TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија е се поблиску до покана за НАТО

А1 - 13.01.2008

Македонија е се поблиску до покана за НАТО, единствен проблем и евентуален кочничар е името. Дефинитивната политичка одлука ќе се донесе во март. Во тој контекст е и најновиот извештај на Северноатлантскиот совет следната недела, кога доаѓа и премиерот Груевски со шефот на дипломатијата Милошоски, ...

Непотребно е да се изјаснуваме за името

Време - 12.01.2008

РЕФЕРЕНДУМ Непотребна и задоцнета е иницијативата да се одржи референдум на кој Македонците треба да се изјаснуваат на прашањето „Дали сте за тоа Македонија да стане членка на НАТО со променето уставно име, погазена национална гордост и редефиниран национален идентитет“.

НАТО не' пофалило дека сме постигнале напредок

Утрински - 12.01.2008

Македонија постигнала напредок во последните седмици во поглед на исполнувањето на обврските кон НАТО и за тоа била пофалена од Брисел, се неофицијалните информации за тоа што се разговарало на седницата на Комитетот за интеграција на Македонија во НАТО во четвртокот доцна попладне.

Романија го поддржува приемот на Јадранската група во НАТО

Дневник - 12.01.2008

Романскиот претседател Трајан Басеску изјави вчера дека Романија безрезервно го поддржува приемот на Македонија, Албанија и на Хрватска во НАТО. Басеску ова го изјави по средбата со генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер во Букурешт, само неколку месеци пред самитот на врвот на НАТО во ...

Грчкото вето за НАТО - реалност или само закана?

Дневник - 12.01.2008

Американскиот преговарач Ричард Холбрук очигледно многу добро знаел со каков проблем се соочува при преговарањето за Привремената согласност, па во неа вградил конкретен правен механизам со кој ќе се гарантира доследно спроведување на обврските на страните (односно не оставил дискрецијата на ...

Никој не сака референдум за НАТО

Вечер Прес - 12.01.2008

Романија безрезервно го поддржува проширувањето на НАТО со Македонија, Албанија и Хрватска, порача романскиот претседател Басеску по средбата со Шефер во Букурешт Пратениците и граѓаните се против идејата да се организира референдум за тоа дали сакаме земјата да влезе во НАТО и дали прифаќаме тоа ...

Грчки весник ни најавува „полуприем“ во НАТО

Време - 11.01.2008

ПОРАКА ОД АТИНА Грчкиот весник „Имерисија“ тврди дека САД подготвиле нова можност за „полуприем“ на Македонија во НАТО, под која Македонија ќе добие покана за членство, но таа да биде активирана само по ратификацијата на парламентите на сите 26 држави-членки на НАТО, меѓу кои е и Грција.

НАТО не сака да го решава спорот околу името

Утрински - 11.01.2008

За тоа е одговорен господинот Нимиц, а не јас, изјави Јап де Хоп Шефер за „Утрински“ Од нашиот дописник Слободанка Јовановска Брисел - Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, се огради вчера од спорот за името меѓу Македонија и Грција.

За НАТО или името - на референдум

Дневник - 11.01.2008

Зачленувањето во НАТО може да и' штети на Македонија, сметаат 105 подносители на иницијатива со која од претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски бараат да почне процедура за референдум. Потписниците на иницијативата бараат граѓаните на референдум да се изјаснат за прашањето:“Дали сте за тоа ...

Непотребна иницијатива и залудно трошење енергија

Канал5 - 11.01.2008

Иницијативата за референдум за НАТО и името нема поддршка меѓу парламентарните партии - сметаат дека би било залудно трошење енергија. Референдумското прашање што го предлага Љубе Петревски од демирхисарското село Единаковци - “Дали сте за тоа, Република Македонија да стане членка на НАТО со ...

Шефер: НАТО е подготвен за евентуално насилство на Косово

Канал5 - 11.01.2008

Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер оцени дека постојат сосема мали шанси да биде постигнато договореното решение за статусот на Косово и да биде усвоена нова револуција на Советот за безбедност на ОН, како би ја заменила сегашната Резолуција 1244.

Шефер: Самитот на НАТО во Букурешт ги има сите шанси да биде клучен за историјата на Алијансата

Канал5 - 11.01.2008

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер, кој денеска пристигнува во посета на Букурешт, во интервју за весникот „Котидианул“ оцени дека Романија е една од најдобрите членки на Алијансата. Букурешт, 11 јануари (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер, кој денеска пристигнува во ...

Името ни е побитно од НАТО

Вечер Прес - 11.01.2008

Според предлогот, граѓаните ќе треба да се изјаснат по прашањето: "Дали сте за тоа Република Македонија да стане членка на НАТО со променето Уставно име, погазена национална гордост и редифиниран национален идентитет" Граѓаните со референдум да ја отфрлат можноста да се промени уставното име за ...

