TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Протести во Бејрут поради бомбардирањето во Кана

А1 - 30.07.2006

Група од околу 500 Либанци, гневни поради бомбардирањето на Кана, при кое загинаа најмалку 51 цивил, го нападнаа претставништвото на ОН во Бејрут. Најголемиот дел од пероналот на бил присутен поради викендот, но претставник на ОН за Франс прес изјави дека преостанатиот персонал се скрил во подрумот.

Рајс е непожелна ако нема примирје

А1 - 30.07.2006

Либан денеска и порача на американската државна секретарка Кондолиза Рајс дека со неа нема да се сретне ако не дојде до примирје кое ќе и стави крај на деветнаесет дневната израелска офанзива, соопштија либанските лидери. „Нема место ова тажно утро за било каков разговор освен за итен и безусловен ...

56 лица загинаа во израелското бомбардирање во Јужен Либан

А1 - 30.07.2006

56 лица од кои најмалку 37 се деца загинаа денеска во израелското бомбардирање на селото Кана во Јужен Либан. Израелските авиони ја погодиле триспратната зграда која се урнала врз луѓето скриени во подрумот. Најмногу од загинатите се бегалци од другите жаришта во Либан.

Триесеттина загинати при уривање на зграда во Либан

А1 - 30.07.2006

Најмалку 32 лица загинаа, меѓу кои 14 деца, при уривањето на една трикатница бомбардирана од израелската авијација во градот Кана во Јужен Либан, соопштја либанските власти. Во зградата, покрај постојните жители, биле засолнети и бегалци од околните населени места.

Протести во Бејрут поради бомбардирањето во Кана

Канал5 - 30.07.2006

Група од околу 500 Либанци, гневни поради бомбардирањето на Кана, при кое загинаа најмалку 51 цивил, го нападнаа претставништвото на ОН во Бејрут Бејрут, 30 јули (МИА) - Група од околу 500 Либанци, гневни поради бомбардирањето на Кана, при кое загинаа најмалку 51 цивил, го нападнаа претставништвото ...

Либан ја одложи посетата на американскиот државен секретар Рајс

Канал5 - 30.07.2006

Либан го информираше државниот секретар на САД Кондолиза Рајс дека не може да ја прими се додека не биде ставен крај на 19-дневната офанзива на Израел и итно не биде прекинат огнот Бејрут, 30 јули (МИА) - Либан го информираше државниот секретар на САД Кондолиза Рајс дека не може да ја прими се ...

Кондолизра Рајс на разговори со раководството на Израел за конфликтот во Либан

Канал5 - 30.07.2006

Државниот секретар на Соединетите американски држави Кондолиза Рајс утрово ги започна разговорите со израелскиот министер за надворешни работи Ципи Ливни во врска со конфликтот во Либан Ерусалим, 30 јули (МИА) - Државниот секретар на Соединетите американски држави Кондолиза Рајс утрово ги започна ...

Триесеттина загинати при уривање на зграда во Либан бомбардирана од израелската армија

Канал5 - 30.07.2006

Најмалку 32 лица загинаа, меѓу кои 14 деца, при уривањето на една трикатница бомбардирана од израелската авијација во градот Кана во Јужен Либан, соопштија либанските власти Бејрут, 30 јули (МИА) - Најмалку 32 лица загинаа, меѓу кои 14 деца, при уривањето на една трикатница бомбардирана од ...

Реакции поради израелскиот напад врз Кана

Канал5 - 30.07.2006

Најмалку 56 лица загинаа од кои деца при израелскиот напад врз Кана, соопшти денеска либанскиот Црвен Крст. Според хуманитарната организација со последните жртви бројот на загинатите во Либан се искачил на 500 Бејрут, 30 јули (МИА) - Најмалку 56 лица загинаа од кои деца при израелскиот напад врз ...

Израел одбива да го прекине огнот на 72 часа

А1 - 29.07.2006

Израел денеска го одби барањето на Обединетите нации за прекин на огнот во Либан на 72 часа со цел хуманитарните работници да ги евакуираат постарите лица, децата и повредените од југот на Либан и до достават хуманитарна помош.

Арапско македонското здружение против војната во Либан

А1 - 29.07.2006

Со либански и палестински знамиња, дваесетина членови на арапско македонското здружение, извикуваа, пред американската амбасада во Скопје, „Стоп за новата војна, во Либан“. „Крвта е за живот не е за пролевање“, изјави учесник во протестите.

Разговорите во Рим не беа „зелено светло" за нови израелски напади

Утрински - 29.07.2006

КУАЛА ЛУМПУР - Соединетите Американски Држави ги сметаат за „навредливи" коментарите на израелскиот министер за правда дека конференцијата во Рим му дала зелено светло на Израел да продолжи со бомбардирањето врз Либан, изјави вчера висок официјален претставник на Стејт департментот.

Мирен протест пред Амбасадата на САД поради војната во Либан

Канал5 - 29.07.2006

Пораката за мир во Либан и Палестина македонските арапи ја испратија со протестен марш. Повикаа на прекин на огнот и крвопролевањето Пораката за мир во Либан и Палестина македонските арапи ја испратија со протестен марш. Повикаа на прекин на огнот и крвопролевањето.

