TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Ирак убиен министерот за надворешни работи

А1 - 12.06.2004

Заменик министерот за надворешни работи во привремената Влада во Ирак Башам Куба изутрината е убиен во областа Азимија, во близина на Багдад. Засега непознати напаѓачи од заседа отвориле оган врз неговото возило. Куба бил веднаш пренесен во болница каде што починал од здобиените повреди.

Русија и Франција против клучната улога на НАТО во Ирак

А1 - 11.06.2004

„НАТО има потреба од непријател, каков што имаше во минатото и затоа денес Алијансата бара ривал“, изјави синоќа рускиот претседател Владимир Путин, коментирајќи го предлогот на неговиот американски колега Џорџ Буш за поактивна улога на НАТО во Ирак.

Богатите ќе заборават дел од ирачкиот долг

Време - 11.06.2004

Г8 САМИТ Водачите на осумте најразвиени земји во светот, Германија, Италија, Франција, Канада, САД, Британија, Јапонија и Русија, завчера на американскиот остров Си Ајленд разгледуваа во кој правец да се развива повоен Ирак. Лидерите на Г-8 одлучиле да отпишат дел од ирачкиот долг, тежок 120 ...

Грција подготвена да плати за да не испраќа војници во Ирак

А1 - 10.06.2004

Грчкото Министерство за одбрана ја проучува можноста Владата да го откупи учеството на грчкиот контингент во евентуалната мисија на НАТО во Ирак, објавуваат денеска грчките медиуми. Весникот „Елефтеротипија“, повикувајќи се на соработниците на грчкиот министер за одбрана Спилиос Спилиотопулос, ...

САД и светот се договорија за Ирак

Време - 10.06.2004

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно изгласа нова резолуција за Ирак, со која прогласи дека за дваесетина дена Ирак ќе си го врати суверенитетот, а окупацијата ќе заврши. За резолуцијата гласаа и Русија, Германија и Франција, кои се спротивставуваа на американските ...

Андов: Го напишав тоа што го научив за Ирак

Време - 10.06.2004

ПРОМОЦИЈА Книгата „Источни патувања - Ирак“ е четиво во кое доминира политичката нота на проблемот, за кој авторот е експерт, но отвора и врски со другите жанрови. Тоа го кажа академикот Гане Тодоровски на вчерашната промоција на новата книга на либералот Стојан Андов, кој по минатогодишниот ...

ОН едногласно ја усвои новата американска резолуција за Ирак

Вест - 10.06.2004

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ, 10 јуни, (Ројтерс) - Советот за безбедност на Обединетите нации завчера едногласно ја усвои американско-британската резолуција со која формално завршува окупацијата на Ирак на 30 јуни, но малкумина веруваат дека ова ќе го спречи секојдневното крвопролевање.

Три начини како да се заработат пари во Ирак

Време - 10.06.2004

РЕПОРТАЖА Скот Тејлор, специјално за „Време“ од Ирак Се уште не бев пристигнат во куќата на мојот пријател и колега во Багдад Анмар ал-Сади, а тој гордо ми ја кажа цената на мојата глава. - Ми понудија 2.000 американски долари ако следниот пат кога ќе дојдеш во Ирак, те предадам како заложник - ...

Сувереноста на Ирак ќе биде целосна, со помош од странските сили

Утрински - 10.06.2004

Едногласно изгласана новата Резолуција на Обединетите нации за Ирак Зебари: Значењето на Резолуцијата е да се отстрани концептот на окупацијата - главната причина за големиот број несогласувања БАГДАД - На Ирак ќе му бидат потребни странските сили за да се бори против бунтовниците дури и по ...

Книга на Стојан Андов "Источни патувања-Ирак"

Утрински - 10.06.2004

ПРОМОЦИЈА По објавувањето на првата книга под наслов "На мој начин", Стојан Андов, првиот претседател на повеќепартиското Собрание на Република Македонија, долгогодишен политичар и амбасадор на СФРЈ во Ирак, вчера пред македонската јавност ја претстави својата најнова книга, насловена како "Источни ...

САД ги разочараа ирачките Курди

Дневник - 10.06.2004

ОН УСВОИЈА РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ИРАК За ова не се боревме, не се жртвувавме - изјави министерката Насрин Бервари Ирачките Курди жестоко реагираа на новата резолуција за Ирак, која ја усвоија Обединетите нации, затоа што во неа нема гаранции за автономија на Курдите во трите северни провинции, јави Ројтерс.

Лавров „Русија ја поддржа резолуцијата за Ирак“

А1 - 09.06.2004

Русија ја поддржа резолуцијата на Советот за безбеднсот за Ирак бидејќи смета дека временото раководство на земјата има легитимност, а во документот се предвидува ирачка контрола врз коалициските сили раководени од САД, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Советот за безбедност усвои нова резолуцијата за Ирак

А1 - 09.06.2004

Советот за безбедност на ОН синоќа едногласно ја усвои Предлог-резолуцијата за „воспоставување целосен суверенитет на Ирак и официјален прекин на странската воена окупација во земјата“, која ја предложија САД и Велика Британија.