Грците ги чекаме со високи надежи од Брисел

Време - 10.01.2008

ЈАНУАРСКИ ОЧЕКУВАЊА ЗА НАТО И ЗА ИМЕТО Преговорите за името ќе продолжат во последната недела од јануари и ќе се одржат во Скопје или во Охрид. Македонските власти чекаат преговарачот Никола Димитров, кој моментално е во Брисел, да пристигне во земјава за да се договорат деталите.

Чекајќи го НАТО

Утрински - 10.01.2008

ЕДИТОРИЈАЛ ДИМИТАР ЧУЛЕВ Приемот во Северноатлантската алијанса е политичка одлука и оттаму депешата на грчкиот амбасадор во Вашингтон, Александар Малјас, дека САД подготвуваат покана за членство на Македонија во НАТО, добива соодветна специфична тежина.

Референдум за приемот на Македонија во НАТО

Канал5 - 10.01.2008

На три месеци пред НАТО симитот во Букурешт, до претседателот на Собранието е доставено барање да се започне со постапка на собирање на 150 илјади потписи за да се одржи референдум за зачленувањето на Македонија во НАТО. На три месеци пред НАТО симитот во Букурешт, до претседателот на собранието е ...

Американски план за името – по ФИРОМ во НАТО

Канал5 - 10.01.2008

„Грција да не стави вето на приемот на Македонија во НАТО под привременото име на букурешкиот самит на алијансата, а прашањето за името да се затвори до ратификацијата на пристапниот договор во грчкиот парламент“. Тоа според медиумите во Атина е новиот американски план со кој би се остварила ...

Вашингтон со покана за НАТО, Нимиц со нов предлог

Време - 08.01.2008

СПОРЕД ГРЧКИ „ЕТНОС“ Вашингтон се подготвува во април да испрати до Скопје покана за членство во НАТО, додека Метју Нимиц, посредникот на Обединетите нации во спорот за името меѓу Атина и Скопје, најверојатно подготвува нов предлог, објави вчера грчкиот весник „Етнос“.

Првите сигнали кон крајот на јануари

Време - 08.01.2008

НАТО ОПТИМИЗАМ Првите сигнали за влез на Македонија во НАТО се очекуваат за околу две недели. На 23 јануари во Брисел на состанокот на Северноатлантскиот совет, владиниот тим, предводен од премиерот Никола Груевски, се надева на добар прием од НАТО амбасадорите.

„Етнос“_ САД подготвуваат покана за членство на Македонија во НАТО

Утрински - 08.01.2008

Соединетите Американски Држави подготвуваат покана за членство на Македонија во НАТО. Ова го пишува грчкиот весник „Етнос“, според кој за ваквата намера на САД, грчкиот амбасадор во Вашингтон, Александрос Маљас, со телеграма ја информирал Атина.

САД подготвуваат покана за членство на Македонија во НАТО

Дневник - 08.01.2008

Соединетите Американски Држави подготвуваат покана за членство на Македонија во НАТО, објави вчера грчкиот весник „Етнос“. Според весникот, за ваквата намера на САД, Атина со телеграма ја информирал грчкиот амбасадор во Вашингтон, Александрос Малјас.

Вашингтон и Атина се во тивка војна

Вечер Прес - 08.01.2008

За да ја разубеди Америка, Караманлис има намера да ја посети Белата куќа и лично претседателот Џорџ Буш. Главен адут му се грчките гласачи во САД Американските власти се подготвуваат да испратат покана за членство на Македонија во НАТО.

„Етнос“: САД подготвуваат покана за Македонија за НАТО

А1 - 07.01.2008

Американската администрација уште во ноември донела политичка одлука за прием на сите три членки на јадранската група во НАТО, дознава А1 од високи дипломатски извори. Одлуката е донесена по посетата на Скопје на амбасадорката на САД во НАТО Нуланд.

НАТО: Исполнети критериумите за членство

А1 - 07.01.2008

Земјите членки на НАТО пред донесувањето одлука за приемот на Македонија оценуваат, дека земјата главно ги исполнува критериумите за членство, но сите се во очекување што ќе направи Грција, велат дипломатски извори во Брисел.

„Етнос“: САД подготвуваат покана за членство на Македонија во НАТО

Канал5 - 07.01.2008

„Вашингтон се подготвува во април годинава да му испрати на Скопје покана за членство во НАТО“ тврди грчки Етнос, но и дека истовремено посредникот за името, медијаторот Нимиц, подготвува нов предлог. Вашингтон се подготвува во април годинава да му испрати на Скопје покана за членство во НАТО тврди ...

„Етнос“: САД подготвуваат покана за членство на Македонија во НАТО

Макфакс - 07.01.2008

Атина Соединетите Американски Држави (САД) подготвуваат покана за членство на Македонија во НАТО. Ова денеска го пишува грчкиот весник „Етнос“, според кој за ваквата намера на САД, Атина со телеграма ја информирал грчкиот амбасадор во Вашингтон Александрос Маљас.