Во најновите израелски напади во Либан загинаа 11 лица

Утрински - 29.07.2006

Гранатирањето на селата следуваше по одлуката на израелската влада да се интензивираат воздушните напади БЕЈРУТ - Израел вчера го бомбардираше Либан, при што загинаа 11 лица во бранот воздушни напади, со кои беа погодени селата на ридовите зад јужното пристаниште Тир, а стотици артилериски гранати ...

Ниту Советот за безбедност не му „писна“ на Израел

Дневник - 29.07.2006

Советот изрази „шокираност од смртта на четворицата набљудувачи на ОН во Либан, кои загинаа при израелски напад“ Советот за безбедност на Обединетите нации не ја осуди офанзивата на израел во Либан, во која загинаа повеќе од 600 цивили, според новите податоци, јави Ројтерс.

Протест пред американската амбасада

Дневник - 29.07.2006

Македонско-арапското друштво за пријателство денеска ќе организира мировни протести поради, како што се наведува во нивното соопштение, „нападот на Израел врз Либан и Палестина“. Протестот ќе почне во 12 часот од пред фонтаната во Градски парк, а потоа тој ќе продолжи пред американската ...

Демонстрации против војната во Либан

Канал5 - 29.07.2006

Симпатизери на Хезболах и антиизраелски демонстранти денеска во Перт го нападнаа возилото во кое беше австралискиот премиер Џон Хуард Сиднеј, 29 јули (МИА) - Симпатизери на Хезболах и антиизраелски демонстранти денеска во Перт го нападнаа возилото во кое беше австралискиот премиер Џон Хуард.

Израелците продолжија да бомбардираат во јужен Либан

Време - 29.07.2006

И ПОКРАЈ ПОВИЦИТЕ ЗА ИТЕН ПРЕКИН НА ОГНОТ Израелските авиони вчера продолжија да бомбардираат засолништа на Хезболах во јужен Либан. Во воздушните напади биле убиени шест цивили, јави новинската агенција АФП. Израелски аналитичари ја критикувале стратегијата на израелската армија за уништување на ...

Нови жртви во Бејрут, Рајс бара "трајно решение"

Вест - 29.07.2006

БЕЈРУТ, 29 јули (Ројтерс) - Во интензивните израелски бомбардирања на Либан вчера загинаа 13 луѓе, а американскиот генерален секретар Кондолиза Рајс изјави дека ќе се врати во регионот само кога ќе биде време за трајно решение на кризата.

Израел бомбардира цели во Газа

Канал5 - 29.07.2006

Израелски авиони денеска бомбардираа работилница за изработка на оружје во Газа и тунел под границата меѓу Израел и Египет. Во нападите нема информации за евентуалните жртви Газа, 29 јули (МИА) - Израелски авиони денеска бомбардираа работилница за изработка на оружје во Газа и тунел под границата ...

Продолжуваат борбите во Јужен Либан

Канал5 - 29.07.2006

Најмалку четири лица загинаа, а еден е повреден при израелскиот воздушен напад врз градот Тир, Јужен Либан, соопшти либанската полиција Бејрут, 29 јули (МИА) - Најмалку четири лица загинаа, а еден е повреден при израелскиот воздушен напад врз градот Тир, Јужен Либан, соопшти либанската полиција.

Израелско беспилотно летало се урна на либанска територија

Канал5 - 29.07.2006

Израелско беспилотно летало вчера се урна на либанска територија, соопшти израелската армија. Ерусалим, 29 јули (МИА) - Израелско беспилотно летало вчера се урна на либанска територија, соопшти израелската армија. Леталото не било погодено од Хезболах, туку се урнало поради техничка неисправност.

Израелците ќе се бранат со "патриоти"

Вечер Прес - 29.07.2006

Израелската армина тври дека за 17 дена, од кога почнаа судирите во Либан, загинаа 200 оперативци на Хезболах, но призна дека и покрај нивните жестоки ракетни и артилериски напади врз позициите и лансерите на герилците, не успеаја да го сопрат ракетирањето на нивните градови и населени места.

Бомбардирани повеќе од 130 цели во Либан

А1 - 28.07.2006

Израелски авиони во текот на ноќта и утрово бомбардираа повеќе од 130 цели во Либан. Најжестоко било бомбардирањето во подрачјето Кили Далаф на југот на Либан каде само за половина час, имало 50 напади на израелските авиони. Во оваа подрачје се наоѓаат голем број на лансирани рампи на ракетите на ...

Израелски авиони продожуваат со нападите врз Либан

А1 - 28.07.2006

Израелското Воено воздухопловство во текот на минатата ноќ ги продолжи нападите врз цели во јужен Либан. Според израелските медиуми, тежиштето на нападите било стваено на цели на Хезболах во долината Бека. Досега нема информации за жртви при нападите.

Три лица загинаа во израелски напади

Утрински - 28.07.2006

ГАЗА - Во израелските напади врз појасот Газа вчера загинаа три лица, еден ден по борбите во кои загинаа 24 Палестинци, јавија палестински медицински извори. Израелската офанзива во Газа за извлекување на заробен војник и окончување на граничните ракетни напади е засенета од борбите против ...

