TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ракомет: Вардар Про-Босна 32:31

А1 - 25.02.2007

Студениот туш од Данска за нас сепак го амортизираа ракометарите на Вардар Про кои ја совладаа Босна само со еден гол во првата пресметка од 1/4-финалето во купот на победниците на куповите. Надеж за подолг престој во континенталните купови имаат и ракометарите на Вардар Про.

Алушовски: Ќе ја победиме Босна

Време - 24.02.2007

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ НА КПК, ВАРДАР - БОСНА, УТРЕ (18 Ч.) Стевчо Алушовски, капитенот на Вардар про, кој утре (18 ч.) во СРЦ „Кале“ го игра првиот четврт-финален дуел од ракометниот Куп на националните куп-победници (КПК) против сараевска Босна, е оптимист и верува дека неговиот тим повторно, третпат во ...

Вујовиќ размислува само за Скопје

Дневник - 24.02.2007

Единствената опција за која размислува Веселин Вујовиќ, тренерот на Вардар про пред утрешниот (18 ч. СРЦ Кале - МТВ-пренос) четврт-финален дуел од КПК, против Босна од Сараево, е победата, без разлика на гол-разликата. За реваншот, и калкулациите околу можностите да се игра во полуфиналето, ќе се ...

Вујовиќ - Каква било победа, разликата не е важна

Утрински - 24.02.2007

САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Со меѓусебен респект, израмнет квалитет, подеднакви шанси и амбиции да стигнат до мечот за титулата во оваа сезона екипите на Вардар Про и Босна, во недела во 18 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе го одиграат првиот четврт-финален натпревар во КПК. Обете екипи одлично се познаваат.

Буџетот за годинава - 650.000 евра

Време - 24.02.2007

УПРАВЕН ОДБОР НА РФМ Околу 650 илјади евра е буџетот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за годинава и со тие пари челниците планираат да ги остварат амбициите - пласман на машкото Европско првенство во Норвешка и учество во завршницата на женското Светско првенство во Франција.

Победа за мирен реванш

Вечер Прес - 24.02.2007

Екипата на Вардар во првиот четвртфинален натпревар, утре во "Кале" (18 ч.) се среќава со сараевска Босна, екипа која го сочинува костурот на репрезентацијата на БиХ, а играше и во ЛШ Екипата на Вардар пред четвртфиналето во КПК имаше среќа при ждрепката, ги избегна фаворитите за пехарот во ова ...

Вујовиќ ги обедини селекторските функции

Вест - 23.02.2007

РАКОМЕТ - СЕДНИЦА НА УПРАВЕН ОДБОР НА РФМ Веселин Вујовиќ ја доби довербата на претседателот и на членовите на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија и со само еден воздржан глас беше избран за селектор и на сениорската и на младинската репрезентација.

Со буџет од половина милион евра на СП и на ЕП

Дневник - 23.02.2007

Планираните пари за 2007 година се околу 40 милиони денари За остварување на амбициите на Ракометната федерација на Македонија да играме на машкото ЕП во Норвешка и на СП во Франција, УО на РФМ ќе има буџет од околу 650.000 евра.

Оптимисти против тимот-репрезентација

Дневник - 23.02.2007

„Црвено-црните“ сметаат оти имаат сила да се пласираат во полуфиналето на европскиот КПК Секогаш оптимистички расположените вардарци сметаат дека имаат сила да се пласираат во полуфиналето на европскиот ракометен КПК. Ги очекува двомечот со Босна, дуел на два тима од просторите на поранешна ...

Ќе падне и миленикот на БиХ

Вест - 23.02.2007

КПК - ПРЕД ПРВИОТ ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕН ДУЕЛ НА ВАРДАР СО БОСНА По две и полмесечна пауза, вардарци викендов им се враќаат на своите меѓународни обврски. На прагот на своето трето полуфинале во Купот на победниците на куповите, "црвено-црните" в недела ја пречекуваат Босна, клуб за кој овој двомеч е од ...

Вардар во врвна форма ја пречекува Босна

Време - 23.02.2007

В НЕДЕЛА НА „КАЛЕ“, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ НА КПК Вардар про, македонскиот претставник во четврт-финалето на Купот на националните куп-победници (КПК) се надева на поволен резултат в недела, кога во СРЦ „Кале“ ја пречекува сараевска Босна (18 часот, МТВ-пренос), но не планира да калкулира и да го брани ...

Вујовиќ - шеф на стручниот штаб на машката репрезентација

Време - 23.02.2007

УПРАВЕН ОДБОР НА РФМ Веселин Вујовиќ, тренерот на Вардар про, македонскиот машки вицепрвак ќе биде новиот шеф на стручен штаб на сите машки репрезентации. Ова вчера требаше да го изгласаат членовите на Управниот одбор (УО) на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), чија седница беше во тек до ...

Се крчка полуфиналето

Вечер Прес - 23.02.2007

Тренерот Веселин Вујовиќ верува во победа во "Кале", но ќе се оди на полн погодок и на реваншот во Сараево Единствениот македонски, машки, претставник во ракометна Европа Вардар, в недела во "Кале" (18 ч.) ќе го одигра првиот четвртфинален натпревар во КПК, против босанскиот првак Босна.

Веселин Вујовиќ нов селектор

Вечер Прес - 23.02.2007

Тренерот на шесткратниот државен првак Вардар, Веселин Вујовиќ е новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија, но и на младинската селекција на нашата земја. Вака одлучи УО на РФМ, на вчерашната седница на која главни точки беа изборот на селектори.

Веселин Вујовиќ е нов селектор на машките ракометни репрезентации

А1 - 22.02.2007

Управниот одбор на РФМ на денешната седница му го додели кормилото на сите селекции на актуелниот тренер на Вардар Про кому ќе му помагаат Илија Темелковски во сениорската и Ѕвонко Шундовски во јуниорската репрезентација. Сепак, прва обврска на Вујовиќ е неделниот 1/4-финалниот предизвик на ...

Вујовиќ ги презема сите машки селекции?

Вест - 22.02.2007

ДЕНЕСКА СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА РФМ На денешната седница на Управниот одбор на РФМ нашата машка ракометна репрезентација ќе го добие својот 13. селектор во последните десет години. Се очекува оваа низа да ја продолжи прославеното ракометно име Веселин Вујовиќ, во моментов во улога на тренер ...

РФМ

Утрински - 22.02.2007

Верификацијата на изборот за вршител на должноста селектор на машката сениорска репрезентација, како и разрешувањето на досегашните и изборот на нови селектори и тренери на јуниорските селекции, се најинтересните точки од дневниот ред на 17.

Вујовиќ прифати да биде координатор

Дневник - 21.02.2007

Веселин Вујовиќ, тренерот на Вардар про, на утрешната седница на УО на РФМ треба да биде назначен за нов координатор на машките репрезентации . Како што дознава „Дневник“ од извори блиски на сениорската репрезентација, дополнително ќе биде формиран поширок стручен тим, составен од неколку други ...

Ниту еден селектор не е сигурен

Вест - 20.02.2007

РАКОМЕТ - В ЧЕТВРТОК СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА РФМ Селекторот на нашата женска младинска ракометна репрезентација, Ангел Велков, ќе биде разрешен од својата функција на седницата на Управниот одбор на РФМ, која е закажана за четврток од 13 часот.