TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

За спомен на кумството - фонтана во "Св Димитриј"

Вечер Прес - 15.01.2005

Подготовките за прослава на Денот на Богојавлението - Водици, на 19 јануари, се во полн ек. Се подготвуваат и организаторите, но и новиот кум реномираниот угостител Мане Јаковлевски, кој како спомен на ова кумство најави изградба на фонтана во дворот на црквата "Св. Димитриј".

Место авионите да "лета" раководството!

Вечер Прес - 15.01.2005

Пилотите на српската државна авиокомпанија "ЈАТ ервејз" од вчера стапија во генерален штрајк, јавуваат српските медиуми. Според претседателот на штрајкувачкиот одбор, Љупчо Никодиновски, сите домашни и меѓународни летови се запрени, бидејќи Владата на Србија не го исполнила барањето на пилотите да ...

Место за "згрижување" на 150 возила

Вечер Прес - 15.01.2005

На просторот под Транспортниот центар, до Новата автобуска станица, ќе се гради и паркинг за над 150 возила. Според надлежните во Градот, локацијата ќе биде наменета за оние што ќе гравитираат кон и од автобуската постојка или ќе ги користат услугите на објектот.

Без Тошка наш не бидува ни "Дубровник"

Вечер Прес - 15.01.2005

Најпопуланриот балкански пејач Тоше Проески ја прифати поканата од Терезе Кесовија да учествува на "Феста Дубровник", на 28 јануари. Дотогаш Тоше ќе реализира нешто од неговиот албум во подготовка, дуетот со Тони Цетински, за кој ќе се снима и, а ќе го видиме некаде кај март.

Судија од Босна го "дрогирал" чешкиот крем!

Вечер Прес - 15.01.2005

Чешката централа за борба против наркотици најави нови апсења во чешкото крем-друштво, откако го прекина кокаинскиот канал на чело со Жељко Милановиќ (некогашен судија), кој во 1994 година во Чешка добил азил како и многу други бегалци од Босна, каде основал неколку фирми.Според полицијата, фирмите ...

Филм на Урдин на фестивалот „Златна роза“

Време - 14.01.2005

ВО МАЈ ВО ШВАЈЦАРИЈА Филмот „Догона“ на Киро Урдин влезе во официјалната конкуренција на фестивалот за забавно-телевизиски остварувања „Златна роза“, кој ќе се одржи од 3 до 8 мај во Луцерн, Швајцарија. Овој краткометражен документарен-арт филм гледачите на Македонската телевизија имаа можност да ...

Ограбена продавницата "Стило"

Вечер Прес - 14.01.2005

Завчера ноќта е извршена тешка кражба во продавницата "Стило", лоцирана на улицата "Димитрија Чупевски" во строгиот центар на Скопје. Материјалната штета се проценува на околу 28.000 денари. Настанот, информираат од МВР, се случил околу 2 часот кога крадецот откако со камен го искршил стаклото, ...

Принцот Хари -"наци"!

Вечер Прес - 14.01.2005

Британскиот весник “Сан” на насловната страница објави фотографија на британскиот принц Хари со цигара и чаша пијалак во рацете на маскенбалот што го организирал еден негов пријател. Но, трагедијата е што тој на раката носел и лента со нацистички симбол.

Наградата дојде со "Храм, сепак храм"

Вечер Прес - 14.01.2005

Македонскиот поет Ристо Василевски, кој долго време живее и твори во Србија и Црна Гора, се здоби со уште едно книжевно признание. Престижната награда "Милан Ракиќ" на Здружението на писателите на Србија му ја донесе поетската книга "Храм, сепак храм", објавена на српски јазик.

Домот "11 Октомври" не ги задоволува условите

Вечер Прес - 14.01.2005

"Домот за деца без родители не наликува на она што треба да биде - урбана зграда каде над 100 деца имаат убав и безбеден живот" - е коментарот на еден 50-годишен скопјанец, од соседството на Домот за деца без родители "11 Октомври". "Јас сум сведок на она што се случува таму.

"Догона" на "Златна роза"

Вечер Прес - 14.01.2005

Големиот македонски сликар, Киро Урдин, е на пат кон уште еден светски успех. Неговиот филм "Догона", снимен во македонско-белгиска копродукција, влезе во официјална конкуренција на еден од најголемите телевизиски фестивали - "Златна роза".

Моделите за продажба на ЕСМ "државна тајна"

Вечер Прес - 14.01.2005

Конзорциумот предводен од "Мајнел банк" кој е владин консултант во процесот на преструктурирање и приватизација на "Електростопанство на Македонија" на истекот на минатата година до Владата доставил прелиминарен извештај со предлози за модели и начини на приватизација на нашето најголема државна ...