Советот за безбедност на ОН шокиран од смртта на четворицата мировници во Либан

Канал5 - 28.07.2006

Советот за безбедност на ОН синоќа усвои Декларација во која се изразува шокираност од смртта на четворицата припадници на набљудувачката мисија на Светската организација во Либан, кои загинаа при израелски напад Њујорк, 28 јули (МИА) - Советот за безбедност на ОН синоќа усвои Декларација во која ...

Добивме дозвола за операциите во Либан

Време - 28.07.2006

ИЗРАЕЛ СО СВОЕ ТОЛКУВАЊЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО РИМ Меѓународната конференција во Рим, која заврши без постигнат договор за итен прекин на огнот, на Израел му дава право да продолжи со својата воена операција во Либан, изјавил вчера Хаим Рамон, израелски министер за правда.

Продолжуваат израелските напади врз Либан

Канал5 - 28.07.2006

Најмалку едно лице загина, а четворица се повредени во најновите напади на израелските сили врз објекти на либанската шиитска Божја партија (Хезболах) во јужен Либан Ерусалим/Бејрут, 28 јули (МИА) - Најмалку едно лице загина, а четворица се повредени во најновите напади на израелските сили врз ...

Израел ќе продолжи со бомбардирањата

Вест - 28.07.2006

ЕРУСАЛИМ, 28 јули (АП) - Министрите во израелскиот кабинет вчера одлучија да не ја прошируваат офанзивата врз Либан, но сепак наредија да се повикаат уште илјадници резервисти за да ја помогнат воената кампања, соопштија владини претставници.

Германците не сакаат да одат во мировна мисија во Либан

Утрински - 28.07.2006

Ниту еден германски војник не треба да биде доведен во ситуација да треба да го впери оружјето во Израелец БЕРЛИН - Сеќавањата на холокаустот предизвикуваат дебата во Германија околу учеството во мировни сили за Либан, дури и пред да се преземат практични чекори за формирање на мировни сили.

Ал каеда ќе се одмаздува за нападите врз Либан и Газа

Дневник - 28.07.2006

Ајман ал Завахири, прв советник на терористичкиот лидер Осама бин Ладен, се закани дека групата Ал каеда нема повеќе да ги трпи „дождовите од ракети“ врз Либан и врз палестинскиот регион Газа, јави МИА. - Нема да гледаме како паѓаат ракети на нашите браќа во Газа и Либан - изјави Завахири на ...

Без примирје мисијата во Либан би била самоубиствена

Утрински - 28.07.2006

КАМБЕРА - Австралискиот премиер Џон Хауард изјави дека би поддржал големи мултинационални сили за Либан кои би го разоружале Хезболах, но неговиот министер за навдорешни работи изјави дека без примирје тоа би било „самоубиствена мисија".

Ал Каеда: Целиот ...

Вест - 28.07.2006

Каиро, 28 јули - Ал Каеда нема простум да набљудува додека Израел го уништува Либан и територијата која е под палестинска власт, изјави вториот човек на оваа терористичка организација, Ал Завахири. Тој во снимена изјава емитувана на арапската телевизија Ал Џезеира рече дека "целиот свет е воено ...

Ал каеда ќе му се одмазди на Израел

Време - 28.07.2006

Ајман ал Завахири, втор човек во Ал каеда, вчера се заканил дека терористичката мрежа ќе изврши напади во Израел и во САД за да се одмазди за израелската воена операција во Либан и во појасот Газа, јави новинската агенција АФП.

Белгиска двојка ќе го тужи Израел за уништената куќа

Утрински - 28.07.2006

БРИСЕЛ - Белгиска двојка со либанско потекло ќе поднесе жалба, обвинувајќи ги израелските лидери за воени злосторства поради бомбардирањето на Либан, пишува вчера белгискиот весник „Ле суар". Жалбата ќе биде поднесена согласно со белгискиот закон за универзална јурисдикција, што им овозможува на ...

Израел го бомбардира јужен Либан и покрај големите жртви

Утрински - 28.07.2006

Од Рим добивме дозвола да продолжиме со нашите операции, смета израелскиот министер за правда Рамон БЕЈРУТ - Израел вчера го опсипа јужен Либан со бомби и гранати, а израелските медиуми јавија дека кабинетот на премиерот Ехуд Олмерт се залага за пожестоки воздушни напади врз герилците на Хезболах ...

САД против осуда на нападот врз мировниците

Утрински - 28.07.2006

Њујорк - Советот за безбедност на ОН не успеа да се договори за текстот на декларацијата која се очекуваше да се усвои во врска со израелскиот напад врз набљудувачки пункт на ОН во јужен Либан, при што загинаа четири лица. САД ги блокираа дискусиите со тоа што побараа промена во текстот на изрази ...

Молкот од Рим - повик за нови напади

Дневник - 28.07.2006

Израелските министри решија повторно да ги засилат бомбардирањата на Либан откако девет војници загинаа при нападот врз цврстото упориште на Хезболах Израелските сили вчера ги засилија нападите врз Либан и врз палестинскиот појас Газа откако дипломатските лидери на светските сили на собирот во Рим ...

