TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Рикер: Српската канцеларија на Косово е илегална

Макфакс - 02.12.2007

Приштина - Отворањето на канцеларија на српското Министерство за Косово и Метохија на Косово, е нелегален чин, смета шефот на УМНИК во Приштина, Јоаким Рикер. „УМНИК смета дека тоа не е во согласност со легалниот систем на Косово и дека претставува кршење на резолуцијата 1244“, изјави Рикер по ...

Самарџиќ: Мисијата на ЕУ не е добредојдена на Косово

Макфакс - 02.12.2007

Белград Мисијата на Европската унија(ЕУ) не е добредојдена на Косово, бидејќи нејзиното доаѓање би значело исполнување на планот на меѓународниот посредник за Косово, Марти Ахтисари. Ова денеска во Белград го изјави српскиот министер за Косово, Слободан Самарџиќ.

Тачи гарантира дека нема да прогласи независност пред март 2008

Макфакс - 02.12.2007

Тирана/Брисел - Мандатарот на новата косовска влада Хашим Тачи дал гаранции на Брисел дека Косово нема да прогласи независност до март 2008 година, јави дописникот на Макфакс. Информацијата, пренесена од телевизија „Алсат“ преку студиото во Тирана, се однесува на денешниот разговор на затворена ...

МВР спремно за сите случувања на Косово

Макфакс - 02.12.2007

Охрид Македонското Министерство за внатрешни работи ги презема сите мерки и активности за подготвено да реагира на сите случувања на Косово, порача министерката Гордана Јанкуловска. „Непосредно пред 10. декември беа преземени сите мерки и активности за да бидеме соодветно подготвени за се што може ...

ЕУ не го крши меѓународното право со мисија на Косово

Макфакс - 02.12.2007

Белград Европската Унија (ЕУ) со испраќањето мисија на Косово не го крши меѓународното право, иако во резолуцијата 1244 на Обединетите нации (ОН) таква можност не се споменува. Ова во интервју за српскиот весник „Дневник“ го изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, ...

Посредничката тројка го подготвува извештајот за преговорите

Макфакс - 02.12.2007

Белград Посредничката тројка на меѓународната Контакт група ќе се состане во Виена каде ќе го подготви предлог нацртот на извештајот за четиримесечните преговори меѓу Белград и Приштина. Тројката, која што ја сочинуваат претставникот на Европската Унија (ЕУ), Волфганг Ишингер, на Соединетите ...

МКГ - Независност за Косово на 3. февруари

Макфакс - 02.12.2007

Приштина Косово треба да прогласи независност непосредно по претседателските избори во Србија закажани за крајот од јануари, соопшти Меѓународната кризна група (МКГ). „Одлуката за прогласување на независноста може да се донесе набрзо по вториот круг од изборите во Србија, а тоа е 3.

Србија ќе ја поништи декларацијата на Приштина за независност

Канал5 - 01.12.2007

Претседателот на Србија Борис Тадиќ изјави денеска дека Србија, во случај на еднострано прогласување независност на Косово, ќе ја поништи декларацијата на Приштина, но и оти ќе инсистира исклучиво на мирно решавање на проблемот.

Харченко: Само компромис може да донесе мир во регионот

Време - 01.12.2007

ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ПОСЛЕДНАТА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗА КОСОВО Рускиот претставник во посредничката тројка на меѓународната Контакт група за Косово, Александар Боцан- Харченко се заложи за продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина , јави белградското радио „Б92“.

Црвенковски: Македонија ќе го чека ставот на ЕУ и НАТО - нема прва да го признае Косово

Канал5 - 01.12.2007

,,Македонија нема да биде првата држава што ќе ја признае независноста на Косово,, - слушна косовскиот претседател Фатмир Сејдиу денеска во Скопје. Македонската позиција ја пренесе претседателот Црвенковски одговарајќи на новинарско прашање по средбата со Сејдиу, кој во пресрет на објавувањето на ...

Средби на косовскиот претседател Сејдиу со партиски претставници

Канал5 - 01.12.2007

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, кој е во еднодневна посета на Република Македонија, пред разговорите со шефот на македонската држава Бранко Црвенковски, се сретна со претседателите на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи и на Партијата за демократски просперитет (ПДП) Абдулади ...

