TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

МВР го идентификувала шверцерот на хероинот

Дневник - 13.03.2007

Македонскиот државјанин, што бил фатен со 30 килограми хероин во саботата на хрватско-српската граница на граничниот премин Бајаково, е В.С.(34) од тетовското село Требош , соопшти МВР. Според македонската полиција, В.С. подолго време престојувал во Италија, од каде што се вратил во земјава на 25 ...

Тетовецот сакал да го шверцува хероинот со влечна служба

Утрински - 13.03.2007

Триесет и четиригодишниот Вејсел Садику од тетовското село Требош е македонскиот државјанин кој во саботата ноќта беше уапсен од хрватската полиција откако преку граничниот премин Бајаково се обидел да прошверцува 30 килограми хероин.

МВР нема сознанија дали дрогата е натоварен во земјава

Вест - 13.03.2007

ПО АПСЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО ХРВАТСКА СО 30 КИЛОГРАМИ ХЕРОИН Македонската полиција не може да ги потврди сознанијата дека Весел Садики (34) од тетовското село Требош, кој за викендов беше уапсен со 30 килограми хероин на граничниот премин Бајаково меѓу Србија и Хрватска, дрогата ја ...

Нема докази дека хероинот е од Македонија

Вечер Прес - 13.03.2007

По завчерашните информации за приведување на македонски државјанин, кој е осомничен дека преку граничниот премин Бајаково меѓу Р. Србија и Р. Хрватска, во 53 пакети сакал да пренесе 29,5 килограми хероин, МВР по преземените мерки утврди дека се работи за В.С. (34) од с. Требош - Тетовско.

Весел Садики е уапсениот со хероин на хрватско-српската граница

А1 - 12.03.2007

Триесет и четири годишниот Весел Садики од тетовското село Требош е македонскиот државјанин кој вчера беше уапсен со 29,5 килограми хероин на граничниот премин Бајаково, меѓу Србија и Хрватска. Според Македонската полиција, Садики ја напуштил државата на почетокот на март и со својот автомобил со ...

Бугарија заплени 163 кила хероин за Австрија

Вест - 12.03.2007

СОФИЈА, 12 март (Ројтерс) - Бугарските цариници заплениле 163 килограми хероин во вредност од 20 милиони долари на граничен премин со Србија, соопштија вчера властите. Полицијата уапсила 42-годишен турски државјанин откако ја нашла дрогата скриена во неговиот камион што возел за Австрија.

Македонецот Вејсел Садику фатен со 29,5 килограми хероин на хрватската граница

Канал5 - 12.03.2007

Вејсел Садику од тетовското село Требош е македонскиот државјанин кој вчера беше фатен со 30 килограми хероин на граничниот премин Бајаково меѓу Србија и Хрватска. Вејсел Садику од тетовското село Требош е македонскиот државјанин кој вчера беше фатен со 30 килограми хероин на граничниот премин ...

Бугарите запленија хероин во вредност од 20 милиони долари

Утрински - 12.03.2007

Околу 163 килограми хероин вреден 20 милиони американски долари е запленет на бугарската граница со Србија. Дрогата била пронајдена во камион што го управувал 42-годишен турски ...

Македонец фатен со 30 килограми хероин

Дневник - 12.03.2007

Македонски државјанин бил фатен со 30 килограми хероин завчера на хрватско-српската граница, на граничниот премин Бајаково. Според хрватските медиуми, дрогата била откриена во автомобил со италијански регистарски таблички, сопственост на македонскиот државјанин, кој бил натоварен во српски камион ...

Македонски државјанин фатен со 30 кгр. хероин во Хрватска

Утрински - 12.03.2007

Дрогата била скриена во резервоарот за гориво на автомобил со италијански таблички Македонски државјанин и' падна в раце на хрватската полиција, откако во таа земја се обидел да прошверцува триесетина килограми дрога хероин. Дрогата била натоварена во Македонија, а била наменета за нарко пазарот во ...

Во вектра најден хероин

Вечер Прес - 12.03.2007

Наркотична дрога хероин викендов била запленета во возило опел вектра соопштува полицијата. Дрогата била најдена во автомобил кој го управувал 30-годишниот С.Р. од Битола. Полицијата имала сознанија дека битолчанецот поседува дрога, па во саботата попладне откако го забележале автомобилот извршиле ...

Запленети 163 кг хероин

Вечер Прес - 12.03.2007

Бугарските цариници запленија вчера на границата со Србија 163 килограми хероин вреден 20 милиони долари. Притоа е уапсен е 42-годишен турски државјанин, во чиј камион била пронајдена дрогата. "Ова е втора по големина запленета количина на хероин во Бугарија во изминатите пет години", соопшти ...