TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Камп-приколки за 20 најзагрозени фамилии

Дневник - 18.03.2006

СКУДРИЊЕ Жителите на Скудриње што во понеделникот беа евакуирани заради опасноста од големи одрони на камења од Владата ќе добијат камп-приколки за привремено сместување. Тим од експерти и министерот без ресор Владо Поповски вчера го посетија загрозеното подрачје во долнореканското село Скудриње ...

Распуканата карпа над Скудриње ќе се минира

Утрински - 18.03.2006

За да се отстрани опасноста за дваесетина куќи СКУДРИЊЕ - Распуканата карпа во селото Скудриње треба веднаш да се минира. Таа е поместена и веќе е нестабилна. Поради тоа, во секој момент постои реална можност, со мали и незначителни тектонски движења, делови од неа да се одронат, да се стркалаат и ...

Жителите на Скудриње стравуваат од камени одрони

А1 - 17.03.2006

Со торби и на трактори жителите на Скудриње ја спасуваа покуќнината од карпата што веќе пет дена се заканува да ги здроби нивните куќи. 20-тина семејства стравуваат дека камените одрони ќе им однесат се што нивните најблиски спечалиле на гурбет во Италија.

Скудриње на дневен ред на Владата

Време - 17.03.2006

КАМЕНА ЛАВИНА Опасноста од камена лавина во долнореканското село Скудриње, Дебарско, вчера доцна попладне требаше да се најде на дневен ред на Владата. Министрите требаше да расправаат за состојбата во која се наоѓаат жителите и да одлучат како да се справат со заканата од уривање на огромната ...

Камењата им влегоа во куќите

Време - 16.03.2006

ОДРОНИ ГИ ЗАГРОЗУВААТ ЖИТЕЛИТЕ НА СКУДРИЊЕ, ДЕБАРСКО Емил Зафировски Камена лавина се заканува да го проголта долнореканското село Скудриње, Дебарско, откако стотина камења завчера се одвоиле од падините на Дешат и со стрмоглава брзина покосиле 10 плевни.

Скудриње живее во страв под надвиснатите карпи

Дневник - 16.03.2006

ТРИ ДЕНА ПО ЛИЗГАЊЕТО НА ЗЕМЈИШТЕТО ВО ДОЛНА РЕКА Зоран Г. Маџоски Беше страшно. Одеднаш се слушна голема бучава, тропање, чиниш планината се корне, раскажуваат жителите на долнореканското село Скудриње за лизгањето на земјиштето во понеделникот, кое се закани да ги срамни нивните куќи.

Одрон го загрози Скудриње

Дневник - 15.03.2006

ОПШТИНА МАВРОВО-РОСТУШЕ Лизгање на земјиште во долнореканското село Скудриње завчера загрозило стотина жители, кои од страв ноќта ја минале во автомобили. - Откако жителите не известија, веднаш излеговме на терен и побаравме помош од Агенцијата за справување со кризи. Состојбата беше алармантна.

Одрони од карпи им ги рушат домовите на мештаните во Скудриње

Канал5 - 15.03.2006

Селаните од Мавровско Скудриње веќе три дена живеат во паника, стравуваат дека одронетите камења кои паѓаат од голема височина ќе им ги урнат куќите, бараат помош. Селаните од Мавровско Скудриње веќе три дена живеат во паника, стравуваат дека одронетите камења кои паѓаат од голема височина ќе им ги ...