TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Младинската ракометна селекција не обезбеди пласман за наредното СП

А1 - 20.04.2003

Младинската ракометна селекција на Македонија не успеа да обезбеди пласман на наредното Светско првенство во Бразил, откако во решавачкиот дуел на квалификацискиот турнир во Анкара, доживеа пораз од Шведска. 29:26 загубија нашите надежи и пропуштија шанса на мундијалот во август да го потврдат ...

Ракомет: Јуниорите се вратија во игра за пласман на СП во Бразил

А1 - 19.04.2003

Македонската машка ракометна јуниорска репрезентација се врати во игра за пласман на светското првенство во Бразил по денешната победа од 37:31 над селекцијата на Турција во второто коло од квалификацискиот турнир во Анкара. Утрешната средба од завршното коло на македонските јуниори со составот на ...

На стартот пораз од Хрватска

Вест - 19.04.2003

Ракомет, квалификации за СП во Бразил-јуниори Јуниорската репрезентација на Македонија е поразена со 19:21 (11:9) од соодветната селекција на Хрватска, во рамките на првото коло од квалификациите за СП Бразил, што се одржуваат во главниот град на турција, Анкара.

Хрватска одново непремесотлива пречка

Утрински - 19.04.2003

Македонија со пораз (19:22) ги почнаа квалификациите за јуниорското СП во ракомет Машката јуниорска ракометна репрезентација на Македонија загуби од Хрватска со 19:22 (9:11) во првото коло од втората квалификациска група во Анкара за Светското првенство што од 24 август до 6 септември ќе се одржи ...

Пораз на нашите ракометни јуниори од Хрватска

А1 - 18.04.2003

Долгото, 28-часовно авантуристичко автобуско патешествие до Анкара го наплати данокот. Македонските ракометни јуниори денеска се поразени од Хрватска, во првиот настап на турнирот во турската престолнина на втората квалификациска група за пласман на Светското првенство во Бразил.

Прв противник должникот Хрватска

Утрински - 18.04.2003

Јуниорите денеска ги почнуваат квалификациите за СП Машките јуниорски ракометни репрезентации на Македонија и на Хрватска со денешниот меѓусебен натпревар од 13 ч. во Анкара ќе го отворат квалификацискиот турнир од втората група за Светското првенство што од 24 август до 6 септември ќе се одржи во ...

За Анкара како на ескурзија - со автобус

Вест - 17.04.2003

ВЛАДАТА ШТЕДИ, МЛАДИТЕ РАКОМЕТАРИ СТРАДААТ Само што се врати од Балканијадата во Грција, каде освои еден златен и еден бронзен медал, нашиот машки младински ракометен национален тим мораше да замине за Турција - со автобус. На младинците од 18 до 20 овој месец во тамошната престолнина Анкара им ...

Јуниорите со автобус на пат за Бразил!

Утрински - 17.04.2003

Балканските ракометни прваци прексиноќа заминаа за Анкара на квалификациите за СП РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ На квалификацискиот турнир во Анкара, како попатна станица за Светското првенство во Бразил, македонските ракометни јуниори заминаа со - автобус.

Не е хумано со автобус до Анкара

Дневник - 17.04.2003

РАКОМЕТ Ова не е хумано кон ракометарите, но тие се млади и ќе издржат и се надеваме на добри резултати, вели Душко Кадиевски, претседателот на РФМ Само поради административни пречки, машката младинска репрезентација на Македонија на квалификациите во Турција отпатува со автобус, наместо со авион ...

Mашката ракометна јуниорска репрезентација со автобус патува до Анкара

А1 - 16.04.2003

Македонската машка ракометна јуниорска репрезентација долго, со автобус патува до Анкара, каде што викендов ќе се одржи квалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство во Бразил. Веднаш по враќањето од успешниот настап на Балканијадата во Грција, нашите ракометни надежи рано утрово ...