Франција не гледа потреба од нови преговори за Косово

Макфакс - 01.12.2007

Париз Франција смета дека нема потреба од нови преговори меѓу Белград и Приштина за утврдување на статусот на Косово. Официјален Париз оваа оценка ја соопшти, изразувајќи притоа „жалење“ поради неуспехот на преговорите со посредство на тројката од Контакт групата.

Романскиот Парламент бара продолжување на преговорите за Косово

Макфакс - 01.12.2007

Букурешт Романскиот Парламент ќе побара продолжување на преговорите за Косово и ќе предложи да се одржи посебен самит на Европската унија (ЕУ) посветен на ова прашање. Ова го содржи нацрт-декларацијата што романското Собрание денеска би требало да ја усвои.

Косово започна консултации за прогласување независност

Макфакс - 01.12.2007

Приштина Лидерите на косовските Албанци веднаш ќе започнат разговори со претставниците на западните земји кои ги поддржуваат во чекорите што водат кон целосна независност. „Од денес Косово започнува консултации со клучните меѓународни партнери за да ги координира следните чекори кон прогласување ...

Косовскиот претседател во посета на Македонија

Макфакс - 01.12.2007

Скопје Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу треба да допатува денеска во Македонија, на средби со државните и партиските раководители во земјата. Македонскиот претседател Бранко Црвенковски ќе го прими Сејдиу попладнево, соопштено е во Скопје, а предвидена е и средба со премиерот Никола Груевски.

Мисија на ЕУ на Косово со согласност од Белград

Макфакс - 01.12.2007

Москва Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров укажа дека ЕУ може да ја замени мисијата на ОН на Косово, само со одлука на Советот за безбедност и согласност на Белград. „Ако Европската унија сака да ги замени Обединетите нации, тоа не е невозможна варијанта“, изјави денеска Лавров, додавајќи ...

Енигмата за Косово останува

Макфакс - 01.12.2007

Брисел Процесот за решaвање на косовското прашање останува отворен, откако ЕУ не постигне единствен став за признавање на очекуваното прогласување независност од Приштина. Заедничкиот став на 27 членки на Унијата изостана на состанокот на шефовите на европските дипломатии, во понеделникот во ...

Разликите меѓу Западот и Русија за Косово остануваат

Макфакс - 01.12.2007

Брисел ЕУ и Русија се согласни да ги продолжат консултациите во ОН за решавање на статусот на Косово, но приближување на двете страни за ова прашање нема. Ова е заклучокот од разговорите на шефовите на европските дипломатии со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во понеделникот во ...

Македонија за Косово ќе ја следи одлуката на НАТО и ЕУ

Макфакс - 01.12.2007

Скопје Македонија во однос на решавањето на статусот на Косово ќе ја следи одлуката на НАТО и ЕУ, порача претседателот Бранко Црвенковски. „Република Македонија нема да биде првата земја што ќе ја признае независноста на Косово.

Сејдиу: Скоро прогласување независност на Косово

Макфакс - 01.12.2007

Приштина Прогласување независност на Косово ќе се случи набргу бидејќи меѓународните фактори имаат разбирање за барањата на косовските Албанци. Ова денеска го изјави косовскиот претседател Фатмир Сејдиу за приштинскиот дневник “Коха Диторе“.

Познат датумот за прогласување независност на Косово

Макфакс - 01.12.2007

Приштина Познат е датумот на прогласување на независност на Косово, но се уште не е време тој да биде соопштен. Ова, синоќа во Скопје го изјави потпретседателот на Демократската партија на Косово Фатмир Лимај, на собирот организиран од невладината организација „ Zgjohu“ (Разбуди се).

СБ без одлука за Косово

Макфакс - 01.12.2007

Њујорк Седницата на Советот на безбедност на ООН за Косово заврши синоќа без нови ставови и каков било заклучок. Советот не успеа да ги премости длабоките поделби меѓу Белград и Приштина со проценка дека ова прашање, доколку Русија го блокира Советот, ќе го преземе Европската унија (ЕУ), се ...

Косовското прашање остана отворено

Макфакс - 01.12.2007

Њујорк Прашањето за статусот на Косово, според очекувањата, остана отворено и по седницата на Советот на безбедност на ОН, која заврши синоќа без нови ставови и каков било заклучок. Русија, кон која отворено се приклучи и Кина, беа против еднострано прогласување независност на Косово, укажувајќи ...

