TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Владата не се офајди од акциите во телекомот

Дневник - 10.06.2006

Владата инкасира само 62,8 милиони евра од планираните 275 милиони евра од продажбата на 45,12 отсто државните акции во „Македонски телекомуникации“ во текот на петдневната јавна берзанска аукција. Се продаде само еден пакет со 9,9 отсто акции од понудените четири и 394.335 акции од вкупно ...

Владата продаде државен имот за 100 милиони евра

Време - 10.06.2006

ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ПРЕД ИЗБОРИТЕ Владимир Николоски Безмалку 100 милиони евра инкасира Владата од распродажбата на државен капитал и градежно земјиште на триесетина дена пред почетокот на изборите. Се продадоа акциите што ги поседуваше ПИОМ во 18 македонски компании, синџирот градски аптеки во Скопје, ...

Владата заработи само 2,5 милиони евра

Време - 10.06.2006

ЗАВРШИ ПРОДАЖБАТА НА ДРЖАВНИТЕ АКЦИИ Вкупно 2,5 милиони евра заработи Владата од повеќе од 404.000 акции во „Македонски телекомуникации“ што изминативе три дена се продаваа на парче на Македонската берза. На вчерашниот ден беа истргувани вкупно 86.293 обични акции по 390 денари за акција.

Фијаско на Владата со продажбата на акциите во „Телеком“

Утрински - 10.06.2006

Од вкупно 45 отсто акции предвидени за продажба, се продадоа само 10,31 отсто ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА Владата не ги продаде сите планирани државни акции во „Македонски телекомуникации“. Продажбата доживеа фијаско. Во текот на петдневната јавна берзанска аукција, државата успеа да отуѓи еден само еден од ...

Владата собра близу 63 милиони евра од акциите во Телеком

А1 - 09.06.2006

Заврши аукциската продажба на државните акции во Македонски телекомуникации. Од планираните 270 милиони евра, Владата собра близу 63 милиони евра или само 23%. Единствен заинтересиран беше самиот Телеком. Уште првиот ден купи пакет акции од 10%. Плати 60 милиони евра во кеш.

Акциите во телекомот на продажба уште денеска

Време - 09.06.2006

ДРЖАВНИОТ КАПИТАЛ НЕИНТЕРЕСЕН Само 180.000 евра инкасира Владата од државните акции во „Македонски телекомуникации“, на четвртиот ден од продажбата на капиталот во најпрофитабилната домашна компанија. Се продаваа само слободните акции, а немаше ниту еден заинтересиран за трите пакети од по 9,9 ...

Слаб одѕив за државните акции во „Телеком“

Утрински - 09.06.2006

БЕРЗА Продажбата на државните акции во „Телеком“ има слаб одѕив. Вториот, третиот и четвртиот пакет акции кои се понудија вчера на Берзата не беа купени. Се продадоа само мал број акции од пакетот што можат да се купат на парче. Од пакетот на т.н.

Дебакл со продажбата на државните акции на „Телеком“

Канал5 - 09.06.2006

Министерството за економија следната недела нема да ги понуди на берза државните акции од Телеком кои не се продадоа. Министерството за економија следната недела нема да ги понуди на берза државните акции од Телеком кои не се продадоа.

Никој не ги купи акциите на Телеком

Вечер Прес - 09.06.2006

На Македонската берза вчера немаше интерес за купување на вториот, третиот и четвртиот пакет државни акции во Телеком, кои беа понудени на продажба. Пакетите содржат по 9,9 проценти акции, а повторно ќе бидат понудени на Берзата денеска.

Слаб интерес за акциите на парче од телекомот

Дневник - 08.06.2006

Слаб беше интересот на купувачите на државните акции во „Македонски телекомуникации“ што вчера беа понудени на продажба по парче на Македонската берза. На јавната берзанска аукција се продадоа 270.504 акции со 240 трансакции за 109 милијарди денари, односно за околу 1,8 милион евра.

Владините луѓе остануваат во Телеком

Вест - 08.06.2006

НОВ ПАЗАР НА УНГАРЦИТЕ И ВЛАДАТА Владата и по продажбата на 9,9 отсто од државниот капитал, иако има помалку од 40 отсто од акциите кои и носат право на управување, и останува правото на четворица претставници во Бордот иако согласно Законот, по последната трансакција правото на гла Тројцата ...

