TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата незадоволна од одлуката за затворање на случајот „Кингер“

А1 - 18.02.2007

Владата не е задоволна од одлуката на Обвинителството да го запечати досието за падот на претседателскиот „Кингер“ како пилотска грешка. На вчерашната седница Владата решила МВР да продолжи со своите предистражни дејствија и повторно да направи обид да ги разубеди обвинителите да го отворат ...

МВР повторно ќе бара Обвинителството да го отвори случајот со владиниот „Кингер“

Канал5 - 18.02.2007

Премиерот Никола Груевски денеска најави дека Министерството за внатрешни работи продолжува со предистражната постапка и оти повторно ќе се обиде да побара од Јавното обвинителство да го отвори случајот со падот на владиниот „Кингер“ во кој загина претседателот Борис Трајковски, членови од неговиот ...

Обвинителството ги отфрли дополнителните докази на МВР за "кингерот"

Вест - 17.02.2007

Новите докази што МВР на седми овој месец му ги испрати на Републичкото јавно обвинителство во врска со падот на владиниот "кингер" пред три години кај Мостар, кога загина претседателот Борис Трајковски, колегиумот на државното Обвинителство ги отфрлил.

Нема да има нова истрага за несреќата со владиниот „кингер“

Утрински - 17.02.2007

Обвинителството го отфрли посебниот извештај на МВР, бидејќи нема нови моменти за причините за падот на авионот Гордана Дувњак Нема да има нова истрага за несреќата со владиниот „кингер“, во која на 26 февруари 2004 година во близина на Мостар загина претседателот на државата, Борис Трајковски, ...

МВР не дало нови докази за „кингерот“

Дневник - 17.02.2007

Материјалите за досието „кингер“, што МВР ги доставило до Обвинителството, не нудат нови докази што би биле основа за повторна истрага за падот на авионот, утврдил вчера колегиумот на Републичкото јавно обвинителство. МВР до Обвинителството на 8 февруари годинава доставило посебен извештај за ...

Одлуката да не се отвора случајот „Кингер“ ги шокира семејствата на загинатите

Канал5 - 17.02.2007

Одлуката на јавното обвинителство дека нема да се отвори досието „Кингер“ ги шокираше семејствата на трагично загинатите. Одлуката на јавното обвинителство дека нема да се отвори досието Кингер ги шокираше семејствата на трагично загинатите.

Нема нова истрага за падот на "Кингерот"

Вечер Прес - 17.02.2007

ЈО утврдило дека посебниот извештај на МВР и доказите кои Министерството ги понудило, не претставуваат доказ кој содржи нови моменти значајни за утврдувањето на причините за падот на авионот. Од МВР официјално не ја коментираат одлуката Јавното обвинителство го отфрли барањето на МВР за покренување ...

Одбиено барањето за повторно отворање на случајот со „Кингерот“

А1 - 16.02.2007

Случајот „Кингер“ останува затворен. Обвинителството не смета дека треба да покрене нова истрага. Го одби барањето на МВР. Најновиот извештај на полицијата и изјавата на жител на Ротимље, за македонското обвинителство не биле нови и значајни докази за повторно да се активира истрага за смртта на ...

Не е точно дека имало преживеани по падот на „кингерот“

Време - 16.02.2007

ИЏЕТ МЕМЕТИ, ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА Сунчица Стојановска Не е точно дека имало преживеани по падот на авионот во кој загина претседателот Трајковски, вели Иџет Мемети, поранешен министер за правда, кој пред три години ги предводеше македонските екипи од иследници, обвинители, судска медицина и ...

МВР ќе протестира до Шврговски

Вест - 16.02.2007

ПОЛИЦИЈАТА НЕЗАДОВОЛНА ОД ТРЕТМАНОТ НА НОВИТЕ ДОКАЗИ ОКОЛУ ПАДОТ НА "КИНГЕРОТ" МВР денеска ќе му напише писмо на републичкиот јавен обвинител Љупчо Шврговски со кое ќе го запознае какви опструкции правел заменик - обвинителот Коле Штериев во однос на соработката со полицијата околу поднесените нови ...

Ќе лета обвинителот задолжен за „кингерот“

Дневник - 16.02.2007

Министерството за внатрешни работи ќе побара да биде сменет заменик-обвинителот , зашто смета дека го попречува собирањето докази со кои треба повторно да биде отворена истрага за авионот во кој загина претседателот Борис Трајковски со осуммина сопатници.

Нема нови докази за повторно отворање на досието „Кингер“

Канал5 - 16.02.2007

Обвинителството застана зад одлуката на обвинителот Коле Штерјов. По притисокот од полицијата за отворање нова истрага за случајот со урнатиот претседателски авион, колегиумот на обвинителството смета дека службената белешка и телевизискиот прилог што ги доставило МВР не се основа за повторно ...