Тачи започнува преговори за формирање влада

Макфакс - 01.12.2007

Приштина Лидерот на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи денеска ќе започне преговори за состав на новата влада. Приштинскиот весник „Експрес“ наведува дека Тачи денеска ќе ги започне преговорите со несрпските малцинства за нивно учество во владеачката коалиција, што се очекува да биде ...

Рикер: УМНИК и КФОР нема да дозволи поделба на Косово

Макфакс - 01.12.2007

Приштина УМНИК и КФОР нема да дозволат нема да дозволат поделба на косово, потенцираше денеска шефот на мисијата на Обединетите нации на Косово, Јоаким Рикер. „Северот е интегрален дел на Косово и принципите на Контакт групата која ја подржува и Советот за безбедност, јасно кажуваат дека нема да ...

Мирни протести за независност на Косово во САД

Макфакс - 01.12.2007

Вашингтон Мирни протести со повик до ООН да ја признае независноста на Косово организира денеска во Њујорк националниот албанско-американски Совет (НААЦ). Според најавите, се очекува на собирот да присуствуваат илјадници поддржувачи на косовската независност, меѓу кои и бившиот американски дипломат ...

Бериша: Тирана ќе го помогне Косово при српско ембарго

Макфакс - 01.12.2007

Тирана Официјална Тирана најави отворање на албанските граници и целосна помош за Косово ако по прогласувањето независност следи ембарго на Србија кон Косово, јави дописникот на Макфакс. Албанија, во случај на економско ембарго од страна на српската Влада, ќе даде целосна помош ставајќи ги на ...

Шефовите на дипломатиите на ЕУ за Косово и проширувањето

Макфакс - 01.12.2007

Брисел Прашањето за Косово ќе биде тема на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија(ЕУ), што денеска ќе се одржи во Брисел. Се очекува министрите, освен за Косово, да разговараат и за проширувањето на Унијата врз основа на извештаите за напредокот ...

БиХ нема меѓу првите да ја признае независноста на Косово

Макфакс - 01.12.2007

Париз Босна и Херцеговина (БиХ) нема да биде меѓу првите држави кои што ќе ја признаат независноста на Косово. Ова синоќа го изјави претседателот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ по средбата со францускиот претседател Николас Саркози во Париз.

Тирана ги поздрави изборите во Косово

Макфакс - 01.12.2007

Тирана Официјална Тирана синоќа ги поздрави изборите на Косово и ги оцени како мошне успешни. “Одржувањето на вториот круг на избори во една толерантна и граѓанска клима уште еднаш демонстрираше висок степен на одговорност во согласност со европските стандарди“, оцени албанското Министерство за ...

Лондон ќе го признае Косово

Макфакс - 01.12.2007

Лондон/Брисел Велика Британија ќе го признае независно Косово, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд. Тој, како што пренесуваат западните агенции, ова го соопшти во Брисел каде денеска се одржува министерски состанок на Европската унија, на кој главна тема е ...

Москва против независност на Косово без одобрение на ОН

Макфакс - 01.12.2007

Њујорк Русија ќе го смета за незаконски чекор прогласувањето независност на Косово без одобрение на Совета за безбедност на Обединетите нации (ОН). Ова денеска го изјави претставникот на Русија во преговорите за Косово Александар Боцан-Харченко, пренесуваат руските агенции.

Би-Би-Си: Сериозни последици од неуспехот во ООН

Макфакс - 01.12.2007

Лондон Неуспехот на ООН да дојде до консензус го подготви теренот за лидерите на косовските Албанци да прогласат независност на Косово што може да има сериозни последици по регионот и меѓународната заедница. Ова е оценка на дипломатскиот уредник на британскиот сервис Би-Би-Си Џонатан Маркус по ...

Планови за референдум за спојување на Косово со Албанија

Макфакс - 01.12.2007

Приштина Владеачката Демократска партија на Косово денеска најави можност за организирање референдум за припојување на Косово кон Албанија. „Прво мора да стекнеме надгледувана независност, т.е. онаа која ја предлага Марти Ахтисари.