Продадени само 279.000 акции за 1,8 милион евра

Време - 08.06.2006

СЛАБ ИНТЕРЕС ЗА ДРЖАВНИТЕ АКЦИИ ВО ТЕЛЕКОМОТ На македонската берза вчера преку 240 трансакции вредни 1,8 милион евра се продадоа само околу 0,29 отсто од државните акции во „Македонски телекомуникации“. На продажба беа понудени 5.295.090 акции, а се тргуваше со 279.504 акции.

Повторно слаб одѕив за акциите на Телеком

Канал5 - 08.06.2006

И денеска слаб интерес за акциите на државата во Телеком. Од понудените 5 и пол проценти за граѓаните продадени се 28 илјади и петстотини акции. По цена од 390 денари. Државата инкасира само 182 илјади евра. И денеска слаб интерес за акциите на државата во Телеком.

Продадени 5% од малцинскиот пакет акции на Телеком

А1 - 07.06.2006

На првиот ден од аукциската продажба на малцинскиот пакет се продадоа 5% од вкупно понудените 5,3 милиони акции. Државата заработи 1,8 милиони евра. Купувачи се обични граѓани, мали бизнисмени и инвеститори. Купуваа од една акција до максимално можните 5.200 акции. Брокерите велат, можеше и подобро.

Нема заинтересираниза државните акции во телекомот

Време - 07.06.2006

ОТКАКО „МАЃАР ТЕЛЕКОМ“ ЈА ЗАЦВРСТИ ПОЗИЦИЈАТА Немаше ниту еден заинтересиран купувач за вториот пакет државни акции од „Македонски телекомуникации“ на вчерашната берзанска аукција. Првиот пакет од 9,9 отсто од капиталот завчера го купија доминантните сопственици на компанијата за 60 милиони евра.

Не се продаде вториот пакет акции во телекомот

Дневник - 07.06.2006

Денеска ќе се продава удел од 5,52 отсто акции, кои ќе можат да ги купат и граѓаните по цена од 389 денари за акција Не се продаде вториот пакет од 9,9 отсто државни акции во „Македонски телекомуникации“ со вредност од 60,3 милиони евра на вчерашната јавна берзанска аукција.

Граѓаните незаинтересирани за акциите на „Телеком“

Канал5 - 07.06.2006

Граѓаните не сакаат акции во „Телеком“. Денеска на берза им се понуди да купат, но одѕивот остана минимален. Државата од 5,5 те проценти што им ги даде на продажба очекуваше 33,6 милиони евра ќари скромни 1,8 милиони. Граѓаните не сакаат акции во Телеком .

Владата ем продава ем купува во Телеком

Вест - 07.06.2006

ДРЖАВАТА КАКО АКЦИОНЕР ВО МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ ОТУЃИ САМО 5,82 ОТСТО ОД СВОИТЕ АКЦИИ Со продажбата на државниот пакет од 9,9 отсто, Владата отуѓи само 5,82 отсто од своите акции во Телеком, затоа што и државата е еден од сопствениците на капиталот на Македонски телекомуникации, кој се јави ...

Протести пред Македонски Телекомуникации

Макфакс - 07.06.2006

Скопје Невладината организација „Импулс“ за денеска најави масовен протест пред зградата на „Македонски Телекомуникации“ (МТ) во Скопје, како знак на незадоволство од завчерашното продавање на пакетот акции кои државата ги поседува во МТ.

Нема интерес за вториот пакет државни акции

Вечер Прес - 07.06.2006

Не се продаде вториот пакет од 9,9 проценти од државниот капитал во Телеком што вчера беше понуден на берза, бидејќи на аукцијата не се јави ниту еден заинтересиран купувач. Пакетот на продажба ќе биде повторно ставен денеска.

Крах на втората аукциска продажба на акциите во Телеком

А1 - 06.06.2006

Крах на втората аукциска продажба на акциите во Телеком. За вториот пакет од 9,9% државни акции не се јави ниту еден купувач. Автоматски овие акции на берзата повторно ќе се понудат утре, заедно со третиот пакет и со акциите наменети за слободна продажба, кои ќе можат да ги купуваат и граѓаните.

Државата продаде пакет акции од „Телеком“ за 60 милиони евра

Утрински - 06.06.2006

„Маѓар телеком“ вчера купи 9,9 отсто државни акции Унгарски „Маѓар телеком“, според неофицијални информации, преку својата компанија-ќерка „Македонски телекомуникации“ вчера купи пакет од 9,9 отсто државни акции во телекомуникациската компанија. За пакетот акции ќе плати над 60 милиони евра.