Проверка на производните стандарди и во "ИЦН Фарма"

Вечер Прес - 13.01.2005

Експертски тим ќе ги контролира производствените услови и во капацитети на "ИЦН Фарма", погонот за лекови на скопски ОХИС, кој според некои информации од неодмана е самостоен правен субјект. Стручњаците на самото место ќе проверуваат дали во овој фармацевтски капацитет се исполнети задолжителните ...

Тито "за" Трифун, СДСМ - зад Пенов

Вечер Прес - 13.01.2005

"Кандидатурата на Трифун Костовски за градоначалник на Скопје е најдобро решение и затоа јас ќе гласам за неговиот избор", ни изјави вчера Тито Петковски, пратеник на СДСМ и член на партиското Претседателство. Со ова тој остана доследен на ставот дека независниот кандидат на Костовски е "најдоброто ...

Клубот "Вега" - стриптиз бар?!

Вечер Прес - 13.01.2005

По неколкуте обиди клубот "Вега" да стане елитно собиралиште во градот, со гостувања на познати имиња од светот на музиката, не само домашни, туку и балкански ѕвезди, по се изгледа, наскоро, тој ќе биде она што некогаш беше во рамките на "Гранд готел" (сегашен "Холидеј ин") - стриптиз бар.

"Каква црна листа, каква федерализација, јас сум на одмор"

Вечер Прес - 13.01.2005

"Во Швајцарија сум, на новогодишен одмор со децата. Немам поим и не ме интересира што се случува таму, ниту, пак, знам што се пишува за мене. Вие кога сте на одмор, работите ли? ", беше одговорот што телефонски ни го даде Џевад Адеми, човекот што заедно со Кастриот Хаџиреџа се залагаше за ...

На местото на "Панорама" се гради болница

Вечер Прес - 13.01.2005

Македонија, наскоро, ќе добие прва здравствена установа од светски ранг- универзална болница "Панорама" сместена на падините на Водно на локацијата каде што сега се наоѓа хотелот "Панорама". Познатата турска компанија "Универзал хоспитал груп" од Истанбул лани го купи хотелот со цел на негово место ...

Легализација на осум милиони "илегалци"!

Вечер Прес - 13.01.2005

Американскиот претседател Џорџ Буш има намера да го убеди Конгресот да усвои закон со кој ќе им биде овозможен законски престој на околу осум милиони нелегални емигранти во САД. Во интервју за весникот "Вашингтон тајмс", Буш изјавил дека усвојувањето закон за легализирање на престојот на ...

Бекам доби нова "играчка"

Вечер Прес - 13.01.2005

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам навистина има со што да си игра, кога не е на фудбалскиот терен. За време на божикните празници, тој, веројатно, му пишал писмо на Дедо Мраз и му ветил дека ќе ги слуша мама и тато, дека ќе ја сака Викторија како некогаш, а тој му вратил ...

"Боновите за Месиќ, а нам кеш"!

Вечер Прес - 12.01.2005

Раборниците во "Лијановиќ" останаа зачудени од веста што стигна од изборниот штаб на Месиќ, дека фабриката во која работат донирала 200 000 куни (околу 26 000 евра) за досегашниот тек на неговата кампања. Имено, Штефанија Балог, соопшти податок дека досега за предизборната кампања на Стјепан Месиќ ...

Фонси Нието "се поднови" со Аријадне Артилес

Вечер Прес - 12.01.2005

Една од најпознатите топ-моделки во Шпанија во овој момент е Аријадне Артилес од Канарските Острови, која се појави на насловната страница на најновиот број на популарниот "ФХМ" магазин. Но, од минатата недела, таа влезе и на страниците на спортскиот печат.

Инспектори со отворени "четири очи"!

Вечер Прес - 12.01.2005

Од 1 јануари со Законот за заштита на културното наследство се укинуваат петте општински заводи за заштита на спомениците на културата, Републичкиот и Градскиот завод Скопје. Наместо нив, се предвидува да профункционираат регионални конзерваторски центри, чијашто исклучива надлежност ќе бидат ...

"Сшти" за поевтини ски-билети!

Вечер Прес - 11.01.2005

За новогодишните и божиќните празници не беше мал бројот на македонски граѓани, кои слободните денови ги минаа во познатиот туристички центар Банско, во соседна Бугарија. Меѓу нив имаше и познати личности почнувајќи од естрадата, преку бизнисот, па до политиката.

Банките "ловат" со добри профити

Вечер Прес - 11.01.2005

Четири големи банки - Комерцијална банка, Стопанска банка-Битола, Охридска банка и Тетовска банка, се вистински "локуми" на Македонската берза. Тие се нудат со најевтини цени на нивните акции, а нудат најголеми профити, со што се вистинска мамка за сите потенцијални инвеститори.

Спој на возвишеното и "земното"

Вечер Прес - 11.01.2005

Драгиша Димитриевски - Шипе, актер, сликар, кој по својата животна определба и патот кој го врви нераскинливо врзан за Талија и тоа преку театарската сцена, но и сликарската четкичка. Тој по експонираност и вокација е актер, но оној другиот свет на уметноста, односно сликарството, никако не му е ...