Рокот за договор за Косово истекува денеска

Макфакс - 01.12.2007

Белград/Приштина Крајниот рок за постигнување договор за иднината на Косово истекува денеска, по долги преговори во кои Белград и Приштина не отстапија од своите дијаметрално спротивни позиции. Косовските Албанци апелираа до меѓународната заедница да го поддржи нивниот стремеж кон независност, ...

Визнер: Време е за планот на Ахтисари

Макфакс - 01.12.2007

Вашингтон Ставот на САД е дека е дојдено “вистинското време да се примени планот што говори за перспективата на независно Косово“. Ова го изјави претставникот на САД во преговарачката “тројка“ на Контакт групата Френк Визнер во интервју за весникот “Вечерње новости“.

Косовското собрание се конституира на 4 јануари

Макфакс - 01.12.2007

Приштина Конститутивната седница на косовското Собрание ќе биде одржана на 4 јануари, одлучи денеска Претседателството на парламентот во Приштина. На конститутивната седница ќе бидат избрани новиот претседател и членовите на Претседателството.

Сејдиу во Скопје

Вечер Прес - 01.12.2007

Денеска во еднодневна работна посета на земјава доаѓа косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. Тој ќе има средба со неговиот домаќин, претседателот Бранко Црвенковски. Двајцата, според најавите, ќе разговараат за можниот развој на настаните во регионов, по пропаѓањето на преговорите меѓу Приштина и ...

Шефер: Поканите се добиваат со резултати

А1 - 30.11.2007

Поканите се добиваат врз основа на резултати, изјави генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер во Приштина, нагласувајќи дека не е сигурно дали на следниот самит ќе има проширување. „Многу е важно Македонците да ги продолжат реформите, да покажат дека се одговорни и зрели политичари и можеби ...

Пак: Доаѓањето на мисија на ЕУ на Косово - должност

Канал5 - 30.11.2007

Шефот на делегацијата на Европскиот парламент за југоисточна Европа, Дорис Пак изјави дека ЕУ подготвува мисија за доаѓањето на Косово и оти тоа е должност на ЕУ, дури и ако за тој ангажман не добие „зелено светло“ преку резолуција на ОН.

Турско-кипарскиот спор ја загрозува мисијата во Косово

Утрински - 30.11.2007

ЕУ се подготвува да преземе одговорност за одржувањето на поредокот на Косово од ОН и побараа поцврста соработка меѓу мисијата од 1.600 војници и 16.000 мировници на НАТО кои ќе останат таму НАТО и ЕУ се подготвуваат за можно насилство во Косово ХЕЛСИНКИ - Одбранбениот спор меѓу Турција и Кипар би ...

Попусто ќе се преговара за Косово

Вест - 30.11.2007

ПРИШТИНА, 30 ноември - Генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун и натаму ги поддржува напорите на тројката на Контакт групата за решавање на статусот на Косово, изјави неговиот портпарол Фархан Хак, додавајќи дека Светската организација смета оти компромисот се уште е можен.

Пропадна и последната шанса за договор меѓу Белград и Приштина

Време - 29.11.2007

ЗАВРШИ ПОСЛЕДНАТА РУНДА ОД ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИДНИОТ СТАТУС НА КОСОВО Последната рунда од преговорите меѓу Белград и Приштина за идниот статус на Косово заврши со неуспех. Преговарачкиот тим на Белград на тридневните разговори во австриската бања Баден понудија Косово да добие жандармерија, знаме, ...

Велесилите ги предупредија Албанците и Србите за мир на Косово

Вест - 29.11.2007

ВИЕНА, 29 ноември (Ројтерс) - Европската унија, САД и Русија вчера апелираа до Србите и Албанците да ја спречат појавата на било какво насилство по неуспехот на преговорите за иднината на сепаратистичката покраина Косово. Албанското 90-процентно мнозинство на Косово се подготвува да прогласи ...

Од евентуалното ембарго за Косово би страдала и Македонија

Дневник - 29.11.2007

И Македонија ќе биде погодена ако Србија одлучи со економска блокада да реагира на евентуалното прогласување независност на Косово, предупредуваат извори на Ројтерс во српската покраина. Тоа најмногу би се одразило на енергетски план, и тоа во услови кога Балканот веќе страда од хроничен недостиг ...

