TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Израелските воени авиони подготвени за напад на Иран

А1 - 15.01.2006

Израелските воени пилоти ја завршија обуката, така што борбените авиони на Израел се подготвени за напад на Иран, насочен против неговите нуклеарни постројки, го пренесуваат денеска израелските медиуми пишувањето на британскиот „Сандеј тајмс“.

Иран е за преговори, но нема да се откаже од нуклеарните истражувања

А1 - 15.01.2006

Иран денеска соопшти дека дипломатијата е единствен начин да се реши спорот околу неговата нуклеарна програма, но и дека нема намера да ја повлече одлуката да продолжи со нуклеарните истражувања. „Дипломатијата е единствениот јасен одговор на сегашната состојба“, изјави портпаролот на иранското ...

Ахмадинеџад: Иран не се стреми кон создавање нуклеарно оружје

А1 - 14.01.2006

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска изјави дека неговата земја има право да поседува атомска технологија и не се стреми кон создавање нуклеарно оружје. „Ние сме цивилизирана нација“, истакна Ахмадинеџад на прес-конференција во Техеран.

Кина загрижена од можното инволвирање на ООН во Иран

А1 - 14.01.2006

Кина изрази загриженост од можноста за инволвирање на Советот за безбедност на ООН во Иранската нуклеарна програма. Кинескиот амбасадор во Обединетите нации Ван Гуанја, оцени дека „внесувањето на тоа прашање во Советот за безбедност на ООН може да ги усложни проблемите“.

САД и ЕУ го праќаат Техеран пред Советот за безбедност

Утрински - 14.01.2006

За зауздување на Иран во неговата нуклеарна програма Советот би можел да воведе меѓународни санкции спрема Иран, но САД соопштија дека веднаш нема да има потег за таква казна ВАШИНГТОН - Соединетите Американски Држави и трите велесили во Европската унија во четвртокот соопштија дека разговорите со ...

Иранците се заканија дека ќе ја напуштат преговарачката маса

Време - 14.01.2006

АКО БИДАТ ОБВИНЕТИ ПРЕД СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Иранскиот режим вчера се закани дека ќе ја прекине соработката со Обединетите нации ако во Советот за безбедност биде отворена расправа за нуклеарната програма на Иран. Британија, Франција и Германија, кои ги водеа преговорите за иранската нуклеарна ...

Можни се санкции, но не и воена акција

Дневник - 14.01.2006

ТЕХЕРАН ЌЕ СЕ СООЧИ СО СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН Техеран може да се соочи со санкции од Советот за безбедност на ОН поради обновата на нуклеарната програма, но не се размислува за воена акција против Иран, изјави британскиот министер за надворешни работи Џек Стро, јави МИА.

Иран ќе прекине соработка ако биде даден на Советот на ООН

А1 - 13.01.2006

Иран денеска соопшти дека ќе прекине секаква соработка со Мисијата на Обединетите нации за следење на нуклеарните активности, ако ова прашање дојде пред Советот за безбедност на светската организација заради евентуално воведување санкции.

Засега без санкции кон Иран

Дневник - 13.01.2006

КОНСУЛТАЦИИ НА ЕВРОПСКАТА ТРОЈКА Британскиот министер за надворешни работи, Џек Стро, изјави дека европската тројка - Британија, Франција и Германија, засега не планира да воведе санкции кон Иран по одлуката на Техеран да продолжи со нуклеарната програма и да ги отвори погоните што беа запечатени ...

Иран не се плаши

Време - 13.01.2006

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад најави дека Иран ќе ја забрза обновата на нуклеарните активности и оти Владата во Техеран не ја плаши вознемиреноста на западните земји поради таквата одлука. - Иранската влада и нација не се плашат од Западот и мудро и одлучно ќе продолжат со обновата на ...

Иран не се плаши од Западот

Дневник - 12.01.2006

ГОВОР НА ПОРАНЕШНИОТ ИРАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ Поранешниот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсаџани вчера изјави оти е вчудовиден од насилничкото однесување на западните земји кон Иран во оваа ера на демократија, слобода и човечки права, јави британската Би-би-си.

