TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јакимовски вети дека ќе се среди хаосот во млекопроизводството

Утрински - 20.05.2004

Министерот за економија во Струмица Во земјата имаме една лоша состојба во млекопроизводството, но очекувам до крајот на месецот да ја ставиме под контрола. Точно е дека на кус рок индивидуалните млекопроизводители трпат штети, меѓутоа на долг рок ова средување на состојбите ќе биде во нивни ...

Млекарниците откупуваат, протестите откажани

Време - 19.05.2004

СТИВНУВА МЛЕЧНАТА БУРА Сојузот на земјоделците ги откажа своите протести, струмичките производители нема да ги блокираат патиштата, а битолската млекарница (ИМБ) вчера повторно откупуваше сурово млеко од кооперантите, потврдија од Сојузот.

Млекарниците во Македонија продаваат фалсификувано млеко

Вест - 19.05.2004

СПОРЕД ГЕРМАНСКИ ЕСКПЕРТ ЗА ХРАНА "Не знам кој е задолжен за млекото со прав, но едноставно тоа млеко не треба да го има на пазарот", изјави вчера германскиот експерт Ангелика Михаела Дрес на семинарот за унапредување на заштитата на потрошувачи "Тоа не е вистинско млеко, фалсификувано е и не треба ...

И млекото од фармите ќе се контролира

Утрински - 19.05.2004

Владата ја поддржува контролата на млекото и млечните производи и нивно јавно објавување Последните резултати од контролите покажуваат дека мострите одговараат на пропишаните норми за квалитет АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Во една од три донесени проби на млекото од сточарите од Штипско е пронајдено ...

И фармерите употребувале

Дневник - 19.05.2004

СПОРЕД ПОСЛЕДНИТЕ АНАЛИЗИ Од три земени мостри на млеко од сточари во Штипско, во една е најдено млеко во прав. Ова вчера го соопшти директорот на Ветеринарниот институт, Михаил Данев, и порача дека ветеринарите се подготвени со апарати и со реагенси да прават анализи на местата каде што се ...

Стивна млечната афера

А1 - 18.05.2004

Последните анализи на факултетот за ветеринарна медицина, покажуваат дека слободно може да се пијат сите млека што се на рафтовите по продавниците. Во ниедно млеко нема прав. Изгубената доверба кај потрошувачите полека се враќа, за што говори и нормализирањето на откупот на млеко.

Повлечено цело млеко со прав

Вест - 18.05.2004

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА Во последните мостри на Битолска млекарница нема млеко во прав Млекото што содржи млеко во прав е повлечено од пазарот и повеќе нема опасност за негово консумирање, тврди Гоце Пачемски, портпарол на Министерството за економија.

Сточарите револтирани поради прекинатиот откуп

Време - 18.05.2004

И ВО ВЕЛЕШКО ПРОБЛЕМИ СО МЛЕКОТО Во селото Горно Оризари, Велешко, веќе четири дена битолската млекарница не го откупува млекото, поради што се револтирани околу 3.000 сточари, на кои им останаа неоткупени 22 тони млеко. Тие прават напори резервите од млеко да ги преработат во сирење, но тоа тешко ...

Неисправното млеко е повлечено, контролата продолжува

Време - 18.05.2004

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА Пазарната инспекција ги соопшти имињата на млекарниците кај кои беше утврдено дека имаат млеко во прав, вода и скроб во недозволени количества. Тие млекарници ги повлекоа овие производи, но контролата ќе продолжи.

Битолската млекарница повторно го откупува млекото

Утрински - 18.05.2004

Сточарите очекуваат помош од државата во регулирање на пазарот Во ИМБ топката е смирена дури по разговорите на Живко Радевски со новиот премиер Хари Костов и министрите Стевчо Јакимовски и Славко Петров кои му дошле на посета ГОЦЕ КАРЕВСКИ АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Сојузот на земјоделци ќе протестира ...

Производите на Битолска млекарница повторно во продажба

А1 - 17.05.2004

Битолската млекарница денеска ги пушти во продажба своите производи, бидејќи анализите на новите мостри што ги спроведе Ветеринарниот институт, покажаа дека се исправни. „Целта на контролата не е да се уништи пазарот, туку да се подобри квалитетот на млекото и млечните производи.

4.000 литри млеко за Јакимовски за да види како се прави сирење и урда

Вест - 17.05.2004

СТРУМИЧКИТЕ СТОЧАРИ ЌЕ БЛОКИРААТ ПАТНИ ПРАВЦИ Струмичките млекопроизводители, оваа недела ќе го ,,почестат,, министерот за економија Стевчо Јакимовски со 4 илјади литри млеко, доколку не се реши млечната треска во нашава земја.

Тантаров чека одговор од Владата

Време - 17.05.2004

МЛЕЧНА КРИЗА Сашо Таневски Не е извесно дали денеска земјоделците во знак на протест поради настаните со млекото во прав ќе ги изнесат кравите пред Владата и ќе истураат млеко. Во текот на вчерашниот ден инспекторите од Ветеринарниот институт не ги соопштија резултатите од последните земени мостри ...

Јакимовски воведува лиценци за откуп на млеко

Вест - 17.05.2004

МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ ДИСЦИПЛИНИРА МЛЕКАРНИЦИТЕ Со издавањето лиценци за млекарниците ќе се овозможи двострано регулирање на односите млекар - млекарница и ќе се заштитат млекарите од самоволието на откупувачите, како што е случај во моментов кога со пр Наскоро млекото ќе може да ...

Фармерите бараат помош од државата за откупот на млекото

Утрински - 17.05.2004

Средба на Јакимовски со лидерот на земјоделците, Тантаров Министерот за економија, Стевче Јакимовски, и лидерот на земјоделците, Вељо Тантаров, во саботата имаа двочасовна средба на која Јакимовски порачал дека ќе им помогне на фармерите онолку колку што му го овозможуваат тоа неговите ингеренции и ...

В среда крави и млеко пред Владата?

Дневник - 17.05.2004

АКО НЕ СЕ РЕШИ МЛЕЧНАТА КРИЗА Поради прекинот на откупот на млеко, што трае повеќе од три дена, јасно е дека од утре никој не ќе може да ги задржи сточарите да не протестираат, тврди лидерот на земјоделците, Вељо Тантаров. Според него, протестите ќе почнат со блокирање на патиштата во земјава, а не ...