Планот на Рајс е осуден на неуспех

Дневник - 28.07.2006

Арапските аналитичари жестоко ја критикуваа блискоисточната визија на Соединетите Американски Држави, која во Бејрут ја претстави Кондолиза Рајс Арапските аналитичари жестоко ја критикуваа блискоисточната визија на Соединетите Американски Држави, која во Бејрут ја претстави Кондолиза Рајс.

Либанците гинат, ЕУ и САД гледаат

Вест - 28.07.2006

БЕЈРУТ/БРИСЕЛ, 28 јули (Ројтерс / АП) - Израел вчера го напаѓаше јужен Либан од воздух и со артилерија, но не се одлучи за помасовно офанзива против герилците на Хезболах. Герилците, пак, рекетираа фабрика во северен Израел, што може да предизвика токсично истекување, но нема сознанија за жртви, ...

Борба за секоја куќа!

Вечер Прес - 28.07.2006

Римскиот мировен театар пропадна, па Израел тоа го протолкува како "карт бланш" за нивната либанска офанзива. Но, таму на теренот работите не одат како што тие сакаат. Пак ги изненади старото, секогаш потврдено правило на војувањето: ниту една територија не е освоена ако на неа не згазне војничка ...

Израел реши да не ја проширува копнената офанзива во Либан

А1 - 27.07.2006

Еден ден по крвавата битка со герилците на Хезболах за престолнината на ракетите на Хезболах, селото Бин Џбила, израелската влада реши да не ја проширува копнената офанзива во Либан. Најмалку девет израелски војници загинаа, а 27 се убиени во битката за селото во кое се стационирани неколку стотици ...

Израел ја продолжува офанзивата, по неуспешната конференција во Рим

А1 - 27.07.2006

Израелските сили денеска продолжија со воздушни и артилериски напади врз јужен Либан, ден по неуспешната меѓународна конференција во Рим. Дипломатски кругови од Рим соопштија дека САД спречиле да биде побарано итно воспоставување на мир.

Израелците убија набљудувачи на ОН

Време - 27.07.2006

ВО ВОЗДУШЕН НАПАД ВО ЈУЖЕН ЛИБАН Израелските авиони завчера гранатирале набљудувачки пункт на Обединетите нации во Каим, јужен Либан и убиле четворица набљудувачи на меѓународната организација, јави новинската агенција АФП. Во воздушните напади на израелските авиони биле убиени двајца цивилни и ...

Израел смета дека добил дозвола за продолжување на операцијата во Либан

Канал5 - 27.07.2006

Меѓународната конференција во Рим, што заврши без да биде постигнат договор за повик за прекин на огнот, му дава на Израел право да продолжи со офанзивата во Либан, изјави денеска израелскиот министер за правда Хаим Рамон Ерусалим, 27 јули (МИА) - Меѓународната конференција во Рим, што заврши без ...

Римската конференција не побара итен прекин на огнот во Либан

Вест - 27.07.2006

РИМ, 27 јули (АП) - Владини претставници на САД, Европа и на арапските земји вчера во Рим одржаа кризни преговори за Либан, но не постигнаа договор за итен план што треба да ги прекине борбите меѓу Израел и Хезболах. Иако дипломатите повикаа на преки РИМ, 27 јули (АП) - Владини претставници на САД, ...

Оружје од САД за Израел преку британските аеродроми

Утрински - 27.07.2006

Лондон - Американско софистицирано оружје и воена опрема наменето за израелската армија итно се испорачува преку британските аеродроми, тврди весникот Дејли Телеграф. Дејли Телеграф открива дека Израел од САД порачал 5000 т.н. умни бомби кои се употребуваат за уништување на бункери.

Израелски напад уби четворица ...

Вест - 27.07.2006

Бејрут, 27 јули - Четворица набљудувачи на Обединетите Нации загинаа при израелски воздушен напад врз јужен Либан, соопштија либанските сили за безбедност. Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, изрази шокираност и побара Израел итно да спроведе истрага за, како што рече, "намерен напад врз ...

Блиски Исток: Што е следно?

Време - 27.07.2006

Опција 1: Еднострано повлекување на Израел Како? Поради критиките меѓународната заедница поради зголемувањето на бројот на цивилните жртви и уништувањето на инфраструктурата во Либан, претседателот на САД, Џорџ В. Буш, е принуден да изврши притисок врз израелскиот премиер Ехуд Олмерт да ја заузда ...

Пет сценарија за развој на ситуацијата на Блискиот Исток

Утрински - 27.07.2006

Израел се повлекува? Дипломатско решение? Израел во замка? Паѓа владата во Бејрут? Инвазија во Либан?... Настаните на Блиски Исток се чини почнаа да излегуваат од контрола, бројот на цивилните жртви за две недели војување се доближи до бројката од 500 загинати, во Либан веќе има 800.000 раселени ...

Либан ќе го тужи Израел за "варварското уништување"

Вест - 27.07.2006

РИМ, 27 јули (Ројтерс) - Либан ќе го тужи Израел и ќе бара компензација за "варварското уништување" што го претрпе либанскиот народ, изјави вчера либанскиот премиер Фуад Синиора. "Дали вредноста на човековите права во Либан е пониска отколку во останатиот свет? Зар ние на Бога со камен сме фрлале? ...

