TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пристигна владината нафта

А1 - 07.12.2008

Бензинските пумпи утре ќе добијат дизел гориво. Државните резерви ќе се дистрибуираат до сите станици. Кризата ќе се надмине - тврдат од Владата. „Доколку Владата процени дека периодот којшто би го покрил ова премостување со стоковите резерви, затоа што и тоа има свој лимит, е подолг од она што во моментот ќе оцениме, дали ќе предложи друго адекватно решение“, изјави Трајко Славевски, министер за финансии.

Владата дозволи ОКТА да ги користи државните резерви на дизел гориво

Алфа - 07.12.2008

За непречено и континуирано снабдување на пазарот со гориво, Владата вчера одлучи да го прифати барањето на а.д. ОКТА да и дозволи да ги користи државните стокови резерви на дизел гориво и од утре да има редовна испорака. - Ова е неопходно зашто последниве денови се јавија некои знаци на нарушување на снабдувањето на пазарот зашто ОКТА имаше хаварија која се надеваме ќе ја санира што поскоро, изјави вчера министерот за финансии Трајко Славески.

Јакимовски:Се покажа штетноста на договорот со ОКТА

Алсат-М - 07.12.2008

Интервенцијата на Владата со државните резерви на нафта во пазарот на дериватите во земјава, според поранешниот министер за економија Стевче Јакимовски ги открива спорните одредби од договорот за купородажба на ОКТА. Според Јакимовски, со ова, јасно се гледа дека актуелниот премиер, како поранешен министер за економија прифатил дериватите на нафта да може да ги увезува само рафинеријата ОКТА, без да плаќа данок.

Дизел се уште нема, државата ќе интервенира од утре

Алфа - 07.12.2008

Кризата со недостиг на дизел гориво, која трае веќе неколку дена, најсериозно ја чувствува скопска Комунална хигиена, чии камиони, поради немање гориво, не го собираат ѓубрето. Главниот град денеска осамна со преполни контејнери. Иако за од утре се најави интервенција од државните резерви, од Комунална хигиена велат дека и во текот на утрешниот ден ќе работат со помал обем.

Окта од утре ке почне да ги дистрибуира државните резерви

Канал5 - 07.12.2008

Нема прецизен одговор кога Окта повторно ќе продолжи со производство на дизел и кога ќе стартува редовната испорака на горивото. Од утре рафинеријата ќе користи дизел од државните резерви, но таму количините се ограничени. Иако е државна тајна колку гориво се чува за резерва, количините покриваат 40 дневно редовно снабдување со гориво.

Македонија без капка дизел гориво

А1 - 06.12.2008

Криза за дизел гориво во земјава. Нема ниту нафта за домаќинствата. Поголемиот дел од бензинските немаат ниту капка. На станиците на Макпетрол веќе е истакнат натпис дека нема дизел.

Недостигот на дизел ќе се надополнува од стоковите резерви

А1 - 06.12.2008

Од Владата информираат дека на повидок е решение за проблемот со дизел горивото. Тоа ќе се решава со стоковите резерви. За А1 Телевизија говореше првиот човек на Министерството за финансии, Трајко Славевски.

ОКТА ќе користи дизел од стокови резерви

Алсат-М - 06.12.2008

Владата ќе и дозволи на ОКТА да го користи дизел горивото од стоковите резерви. Ова денеска го изјави министерот за финансии Трајко Славески.

На пумпите снемува бензин

Време - 05.12.2008

Silvana Jovanovska Во „Окта“ пристигна опремата со која ќе се санира уништената инсталација во резервоарот за нафта откако пред две недели изби пожар, велат од компанијата.

Дефицитната ситуација со дизелот ќе трае уште најмалку десет дена

Алфа - 05.12.2008

Кризата во снабдувањето со дизел гориво нема да биде надмината ниту наредната недела, велат од управата на Макпетрол. Најголем дел од бензиските станици на Mакперол и денеска немаа дизел.

Недостиг од дизел на бензинските

Дневник - 05.12.2008

Недостиг од дизел на бензинските. Недостиг од дизел деновиве се појави на бензинските пумпи во земјава што се снабдуваат со нафтени деривати од рафинеријата „Окта“.

Некој ги манипулира протестите

Утрински - 04.12.2008

Зоран Спиров, Скопје. Во врска со настаните поврзани со рафинеријата „Окта“ морам да го искажам сопственото мислење, изреволтиран од целата ситуација што се случува и за која јас и другите државјани ќе треба да платиме. Имено, рафинеријата „Окта“ како најстаромодна рафинерија на просторите на Балканот, не задоволува критериуми за извоз на продукти во ниедна соседна, а камоли европска земја.

Снемува дизел гориво по бензинските пумпи

Алфа - 04.12.2008

Криза во снабдувањето со дизел гориво. На неколкуте бензински станици низ Скопје денеска можевме лично да се увериме дека немаат дизел.

ОКТА прекина со производство на нафтени деривати

А1 - 03.12.2008

ОКТА нема да работи најмалку два месеца поради пожарот кој ја зафати рафинеријата пред околу две недели, велат дел од сопствениците на приватните бензински пумпи. Извори од компанијата ја потврдија веста и велат дека санирањето на последиците од хаваријата ќе трае најмалку еден месец, и кога ОКТА ќе ги потроши резервите ќе мора да увезува директно од грција.

Владата постави мерна станица во Миладиновци

Алфа - 01.12.2008

Директорот на ОКТА, Ламброс Зогопулос, поднел кривична пријава против организаторите на блокадата на рафинеријата, дознава Алфа. Според судски извори, пријавата веќе стигнала во Јавното обвинителство. Ниту во ОКТА, ниту во обвинителството официјално не ја потврдуваат информацијата. Еден од организаторите на протестот, Миле Станковски, вели дека не слушнал за тужбата.

Жителите од околината на ОКТА добија една мониторинг станица и делумно исчистен одводен канал

Канал5 - 01.12.2008

Жителите од околината на ОКТА за предвидените пет дена, наместо две добија една мониторинг станица и делумно исчистен одводен канал. Овие мерки досега Владата ги презеде со цел да се реши загадувањето од рафинеријата. Жителите од Миладиновци имаат разбирање за бавната реализација и велат дека засега протестите нема да се активираат.