ЕУ нема да преговара со Техеран

Утрински - 12.01.2006

Без ветување од Иран БЕРЛИН - Франција, Велика Британија и Германија не можат да ги продолжат разговорите со Иран доколку тој не вети дека нема да збогатува ураниум, изјави вчера Гернот Ерлер, германски заменик-министер за надворешни работи.

Британија бара од ОН акција против Иран

Вест - 12.01.2006

ТЕХЕРАН, 12 јануари (Ројтерс) - Британија вчера го повика Советот за безбедност на ОН да размисли за преземање мерки против Иран бидејќи земјата продолжи со нуклеарни истражувања, но бившиот ирански претседател Акбар Хашеми Рафсанџани вели дека секакви санкции ќе бидат попусти.

Иран продолжи со нуклеарни истражувања

Вест - 11.01.2006

ТЕХЕРАН, 11 јануари (Ројтерс) - Иран ги отстрани печатите што Обединетите нации ги ставија на фабриката за збогатување ураниум во Натанз и вчера продолжи со истражувањата со нуклеарно гориво што предизвика остри критики од Западот, но засега нема закани со казни.

Иран ги скрши печатите на истражувачките центри

Дневник - 11.01.2006

ТЕХЕРАН НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НУКЛЕАРНАТА ПРОГРАМА Иранските власти ги скршија печатите од неколку нуклеарни погони што ги контролираат инспектори на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и покрај апелот на меѓународната заедница Техеран да ја прекине нуклеарната програма, јави Ројтерс.

Иран ги отвори запечатените нуклеарни постројки

Утрински - 11.01.2006

Со цел да продолжи со истражувачките работи врз нуклеарното гориво ИАЕА потврди дека Иран ги отстранил печатите на ОН од фабрика во Натанц ТЕХЕРАН - Иран ги отстрани печатите на ОН врз фабриката за збогатување на ураниумот во Натанц и вчера продолжи со истражувачките работи врз нуклеарното гориво, ...

П-5 бараат од Иран да се врати на сериозни разговори

Утрински - 11.01.2006

Реакција на петте постојани членки на Советот за безбедност ВАШИНГТОН - Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН испратија порака со која му укажуваат на Иран да ги сопре плановите за истражување на нуклеарното гориво и да продолжи со разговорите со европските сили, изјави во ...

Иранските нуклеарни постројки повторно работат

Време - 11.01.2006

ПО ДВЕ ГОДИНИ ПАУЗА Иран вчера отпечатил неколку од своите нуклеарни постројки и најави дека ќе продолжи да ја спроведува својата нуклеарна програма, по двегодишниот прекин. Иранците се решија на овој чекор и покрај заканите со санкции од САД и од Обединетите нации.

Европа размислува за нуклеарки

Дневник - 11.01.2006

ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА Енергетските стручњаци најавуваат дека Европа веќе во 2008 година ќе се соочи со недостиг од електрична енергија, а поради тоа и со редукции. Затоа Европската Унија почна да го преиспитува својот став кон омразената нуклеарна енергија, објавија хрватските медиуми.

Иран повторно истражува нуклеарно гориво

А1 - 10.01.2006

Иран денеска соопшти дека повторно истражува нуклеарно гориво што предизвика остра реакција на меѓународната јавност. „Од денеска, иранските нуклеарни истражувачки центри ги продолжија своите активности“, изјави заменикот претседател на иранската агенција за атомска енергија Мохамад Саеди.

БНД-Иран за неколку месеци може да произведе атомска бомба

Макфакс - 09.01.2006

Берлин Иран за неколку месеци би можел да произведе атомска бомба, смета германската разузнавачка служба БНД. Европската унија и САД го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе атомско оружје, додека Техеран ги отфрла ваквите обвинувања и изјавува дека нуклеарната програма му е исклучиво за ...

Кина повика на воздржаност околу Иран

Макфакс - 09.01.2006

Пекинг Кина денеска повика на воздржаност во кризата околу иранската нуклеарна програма, при тоа додавајќи дека се уште не ја видела нацрт резолуцијата со која тројката на Европската унија сака да го испрати Иран пред Советот за безбедност на Обединетите нации.