TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ахмадинеџад: Иран ќе стане извозник на нуклеарна енергија

Макфакс - 06.05.2007

Техеран Иран планира во иднина да стане извозник на нуклеарна енергија, изјави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. „Ние не само што нема да ја спречиме работата на центрифугите, туку со брзо темпо ќе ги интегрираме во нашиот нуклеарен енергетски циклус, со цел да станеме извозници на ...

Ахмадинеџад-Иранските нуклеарни права не подлежат на преговори

Макфакс - 04.05.2007

Техеран Иранскиот претседател денеска ги исклучи сите можности за преговори околу иранското право за нуклеарна енергија, јавија локалните медиуми. Махмуд Ахмадинеџад истакна дека Иран нема да се помрдне ниту еден чекор во спорот околу нуклеарното прашање со Запад.

Ахмадинеџад – Остро ќе им возвратиме на САД

Макфакс - 04.05.2007

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска во Абу Даби изјави дека неговата држава „остро“ ќе возврати доколку американската војска изврши напад врз Иран. „САД не можат да удрат врз Иран“ изјави Ахмадинеџад на крајот од дводневната посета на Соединетите Арапски Емирати.

Ахмадинеџад и бакнал рака на учителката!

Вечер Прес - 04.05.2007

"Неморален и недоличен потег!" е коментарот на ултраконзервативните новини на Хезболах Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад стана мета на критики поради "недолично однесување" бидејќи на својата поранешна учителка и ја бакнал раката на јавно место.

Белорусија и Иран договорија стратешко партнерство

Макфакс - 02.05.2007

Минск Претседателите на Белорусија и Иран, Александар Лукашенко и Махмуд Ахмадинеџад, во Минск договорија воспоставување на „стратешко партнерство“ на двете земји, јавува Радио Слободна Европа. Ахмадинеџад му ветил на Лукашенко поголем пристап до нафтените резерви на Иран и го поздрави „големиот ...

Ахмадинеџад во дводневна посета на Белорусија

Макфакс - 01.05.2007

Минск Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска стигна во Минск, во дводневна посета на Белорусија, при што ќе се сретне со белорускиот претседател Александар Лукашенко. Состанокот на двајцата лидери ќе биде посветен на поголем број прашања, а меѓу другото, ќе стане збор и за прашања врзани ...