале во чајџилница во Кондово и нападнале полицаец кој не бил на должност. Според МВР, Фадиљ Точи и Африм Ферати кои од 2005-та се недостапни за полицијата, со пиштол му се заканувале на полицаецот да ја напушти чајџилницата.

ВИП-третман за Красниќи

Утрински - 11.06.2008

Поглед Даниела Трпчевска Најпознатиот кондовец Агим Красниќи нема со кого да ја дели собата во битолскиот затвор. Откако во Шутка стана претесно и мораше да го дели душекот со уште неколкумина, сега во Битола има "де лукс" ќелија, која може сам да ја користи на раат.

Агим Красниќи префрлен во затворот во Битола

Утрински - 10.06.2008

Поради пребукираност, во Прилеп, Гевгелија и во Охрид се префрлени 30 притвореници Кондовецот Агим Красниќи наместо во истражниот затвор „Скопје“, мерката притвор во траење од еден месец ќе ја издржува во затворот во Битола. Додека во истражниот затвор во Шутка душекот го делеше со уште двајца ...

Красниќи опасен и во затвор

Време - 10.06.2008

ПРЕСЕЛБА ОД БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ Кондовецот Агим Красниќи стана преопасен за македонските затвори. Викендов кондовскиот „шериф“, тајно и со силно полициско обезбедување бил префрлен од притворското одделение во Шутка во затворот во Битола.

Красниќи преселен од „Шутка“

Дневник - 10.06.2008

Агим Красниќи и неговата група се само дел од притворените што се префрлени во други затвори во државата заради растоварување на пренатрупаноста на истражниот затвор во Шуто Оризари, тврди директорката на затворот. Извори во судот потврдиле дека на барање од затворот дале дозвола за трансфер на ...

Красниќи е во Битолскиот затвор

Вечер Прес - 10.06.2008

Кондовецот Агим Красниќи, веќе два дена е во битолскиот затвор, откако на денот на изборите беше уапсен, а еден ден подоцна притворен во скопскиот Истражен затвор. Неговиот трансфер во Битола бил направен во саботата вечер, под силно полициско обезбедување, а бил преместен наводно поради ...

Красниќи префрлен во затворот во Битола

А1 - 09.06.2008

Агим Красниќи е преместен во затворот во Битола. По вчерашниот молк информацијата за А1 ја потврди управникот на битолскиот затвор. Како причина за преселбата се наведува надминатиот капацитет во Шутка за повеќе од половина. Се негира дека Красниќи е преместен поради тоа што не можат да му ја ...

40-тина притвореници од Шутка се префрлени во други затвори низ Македонија

Канал5 - 09.06.2008

40-тина притвореници од Шутка се пренесуваат во други затвори низ државата. Денеска и утре притворениците и помал дел затвореници, ќе бидат сместени во затворите во Битола, Охрид, Прилеп и Штип. 40-тина притвореници од Шутка се пренесуваат во други затвори низ државата.

Красниќи преместен во битолскиот затвор

Макфакс - 09.06.2008

Скопје Агим Красниќи со уште неколку лица од неговата кондовска група, кои беа уапсени на денот на парламентарните избори, се преместени од истражниот затвор „Шутка“ во битолскиот затвор. Информацијата попладнево за телевизијата А1 ја потврдија од Истражниот затвор во Битола, наведувајќи дека ...