И младинците со прв пораз

Вест - 16.04.2003

РАКОМЕТ - БАЛКАНИЈАДА ВО ГРЦИЈА Нашиот машки младински ракометен национален тим го доживеа првиот пораз на Балканијадата во грчкиот град Аминдео. По петте позитивни резултати, од кои и против Бугарија во сениорска конкуренција, нашите ракометари потклекнаа пред првиот тим на Турција, од која беа ...

Прв пораз на јуниорите, втор на јуниорките

Утрински - 16.04.2003

Македонските елекции загубија во 2. коло на сениорската Балканијада Неуспешен ден и за двете јуниорски ракометни репрезентации на Македонија во второто коло на Балканијадата за сениори во Грција. По стартната победа над Бугарија од 31:26, јуниорите загубија од сениорскиот состав на Турција со 26:33 ...

Младинците од автобус ќе бркаат пласман на СП

Дневник - 16.04.2003

РАКОМЕТ Откако не го добија бараниот авионски превоз, македонската младинска репрезентација на квалификациите во Турција ќе патуваат со автобус. Тие денеска треба да се вратат од Балканијада во Грција и веднаш продолжуваат за Анкара, каде ќе се обидат да изборат пласман на СП во Бразил во август ...

Ракомет: Македонските јуниорски репрезентации го завршија учеството на балканијадата во Грција

А1 - 15.04.2003

Македонските јуниорски ракометни репрезентации денеска го завршија учеството на сениорската балканијада во Грција, кое главно претставуваше стекнување значајно искуство пред значајните настапи во следниот период. Нашите младинци, на кои веќе за неколку дена им претстојат квалификациите во Анкара за ...

Младинките поразени како сениорки

Вест - 15.04.2003

РАКОМЕТ - БАЛКАНИЈАДА ВО ГРЦИЈА По освојувањето на златните медали во своја категорија, нашите младински репрезентативни ракометни селекции продолжија со своите настапи на Балканијадата во грчкиот град Аминдео, но во сениорскиот дел од натпреварувањето.

Победа на јуниорите, пораз на јуниорките

Утрински - 15.04.2003

Македонските ракометари со различен успех стартуваа на сениорската Балканијада во Грција Машката и женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија, кои во конкуренција на своите врсници ја освоија титулата балкански шампион, со различен успех стартуваа на сениорската Балканијада во ...

Младинците победуваат и сениори

Дневник - 15.04.2003

ВЕСТИ * Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија ја победи сениорската репрезентација на Бугарија со 31-26, на Балканијадата, која се одржува во Грција. Претходно, нашите младинци го освоија златниот медал во младинска конкуренција. Младинките загубија од Турција со 19-38.

Ракомет: Порази на јуниорските селекција на сениорската Балканијада

А1 - 14.04.2003

Порази на нашите јуниорски ракометни репрезентации кои се наоѓаат на калење на сениорските Балканијади во Грција. Прв за младинците по стартната победа над Бугарија, втор за девојките на првенствата со преполовена конкуренција.

Младинските селекции станаа балкански прваци

Вест - 14.04.2003

РАКОМЕТ Нашите младински репрезентативни селекции се најдобри на Балканот во своја возрасна конкуренција. И младинците и младинките го освоија првото место на Балканијадата во Грција, на која од вчера продолжија да се натпреваруваат во сениорска конкуренција.

Македонските ракометни надежи најдобри на Балканот

Утрински - 14.04.2003

Триумф и на двете јуниорски селекции на Македонија на Балканијадата во Грција РОБЕРТ ДИМИТРИЕВСКИ Македонскиот младински ракомет забележа двоен триумф на Балканијадата што од 10 до 12 април се одржа во Грција, откако и машката и женската јуниорска репрезентација беа најдобри меѓу своите балкански ...

Македонија победник во двете конкуренции

Дневник - 14.04.2003

РАКОМЕТ - НА младинската БАЛКАНИЈАДАТА ВО АМИНДЕО, ГРЦИЈА Македонските јуниорски репрезентации во машка и во женска конкуренција го освоија првото место во групата на Балканските игри, кои се одржуваат во Аминдео, Грција, и од вчера попладне требаше да стартуваат во сениорска категорија.