Без барање за запирање на огнот во Либан

Утрински - 27.07.2006

Израел се повикува на максимална воздржаност во операциите во Либан РИМ - Учесниците на меѓународната конференција за Либан што се одржа во Рим изразија во заедничка декларација решителност да работат на итно запирање на огнот кое ќе донесе крај на сегашните насилства и на воените операции во Либан.

Либан ќе го тужи Израел за „варварско уништување"

Утрински - 27.07.2006

РИМ - Либан ќе го тужи Израел и ќе побара надомест за „варварското уништување" што го преживува неговиот народ, изјави вчера премиерот Фуад Синиора. „Дали вредноста на човековите права во Либан е помала од оние на граѓаните од други земји? Дали ние сме деца на некој помал Господ? Дали израелската ...

Децата најголеми жртви

Вест - 27.07.2006

БЕЈРУТ, 27 јули (Ројтерс) - Али Ахмед би требало летниот одмор да го поминува играјќи си со своите другари, но наместо тоа тој лежи во болница во Бејрут зашто бил ранет во нападите што Израелците ги извеле врз неговото село. Засолништето во кое тој и неговото семејство се скриле од бомбардирањето ...

Во израелски напад загинаа четворица посматрачи на ОН

Утрински - 27.07.2006

Израелскиот амбасадор во САД изнанаден од „навредливата" реакција на генералниот секретар ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Четворица посматрачи на ОН загинаа во израелски воздушен напад врз посматрачка позиција во јужен Либан. Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, изјави дека е „шокиран" од „очигледно смислено ...

И мировници настрадаа од израелски бомби

Дневник - 27.07.2006

Израелскиот премиер Олмерт изјави дека настојува што е можно побрзо да ја заврши офанзивата врз Либан, но истакна дека операцијата ќе трае „се' додека не бидат задоволени нејзините цели“ Четворица набљудувачи на Обединетите нации загинаа при израелски воздушен напад врз набљудувачки пункт во јужен ...

Одложено усвојувањето декларација на ОН за израелскиот напад врз УНИФИЛ

Канал5 - 27.07.2006

Советот за безбедност на ОН не успеа да се договори за текстот на декларацијата која се очекуваше да се усвои во врска со израелскиот напад врз набљудувачки пункт на ОН во јужен Либан, при што загинаа четири лица Њујорк, 27 јули (МИА) - Советот за безбедност на ОН не успеа да се договори за текстот ...

Израел продолжи да го бомбардира Либан, Хезболах возвраќа

Канал5 - 27.07.2006

Израелски борбени авиони денеска продолжија да бомбардираат цели во Либан, при што ракетираа воена база и предавател на државното либанско радио во местото Амшит на 40 километри северно од Бејрут Тел Авив, 27 јули (МИА) - Израелски борбени авиони денеска продолжија да бомбардираат цели во Либан, ...

Рим апелира - Израел дозира!

Вечер Прес - 27.07.2006

На вчерашната меѓународна конференција во Рим е усвоен декларација за итно запирање на војната и хуманитарната катастрофа на Либан. На фронтот, Израелците "по грешка" убија четворица посматрачи на ОН, а во Појасот Газа загинаа деветмина Палестинци.

Израелската армија уби висок командант на Хезболах

А1 - 26.07.2006

Израелски војници вчера убиле висок командант на Хезболах при судир во близина на границата со Либан. Израелската армија соопшти дека е убиен Абу Џаафар, командант на операциите на радикалната либанска група во централниот сектор на израелската граница.

Израелска воена операција во Појасот Газа

А1 - 26.07.2006

Околу 50 израелски тенкови утрово влегоа во северниот дел на Појасот газа, јавија светските медиуми. Како поддршка на копнена операција извршени се најмалку три воздушни напади, во кои е убиен еден припадник на Хамас, а петмина Палестинци се повредени.

Израел ќе дозволи авиокоридор за помош на Либан

Вест - 26.07.2006

ЕРУСАЛИМ, 26 јули (Ројтерс) - Израелскиот премиер Ехуд Олмерт вчера изјави дека ќе дозволи доставување хуманитарна помош со авиони во Либан, но нагласи дека е решен да ја продолжи офанзивата против Хезболах. По преговорите со американскиот секретар Кондолиза Рајс, Олмерт изјави дека се договориле ...

Олмерт: Нема прекин на огнот

Време - 26.07.2006

ПРОДОЛЖУВА ВОЕНАТА ОПЕРАЦИЈА НА ИЗРАЕЛ ВО ЛИБАН Израел вчера најавил дека ќе продолжи со воената операција во Либан и повторно нагласил дека акцијата не е насочена кон либанските власти или кон либанските цивили, туку само против Хезболах, јави новинската агенција АФП.

ФИБА наскоро ќе реши каде ќе игра Израел

Време - 26.07.2006

ФИБА-ЕВРОПА БУДНО ЈА СЛЕДИ СИТУАЦИЈАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Најдоцна до 15 август ФИБА-Европа ќе донесе одлука за тоа дали кошаркарската репрезентација на Израел своите квалификациски мечеви од групата Б за пласман на Европското првенство (ЕП) в година во Шпанија, ќе ги игра на неутрален терен или, ...

