TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Евросилите ќе треба да бидат мостот со ЕУ

Дневник - 21.03.2003

ПИСМО ОД СОЛАНА ДО ТРАЈКОВСКИ Доколку се постигне конечна согласност, ЕУ на 31 март ќе ја преземе мисијата "Сојузничка хармонија" во Македонија и во таа мисија ќе учествуваат 345 луѓе, вели високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана, во писмото упатено ...

Евросилите во Македонија на 31 март

Утрински - 21.03.2003

Писмо од Хавиер Солана до претседателот Борис Трајковски Претседателот Борис Трајковски вчера доби писмо од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Хавиер Солана, во кое го информира дека воените сили на ЕУ во Македонија ќе бројат 345 војници и дека ќе почнат со мисијата на 31 март.

На 31 март доаѓаат 345 припадници на евросилите

А1 - 20.03.2003

Силите на Европската унија ќе ја започнат операцијата во Македонија на 31 март оваа година, таа ќе брои околу 345 луѓе и ќе има мандат од шест месеци, се прецизира во писмото што високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана денеска го испрати до претседателот Борис Трајковски.

Трајковски му врачи покана на Солана за евросилите

Дневник - 18.03.2003

МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО БРИСЕЛ Формалната одлука за испраќање на евросилите во земјава се очекува денеска Претседателот Борис Трајковски на високиот претставник на Европската Унија (ЕУ), Хавиер Солана, вчера во Брисел му предаде писмо со покана европските сили од НАТО да ја преземат мировната ...

Трајковски и Солана го поздравија договорот меѓу ЕУ и НАТО

Утрински - 18.03.2003

Средба Брисел - Претседателот Борис Трајковски и високиот комесар за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, вчера во Брисел го поздравија потпишувањето на безбедносниот договор меѓу Европската унија и НАТО, со кој се отвора патот за доаѓањето на првите воени сили под знамето на Унијата ...

Трајковски ги покани евросилите во Македонија

А1 - 17.03.2003

Претседателот Борис Трајковски на високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана денеска во Брисел му предаде писмо со покана европските сили од НАТО да ја преземат мировната мисија во Македонија. На средбата Трајковски-Солана, како што официјално е соопштено, високиот претставник на ЕУ го информирал ...

Трајковски на Солана ќе му ја образложува македонската позиција

Утрински - 17.03.2003

Претседателот Борис Трајковски денеска ќе престојува во Брисел, како што се дознава, по покана од Жискар Дестен, кој ја предводи маратонската расправа за идното внатрешно структуирање на Европската унија. За време на престојот во Брисел претседателот Трајковски ќе се сретне и со високиот комесар за ...

Европските војници до крајот на март и официјално во земјава

Дневник - 17.03.2003

ЕУ и НАТО конеЧно се договориЈа Официјалното лансирање на мисијата во Македонија во вторник ќе мине без планираното обраќање на македонскиот претседател Борис Трајковски Првата воена мисија на Европската Унија во Македонија утре и формално ќе биде одобрена во текот на сесијата на министрите за ...