Вториот пакет акции на државата во Телеком остана непродаден

Канал5 - 06.06.2006

Државата не доби ниту едно евро за вториот пакет акции што ги поседува во Телеком. Ниту една понуда не пристигна на денешната берзанска аукција, на која државата понуди 9,9 проценти по почетна цена од 389 денари Државата не доби ниту едно евро за вториот пакет акции што ги поседува во Телеком.

Унгарците си докупија акции во телекомот?

Време - 06.06.2006

ВЛАДАТА ЗАРАБОТИ 60 МИЛИОНИ ЕВРА Експресно, за само пет минути, вчера на македонската берза се продаде првиот пакет акции што државата ги продава од „Македонски телекомуникации“, за кој купувачот што беше единствен понудувач ќе плати 60 милиони евра.

„Маѓар телеком“ го купи пакетот за две секунди

Дневник - 06.06.2006

Денеска на берзата ќе се продава вториот од четирите пакети од 9,9 отсто акции, а утре 5,5 отсто акции ќе се понудат на слободна продажба „Маѓар телеком“ го купи првиот пакет од 9,9 отсто државни акции во „Македонски телекомуникации“ по почетната цена од 389 денари за акција, вчера, на Македонската ...

Неуспешна продажбата на вториот пакет на државните акции во Телекомот

Макфакс - 06.06.2006

Скопје Владата денеска не успеа да ги продаде вториот пакет од 9,9 проценти акции во „Македонски телекомуникации“, ден откако за првиот инкасира 60 милиони евра. Утре во слободна продажба владата ќе понудени 5,5 отсто од акциите од кои граѓаните ќе можат да купуваат по минимум една, за почетна цена ...

На продажба уште 10% од државните акции во Телеком

Макфакс - 06.06.2006

Скопје Владата денеска на аукција го продава вториот пакет од 9,9 проценти акции во “Македонски телекомуникации“, ден откако за првиот инкасира 60 милиони евра. Малцинскиот пакет државни акции во „Македонски телекомуникации“ е 45 проценти за кои владата до крајот на оваа недела очекува да добие ...

"Маѓар телеком" купи 9,9 проценти од Телеком

Вечер Прес - 06.06.2006

Експресно е продаден првиот пакет од 9,9 проценти од државните акции на "Македонски телекомуникации", на само пет минути по отворањето на јавното берзанско наддавање. На аукцијата вчера се јави еден купувач за пакетот од 9.488.040 акции и плати 60,3 милиони евра.

Владата ги продава акциите во Телеком

А1 - 05.06.2006

Денеска помина првиот пакет од 10% државен капитал во Телеком. Имаше само еден купувач. Лицитацијата заврши експресно брзо, за само пет минути. Неофицијално, новиот сопственик на првиот пакет државни акции во Телеком е Македонски телекомуникации.

Маџар Телеком купи уште 10% од акциите во Мактел

А1 - 05.06.2006

Маџар Телеком стана газда на уште 10% од акциите во Мактел. Ги купи денеска на берза за 60 милиони евра, како последен чекор за уште повеќе да си ја зајакне монополската позиција во земјава. „Трансакцијата е со вкупна вредност од 60 милиони евра.

Продаден првиот пакет државни акции во „Телеком“ преку Берза

Канал5 - 05.06.2006

Македонски телекомуникации го купи првиот пакет акции кои државата ги поседуваше во „Телеком“. Трансакцијата заврши експресно за пет минути. Немаше надавање бидејќи имаше само еден заинтересиран купувач. Македонски телекомуникации го купи првиот пакет акции кои државата ги поседуваше во Телеком .

Владата ги продава акциите во Македонски телекомуникации

Макфакс - 05.06.2006

Скопје Македонската влада од денеска до петок преку аукциска продажба ќе го продава малцинскиот пакет државни акции од 45 проценти во „Македонски телекомуникации“ за кои очекува да добие околу 270 милиони евра На Македонската берза ќе се понудат четири пакети од по 9,9 отсто акции за финансиски ...

60 милиони евра за 10% од државните акции на Телеком

Макфакс - 05.06.2006

Скопје Македонската влада денеска експресно го продаде првиот пакет од 10 проценти во Македонски телекомуникации за сума од 60 милиони евра. Неофицијално, новиот сопственик на овој пакет акции е „Македонски телекомуникации“, односно „Маѓар телеком“, а берзанската трансакција е направена за само пет ...

Од денеска на продажба државните акции во Телеком

Вечер Прес - 05.06.2006

На Македонската берза, од денеска до петок, преку јавна аукција ќе бидат понудени на продажба државните акции во "Македонски телекомуникации". Ќе се продава 45,12 проценти од капиталот на компанијата, кој номинално е проценет на 275 милиони евра.