Арогантниот Израел ги нервира Арапите

Дневник - 26.07.2006

Тенкови и војници го сардисале Бин Џбејл и му нанеле големи загуби на Хезболах, кој пак, истрела 16 ракети врз Хаифа и убил една девојка Саудискиот крал Абдулах вчера предупреди дека израелските офанзиви во Либан и на палестинските територии може да потпалат голема блискоисточна војна.

Деветмина ранети израелски војници во Бинт Џбеил

Канал5 - 26.07.2006

Деветмина израелски војници биле ранети денеска во жестоките борби со припадници на Хезболах во јужен Либан, изјави за АФП извор од израелската армија Ерусалим, 26 јули (МИА) - Деветмина израелски војници биле ранети денеска во жестоките борби со припадници на Хезболах во јужен Либан, изјави за АФП ...

Му телефонирале дека ќе му ја бомбардираат куќата

Утрински - 26.07.2006

ГАЗА - Вчера изутрина во израелски воздушен напад чија цел беше куќата на осомничен милитант во појасот Газа, седум лица беа повредени од околните куќи, јавија локалните жители. Нападот се случи помалку од еден час откако армијата го повика сопственикот на куќата за да го извести дека ќе биде ...

Израелската армија уби висок командант на Хезболах

Канал5 - 26.07.2006

Израелски војници вчера убиле висок командант од либанската шиитска Божја партија (Хезболах) при судир во близина на границата со Либан Ерусалим, 26 јули (МИА ) - Израелски војници вчера убиле висок командант од либанската шиитска Божја партија (Хезболах) при судир во близина на границата со Либан.

Прекин на огнот главна цел на конференцијата во Рим

Вест - 26.07.2006

РИМ, 26 јули (Ројтерс) - Италијанскиот премиер Романо Проди изјави дека главната цел на конференцијата што денеска ќе се одржи во Рим ќе биде воведување на прекин на огнот, иако Вашингтон и Израел сметаат дека тоа се само прелиминарни подготовки.

Меѓународна конференција за либанската криза во Рим

Канал5 - 26.07.2006

Претставници на 18 држави и меѓународни организации ќе учествуваат на денешната конференција во Рим посветена на надминување на кризата во Либан Рим, 26 јули (МИА) - Претставници на 18 држави и меѓународни организации ќе учествуваат на денешната конференција во Рим посветена на надминување на ...

По средбата со Рајс, Олмерт решен да продолжи со војната

Утрински - 26.07.2006

За израелскиот премиер офанзивата против Хезболах е „користење на основното елементарно право на самоодбрана" ЕРУСАЛИМ - Израелскиот премиер Ехуд Олмерт изјави вчера дека е решен да продолжи офанзивата против Хезболах, откако се состана со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс за да ...

Со либански пасош можеш да се сликаш!

Вечер Прес - 26.07.2006

Во болниците се помалку лекови, а во Бејрут се помалку вода и храна Состојбата во Либан е ужасна. Обичните луѓето се во голем страв, но тешко се решаваат да ги напуштат своите домови, бидејќи ниту имаат кај да одат, ниту пак имаат пари.

Мирот на блискиот исток е се уште далеку

А1 - 25.07.2006

Мирот на блискиот исток е се уште далеку, продолжуваат двонеделните крвави борби меѓу израелската армија и герилците на Хезболах на југот на Либан, но се засилуваат и обидите на дипломатите за окончување на војната на блискиот исток.

Најмалку седум загинати по израелскиот напад врз Набатијах

А1 - 25.07.2006

Најмалку седум лица, вклучувајќи жени и деца, загинаа изутрината во израелски ракетен напад врз куќа во градот Набатијах, на југот на Либан. Агенциите.пренесуваат дека се уште е нејасен поводот за израелскиот напад врз тој цивилен објект во кој е рането едно лице.

Израел тврди дека му нанел сериозни загуби на Хезболах

А1 - 25.07.2006

При вчерашните напади израелските сили му нанесоа сериозни загуби во жива сила на либанското шиитско движење Хезболах, соопшти претставник на Армијата на Израел. Според истиот извор, при вчерашните операции на израелските војници во реонот на местото Бинт Џебејл во јужен Либан биле заробени двајца ...

За нобеловецот Перес, офанзивата врз Либан е прашање на живот и смрт

Канал5 - 25.07.2006

Израелската офанзива врз Либан е прашање на живот и смрт за еврејската држава, изјави денеска Нобеловецот Шимон Перес за време на говор во парламентот. Ерусалим, 25 јули (МИА) - Израелската офанзива врз Либан е прашање на живот и смрт за еврејската држава, изјави денеска Нобеловецот Шимон Перес за ...

Рајс бара прекин на огнот, Израелците продреа подлабоко во Либан

Време - 25.07.2006

ВОЕНА КРИЗА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Американската државна секретарка Кондолиза Рајс вчера допатувала во Бејрут за да покаже дека САД го поддржуваат Либан, јави новинската агенција АФП. Истовремено, израелските сили директно се судриле со припадници на Хезболах, откако продреле подлабоко на територијата ...