"Големата вода" чекори кон Оскарот

Вечер Прес - 11.01.2005

Нашиот адут за Оскар, филмот "Големата вода" на режисерот Иво Трајков го започна својот поход во светот. Филмуваната верзија на романот на Живко Чинго ќе биде прикажана на Интернационалниот филмски фестивал во Палм Спрингс (САД), кој почна на 6, а ќе трае до 17 овој месец.

Кираџии во "Макошпед"

Вечер Прес - 11.01.2005

Министерството за надворешни работи вчера го пресели конзуларното одделение под кирија во зградата на "Макошпед" на четвртиот кат. Закупени се 300 метри квадратни по цена од 10 евра за квадрат. Зголемувањето на ефиксноста во работењето е единствената причина за селидбата, објаснуваат во МНР, а ...

Лентата ќе ја пресече "Манџуриски кандидат"

Вечер Прес - 11.01.2005

Филмофилите во Скопје ќе добијат уште една кино-сала, како своевиден надоместок на затворените кина Вардар 1 и 2. Сместена во Домот на АРМ, новата кино-сала е опремена со најнова аудиоопрема, ново филмско платно, а подобрени се и машините за репродукција на сликата.

Алдо Монтано го "прободе" срцето на Мануела Аркури

Вечер Прес - 11.01.2005

Топ-тема во италијанските трачерски весници е гостувањето на олимпискиот шампион на Италија во мечување, Алдо Монтано, во ТВ-емисијата на познатата водителка Симона Вентура во неделата попладне. Имено, Вентура е позната како водителка без "влакна на јазикот”, која често ги става во непријатна ...

Повреден совозач во "фиат брава"

Вечер Прес - 11.01.2005

Едно лице е потешко повредено со сообраќајна несреќа, која се случи вчера на булеварот "Ердвард Кардељ" во близина на "Континентал" во Скопје. Сообраќајката се случила околу 10,20 часот кога се судриле камион - влекач од Гостивар, управуван од Ј.Љ.

Скопје ќе "гори" под нозете на господарот на танцувачкиот подиум

Вечер Прес - 11.01.2005

Во организација на Литиум Рекордс наскоро во Скопје пристигнува најголемата светска танцувачка денс атракција, господарот на танцувачкиот подиум Мајкл Флетли и неговите „Lord Of The Dance“. Атракцијата создадена од магичниот спој на ирската традиција, модерна кореографија, преубава музика и ...

Ајлин е "вистинската Бриџит Џоунс"

Вечер Прес - 10.01.2005

Осумдесет години старите приватни записи на една британска тинејџерка наречена, "вистинската Бриџит Џоунс", неодамана се пуштени во продажба во Велика Британија. Дневникот на 17- годишната Ајлин Пауел опфаќа три месеци од нејзиниот живот во текот на 1925 година и ја открива опсесијата за диети и ...

Гошев ќе ги "преслушува" директорите во НБРМ

Вечер Прес - 10.01.2005

Гувернерот на Народната банка на Македонија, Петар Гошев, ќе го стави под лупа работењето на сите директори во Централната банка. Како што дознаваме од извори од врвот на монетарната власт, Гошев решил да го преиспита работењето на неговите најблиски соработници, директори на сите дирекции во ...

Ограбени два клуба за игри на среќа "Астра"

Вечер Прес - 10.01.2005

Вооружени разбојници во саботата ги нападнаа и ограбија вработените во клубот за игри на среќа "Фламенго Астра", на булеварот "Кузман Јосифовски-Питу", во трговскиот центар “Скопјанка". Од касата напаѓачите зеле 110.000 денари и избегале. Еден час подоцна е регистриран уште еден грабеж.

Се самоуби возач на "Жито Битола"

Вечер Прес - 10.01.2005

Непосредно пред божиќните празници во Битола е регистрирано уште едно самоубиство, трето за кус временски период. Возачот на "Жито Битола", четириесет и тригодишниот Зоран Јанкуловски, оженет и татко на две малолетни деца, од засега непознати причини си го одзеде животот, испукувајќи си од пиштол ...

"Не разговарајте со брадестиот!”

Вечер Прес - 10.01.2005

Одделни американски фармацевтски компании ги предупредија своите работници да не разговараат со контроверзниот филмски режисер Мајкл Мур, бидејќи тој подготвува документарен филм за нивната работа. Најмалку шест компании издале интерни меморандуми во кои на работниците им се порачува да внимаваат ...

"Заглавување" со години, па откажување

Вечер Прес - 10.01.2005

Депримирани студенти, квадрирање, "заглавување" со години, трансфери на факултетите, па дури и откажување од студирањето, се честа појава кај македонските академски граѓани. Дел од причините, се наоѓаат во социјално- економските состојби во државата, каде давачките се преголем товар за домашниот ...