Промоција на книгата „Источните патувања - Ирак“

А1 - 09.06.2004

Источните патувања на Стојан Андов на македонскиот читател треба да му ги доближат луѓето, животот и пределите на Ирак, како и историјата на древната Месопотамија и некои се уште актуелни политички прашања. Иако географски далечни, Македонија и Ирак ги сврзуваат историски врски.

Фајненшал тајмс : „САД вршат притисок врз НАТО за негов ангажман во Ирак“

А1 - 09.06.2004

САД вршат притисок врз НАТО, со цел да го убедат да прифати ангажман во Ирак, објави денеска германското издание на весникот „Фајненшал тајмс“. Весникот тврди дека шефот на Централната команда на САД генерал Џон Абизејд на вчерашната средба во Брисел со амбасадорите на земјите-членки на Алијансата ...

Стојан Андов напиша книга за патувањата низ Ирак

Вест - 09.06.2004

ПРОМОЦИЈА ВО ДОМ НА АРМ Денес (12 часот) во Домот на АРМ Стојан Андов ќе ја промовира неговата книга "Источни патувања -Ирак". Книгата на Андов содржи негови патувања, средби и разговори со луѓе од различни средини за време на неговиот престој во Ирак како амбасадор на екс СФРЈ.

Франција ќе ја поддржи Нацрт-резолуцијата за Ирак

Утрински - 09.06.2004

Отстранета последната пречка за постигнување договор во ОН Мишел Барние - Франција се уште има одредена резервираност, но ова нема да ги спречи позитивно да се изјаснат на гласањето ПАРИЗ - Франција соопшти дека ќе ја поддржи резолуцијата за иднината на Ирак, за која треба да се гласа во Советот за ...

Стојан Андов , долгодишниот амбасадор на веќе непостоечката СФРЈ во Ирак , својата работа ја стави на хартија

Канал5 - 09.06.2004

Стојан Андов , долгодишниот амбасадор на веќе непостоечката СФРЈ во Ирак , својата работа ја стави на хартија .. ,,Источни патувања –Ирак,, се вика неговата последна книга , која беше промовирана денеска.. Што било пресудно за да ја напише? Вели Стојан Андов , долгодишниот амбасадор на веќе ...

Советот за безбедност постигна согласност за предлог резолуцијата за Ирак

А1 - 08.06.2004

Земјите-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации постигнаа согласност за четвртата Предлог-резолуција за Ирак, предложена од страна на САД и Велика Британија, соопштија претставниците на САД и на Германија во ОН. Претставникот на САД во ОН Џон Негропонте, кој на 1 јули стапува на ...

Полска побара НАТО да ја преземе командата во Ирак

А1 - 08.06.2004

Полска побара НАТО да ја преземе од неа командата со мултинационалните сили во Ирак, пишува лондонски „Фајнаншел тајмс“. Весникот вели дека ова барање на Полска го поддржуваат и други земји, чии војници учествуваат во коалиционите сили на ирачкото боиште.

Ирак и САД со план за воено партнерство до нова резолуција на ОН

Вест - 08.06.2004

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ, 8 јуни, (Ројтерс) - Ирак и САД се обидоа да го расчистат патот за усвојување на нова резолуција на ОН со изготвувањето план за воено партнерство откако ќе заврши окупацијата на 30 јуни. Американскиот амбасадор Џон Негропонте изјави дека новата резолуција беше презентирана и рече ...

Русија се уште не е задоволна од резолуцијата за Ирак

Утрински - 08.06.2004

Обединети нации МОСКВА - Русија е задоволна од промените во дополнетата американско-британска резолуција на Советот за безбедност на ОН, за иднината на Ирак, но сў уште е резервирана поради текстот, изјави вчера висок дипломат.

САД и Ирак ќе бидат воени партнери

Дневник - 08.06.2004

СМЕНА НА ВЛАСТА ВО ИРАК Багдад и Вашингтон постигнаа договор за воено партнерство по 30 јуни, кога официјално ќе заврши сојузничката окупација на Ирак, јави Ројтерс. Цел на договорот е да се овозможи усвојување на новата американска резолуција за Ирак во Советот за безбедност на Обединетите нации, ...

Македонија не заслужува да биде на одмазднички листи

Дневник - 08.06.2004

СТОЈАН АНДОВ УТРЕ ЈА ПРОМОВИРА КНИГАТА ЗА ИРАК Крвопролевањата ќе продолжат ако не се забрза процесот на враќање на интегритетот на Ирак, вели Андов "Источни патувања - Ирак" е втората книга на Стојан Андов, во која тој зборува за некогашна Месопотамија, лулка на цивилизацијата.

Во Ирак убиени 40 лица во последниве два дена

А1 - 07.06.2004

Еден американски војник е убиен, а друг повреден во престрелка во близината на Багдад, соопшти денеска американската армија. Во два одвоени инциденти, вчера во Ирак загинаа пет странски државјани. Двајца Полјаци и двајца Американци се убиени во Багдад при нападот на нивниот конвој.