Рајс во Бејрут, Израел и Хезболах непрекинато се бомбардираат

Вест - 25.07.2006

БЕЈРУТ, 25 јули (Ројтерс) - Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс вчера ненајавено го посети Бејрут за да апелира за "одржлив" прекин на огнот во Либан каде што герилците на Хебзолах и израелските сили се борат на јужниот дел од државата.

Израел тврди дека му нанел сериозни загуби на Хезболах

Канал5 - 25.07.2006

При вчерашните напади израелските сили му нанесоа сериозни загуби во жива сила на либанското шиитско движење Хезболах, соопшти претставник на Армијата на Израел Ерусалим, 25 јули (МИА) - При вчерашните напади израелските сили му нанесоа сериозни загуби во жива сила на либанското шиитско движење ...

Шимон Перес бара „сериозни" мировници

Утрински - 25.07.2006

РИМ - Израелскиот заменик премиер Шимон Перес сака „сериозни" меѓународни сили во јужен Либан и истакна во интервјуто за италијанскиот весник „Кориере дела сера" дека не е важно кој ќе ги води доколку ги отстрануваат проектилите на Хезболах од границата со Либан.

Израел ќе го гаѓа Хезболах со длабински бомби

Утрински - 25.07.2006

ДУБАИ - Соединетите Американски Држави наскоро ќе го обезбедат Израел со околу 100 бомби за разбивање бункери со цел да се убие лидерот на либанската герилска група Хезболах и да се уништат нејзините ровови, пишува вчера весникот „Ашарк ал Авсад".

Средба Рајс-Олмерт во Ерусалим

Канал5 - 25.07.2006

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс на денешната средба со израелскиот премиер Ехуд Олмерт изјави дека е време за изградба на нов Блиски Исток. Ерусалим, 25 јули (МИА) - Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс на денешната средба со израелскиот премиер Ехуд Олмерт изјави дека е ...

За секоја ракета од Хезболах ќе паднат десет згради во Бејрут

Утрински - 25.07.2006

Ерусалим - Израелските сили добиле наредба да бомбардираат десет згради во јужен Бејрут, упориште на Хезболах, за секоја испукана ракета од шиитската милитантна група врз израелскиот град Хаифа, објави денеска Армиското радио.

Кондолиза Рајс слета во мировна мисија во Бејрут

Утрински - 25.07.2006

Американскиот државен секретар се залага за „одржлив" прекин на огнот, а посетата била значаен сигнал за Либан БЕЈРУТ - Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс вчера ненајавено го посети бомбардираниот Бејрут заради израз на поддршка за либанската влада.

Израелските тенкови налетаа „боси на трње“

Дневник - 25.07.2006

Израелските копнени сили со значителни загуби ја почнаа копнената инвазија врз либанска територија, чија цел е уништување на базите на Хезболах Израелските копнени сили со значителни загуби ја почнаа копнената инвазија врз либанска територија, чија цел е уништување на базите на Хезболах, јави ...

Израелските сили освоија упориште на Хезболах

Канал5 - 25.07.2006

Израелските сили утрово го заземаа јужнолибанскиот град Бинт Џебејл, кој важеше за упориште на либанската шиитска Божја партија (Хезболах), јави израелското радио Ерусалим, 25 јули (МИА) - Израелските сили утрово го заземаа јужнолибанскиот град Бинт Џебејл, кој важеше за упориште на либанската ...

Повторно нападнат израелскиот град Хаифа

Канал5 - 25.07.2006

Најмалку 16 проектили биле испукани денеска врз израелскиот град Хаифа при што се повредени пет лица, пренесува МИА. Хаифа, 25 јули (МИА) - Најмалку 16 проектили биле испукани денеска врз израелскиот град Хаифа при што се повредени пет лица, пренесува МИА.

Борби за престолнината на Хезболах

Вечер Прес - 25.07.2006

Веќе втор ден се водат жестоки борби меѓу изралеската армија и борците на Хезболах за местото Бинт Џбаел, т.н. главниот град на терористите. Жртви има на двете страни, а Ал Џезира тврди дека израелците го завзеле брдото над местото.

Кондолиза Рајс допатува во Бејрут

А1 - 24.07.2006

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс допатува денеска во Бејрут, прва станица на нејзината турнеја во обид за смирување на насилството на Блискиот исток. Кабинетот на либанскиот премиер го потврди пристигнувањето на Рајс, пренесуваат агенциите.

Израел купува бомби за уништување бункери

А1 - 24.07.2006

САД наскоро ќе му достават на Израел околу 100 бомби за уништување на бункери, за да може да го ликвидира лидерот на Хезболах Хасан Насрала и да ги урне упориштата на либанската вооружена група, пишува денеска саудискиот весник „Аш шарк ал аусат“.

Хасан Насрала: Израелските упади нема да ги запара нападите на Хезболах

Канал5 - 24.07.2006

Лидерот на либанската шиитска Божја партија (Хезболах) Хасан Насрала изјави дека израелските упади на територијата на Либан нема да ги запрат ракетните напади на неговото движење врз северен Израел Бејрут, 24 јули (МИА) - Лидерот на либанската шиитска Божја партија (Хезболах) Хасан Насрала изјави ...