Кога патував со „кингерот“, како стаклена волна да имав в грло

Време - 15.02.2007

СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ, ЕДИНСТВЕНИОТ ПРЕЖИВЕАН ВО АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА КАЈ МОСТАР Стојанка Митреска Стевчо Јакимовски, кој за влакно ја избегнал авионската несреќа со „кингерот“, сега, три години по загинувањето на претседателот Борис Трајковски и на осум негови соработници, за „Време“ сведочи за денот ...

Јавниот обвинител решен со уставните амандмани

Дневник - 15.02.2007

Одлуката јавниот обвинител да го предлага Владата, а да го избира Собранието „падна“ кога се носеа уставните амандмани и бидејќи стана дел од Уставот , немаше можност за расправа, изјавија вчера обвинителите и експертите што го подготвуваа законот за јавното обвинителство.

Т(р)ајна врска

Дневник - 15.02.2007

Ни новиот закон не ја прекина старата врска помеѓу владата и јавниот обвинител. Експертите, па и самите обвинители, велат дека ова прашање е решено со уставните амандмани кога беше одлучено владата да предлага кандидат за обвинител .

МВР се конфронтира со обвинителството за случајот „Кингер“

Канал5 - 15.02.2007

Досието „Кингер“ отвори фронт меѓу полицијата и обвинителството. Министерката Гордана Јанкуловска во писмо адресирано до Јавниот обвинител Љупчо Шврговски реагира дека неговиот подреден Коле Штерјов го минира обидот на МВР... Досието Кингер отвори фронт меѓу полицијата и обвинителството.

Банкарските сметки веќе не се тајна

Време - 14.02.2007

ЗАКОН ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО Јавниот обвинител ќе има право да врши увид во банкарските сметки, ќе врши истраги и ќе ги има сите овластувања на МВР за откривање кривични дела од областа на организираниот криминал. Ова е само дел од новините во предлог-законот за јавно обвинителство, чија верзија ...

Законите за Обвинителство тргнаа во процедура

Вест - 14.02.2007

Во Министерството за правда вчера беа промовирани Предлогот за донесување на закон за Јавно обвинителство и Предлогот за донесување закон за Совет на јавни обвинители, со кои треба да се обезбеди остварување на функцијата на јавниот обвинител, начинот на кој тој се избира, како и неговите ...

Се засилува улогата на јавниот обвинител во системот

Утрински - 14.02.2007

Новина е основање посебно јавно обвинителство за организиран криминал и корупцијата Министерот за правда, Михајло Маневски, вчера информира дека двата закона за Обвинителството се доставени до пратеничките групи во Собранието со цел да дадат определени мислења и сугестии.

Владата пак ќе предлага обвинител

Дневник - 14.02.2007

Јавниот обвинител и натаму ќе го предлага Владата, а ќе го именува Собранието стои во новиот предлог закон за Јавно обвинителство. Законот треба да му обезбеди поголема независност, автономија и поактивна улога на обвинителството во борбата против криминалот и корупцијата.

Обвинителите ќе добијат преголеми овластувања ако ја водат и истрагата

Канал5 - 14.02.2007

Концентрација на моќ и преголеми овластувања со кои тешко ќе се справат обвинителите ако им се даде правото да ја водат истрагата. Концентрација на моќ и преголеми овластувања со кои тешко ќе се справат обвинителите ако им се даде правото да ја водат истрагата.

Се симнува тајноста од банкарските сметки

Вечер Прес - 14.02.2007

Во Министерството за правда велат дека само во Македонија истражните постапки ги водат истражни судии, поради што оваа надлежност поминува во обвинителство Увидот во банкарски сметки не претставува банкарска тајна, предвидува новиот предлог-закон за јавното обвинителство.

Претставени новите надлежности на обвинителите

А1 - 13.02.2007

По неколку месеци подготовка, претставени се двата законски предлози за Јавно обвинителство и Обвинителски совет. За министерот за правда Маневски, со нив се зголемени овластувањата на јавните обвинителства кои досега ги имаше само во законот за кривична постапка.

МВР бара од Босна пристап на местото на несреќата

Дневник - 13.02.2007

Македонската полиција побарала од босанските власти пристап на местото каде што на 26 февруари 2004 година се урна авионот на претседателот Борис Трајковски , при што загинаа тој, шест члена на неговата делегација и двајца пилоти.

Законот за јавно обвинителство стокмен – владата и натаму ќе го предлага првиот обвинител

Канал5 - 13.02.2007

Јавниот обвинител и натаму ќе го бира Собранието по предлог на Владата. Советот на Обвинители ќе дава мислење за изборот на обвинител, но Владата не е обврзана да предложи нов кандидат доколку обвинителите дадат негативно мислење.