Израелски воени авиони убија 30 цивили во Бејрут

Утрински - 24.07.2006

Повеќе од една недела луѓето се кријат во засолништа и во обезбедени простории и мислат како да заминат БЕЈРУТ - Израел вчера изврши нови воздушни напади врз Либан, а Хезболах стрелаше ракети врз Хаифа, додека висок официјален претставник на ОН побара запирање на насилството за да се дозволи ...

Израел и Либан се ракетираат, ОН бараат премин за хуманитарна помош

Вест - 24.07.2006

БЕЈРУТ, 24 јули (Ројтерс) - Израел вчера изведе нови воздушни напади врз Либан, а Хезболах испука рекети кон Хаифа додека висок претставник на ОН апелираше да се спречи насилството за да се овозможи доставување на помош за цивилите.

Израел ќе ја нагости Македонија на неутрален терен?

Време - 24.07.2006

ПОРАДИ ВОЈНАТА ВО ЗЕМЈАТА Воените дејства што веќе извесен период се актуелни на територијата на Израел и во неговото соседство, најверојатно, ќе бидат причината поради која кошаркарската репрезентација на оваа земја своите мечеви во квалификациската група Б за пласман на Европското првенство (ЕП) ...

Израел од САД купува бомби за уништување бункери

Канал5 - 24.07.2006

САД наскоро ќе му доставиaт на Израел околу 100 бомби за уништување на бункери, за да може да го ликвидира лидерот на Хезболах Хасан Насрала и да ги урне упориштата на либанската вооружена група, пишува денеска саудискиот весник Аш шарк ал аусат.

Кондолиза Рајс не сака примирје, туку траен мир

Утрински - 24.07.2006

ВАШИНГТОН - Американскиот државен секретар, Кондолиза Рајс, изјави дека ќе отпатува на Блискиот Исток во обид да изнајде „траен мир" за конфликтот во Либан. Таа ги отфрли повиците за итен прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах.

Русија бара итен состанок на светскиот врв за Либан

Утрински - 24.07.2006

Москва - Русија предложи одржување итен состанок на министрите за надворешни работи на водечките земји од светот во Бејрут или во Рим за спречување на кризата на Блискиот Исток. Италијанската влада вчера соопшти дека в среда во Рим ќе се одржи меѓународна конференција со цел да се воспостави прекин ...

И Сирија ќе се замеша во војната

Дневник - 24.07.2006

Некои дипломати укажуваат дека Израел нема да може ниту во војна ниту во мир да го уништи Хезболах, освен ако не добие помош од Дамаск Дамаск ќе се вклучи во конфликтот меѓу Израел и Хезболах ако израелските сили навлезат на либанска територија и се приближат до границите на Сирија, јави Ројтерс.

Жестоки борби на израелските сили со припадници на Хезболах

Канал5 - 24.07.2006

Во близина на либанското место Марун ал Рас се водат жестоки борби меѓу израелските сили и припадници на либанската шиитска Божја партија (Хезболах), јавија западните медиуми повикувајќи се на извори во Армијата на Изарел Ерусалим, 24 јули (МИА) - Во близина на либанското место Марун ал Рас се ...

Рајс можно е да го посети Бејрут

Канал5 - 24.07.2006

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс можно е да пристигне денеска во Бејрут на разговори за израелската офанзива врз Либан, јави АФП повикувајќи се на изјава на висок владин претставник во Либан Бејрут, 24 јули (МИА) - Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс можно е да пристигне ...

Израелската војска влезе во Либан

Време - 24.07.2006

ПРОДОЛЖУВА ВОЕНАТА АКЦИЈА ПРОТИВ ХЕЗБОЛАХ Израелските сили со тенкови и со оклопни транспортери навлегле на либанска територија и го заземале селото Марун Ал-Рас, а израелските авиони продолжиле со бомбардирањето засолништа на шиитската терористичка организација Хезболах во јужен и источен Либан, ...

Хезболах ја гранатираше Хаифа

Утрински - 24.07.2006

ХАИФА - Повеќе од десетина ракети на Хезболах вчера паднаа во северниот израелски град Хаифа, при што загинаа две, а беа повредени 15 лица, јавија медицински и воени извори. Ракетите погодија најмалку два стана, куќа, индустриска зона и многу возила.

Во Либан загинаа 359 лица, Хезболах уби 17 Израелци

Утрински - 24.07.2006

БЕЈРУТ - Во 12-дневниот напад на Израел врз Хезболах, во Либан загинаа 359 лица, главно, цивили, а половина милион луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Други се „заробени" од борбите, особено во јужните гранични села.

Израел напаѓа од воздух и копно

Вечер Прес - 24.07.2006

Серија силни експлозии ја потресоа либанската престолнина Бејрут, кога израелски воени авиони ги бомбардираа јужните квартови каде што се наоѓа радикалното движење Хамас. Како што информира МИА, уште пет други напади се извршени во јужните квартови на Бејрут, каде живеат шиити - приврзаници на ...