Белград и Приштина не постигнаа договор за статусот на Косово

Утрински - 29.11.2007

Конференцијата во Баден беше последна средба од вториот обид што започна во август ВИЕНА - Европската унија, САД и Русија вчера побараа од Србите и од Албанците да избегнат какво било насилство по неуспехот на нивните разговори за иднината на отцепената покраина Косово.

„Гардијан“: Балканот се наоѓа пред најголемата криза по 1999 година

Канал5 - 29.11.2007

Балканот се наоѓа пред најголемата криза по 1999 година, откако после двегодишни преговори, со неуспех заврши и последната рунда од разговорите меѓу Белград и Приштина за постигнување спогодбено решение за идниот статус на Косово, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Косово независно во јануари, Србија побрзо во ЕУ

Дневник - 29.11.2007

Ако ЕУ настапи единствено, Вашингтон и Брисел во јануари би ја признале независноста на Косово, смета „Индепендент“ Толкувајќи го неуспехот на преговорите, лондонскиот весник „Индепендент“ поставува „големо прашање“ дали Балканот повторно ќе пламне ако Косово прогласи независност.

Загрозен е мирот на Балканот

Дневник - 29.11.2007

Белград инсистира дека се' уште е можно компромисно решение Мирот на Балканот е загрозен поради неуспешните преговори за Косово, оцени американскиот член во посредничката тројка Франк Визнер, по конечната рунда директно соочување на делегациите на Белград и на Приштина. - Тоа е нестабилен регион.

Тројката го призна поразот

Вечер Прес - 29.11.2007

Претставниците на посредувачката "тројка" вчера по завршувањето на средбата во Баден изјавија дека во изминативе 120 дена Белград и Приштина не успеаја да постигнат договор за идниот статус на Косово. Сите тројца оценија дека тоа била последна прилика двете страни да изградат доверба и да ги ...

Завршија финалните преговори за Косово

А1 - 28.11.2007

Мирот во регионот во голема мерка е доведен во ризик, изјави американскиот посредник во „тројката“, Френк Визнер, откако пропадна и последната рунда на преговорите меѓу Белград и Приштина за Косово. Посредничката тројка претпладнево соопшти дека преговорите се завршени и дека нема приближување на ...

Преговорите за Косово ...

Вест - 28.11.2007

Баден, 28 ноември - Преговорите меѓу Белград и Приштина не успеаја, бидејќи албанската страна смета дека независноста и е ветена и дека ќе ја оствари, изјави вчера во Баден министерот за Косово Слободан Самарџиќ, според кого, компромисното решение треба да биде побарано во некој подоцнежен процес.

Без напредок во преговорите меѓу Приштина и Белград

Време - 28.11.2007

ПО ПРВИОТ ДЕН ОД ПОСЛЕДНАТА РУНДА РАЗГОВОРИ ВО БАДЕН Преговарачките тимови на Белград и Приштина повторно искажаа спротивставени ставови на првиот ден од последната рудна разговори за идниот статус на Косово, кои се одржуваат во австриската бања Баден.

Тадиќ им понуди на Косовците од сопствено знаме до фудбалска репрезентација

Утрински - 28.11.2007

Понудата на Србија е рецепт за замрзнат конфликт, смета косовскиот преговарачки тим Дипломатски извори изјавуваат дека големите западни сили сега се решени да го признаат Косово, а на Русија и' требаат аргументи за да предложи продолжување на преговорите БАДЕН - Србија вчера соопшти дека бара мир ...

Време на одлуки

Дневник - 28.11.2007

Загриженост предизвикува и потенцијалното дестабилизирање на Македонија од радикалните струи кои можат независноста на Косово да ја разберат како охрабрување, доколку нема спротивни пораки . Единствениот вистински одговор на оваа загриженост е забрзана европска и евроатлантска интеграција Во повеќе ...

Тадиќ нуди се' освен независност

Дневник - 28.11.2007

Србија би ги зачувала надлежностите само во областа на надворешната политика, пограничната контрола и заштитата на културното наследство Косовските Албанци го отфрлија и најновиот српски предлог, Косово да добие автономија што се граничи со независност.

Завршува последната рунда од преговорите меѓу Белград и Приштина

Канал5 - 28.11.2007

Државната делегација на Србија, преговарачкиот тим на косовските Албанци и посредничката „тројка“ на Контакт-групата денеска во бањата Баден кај Виена ги завршија тридневните, финални преговори за идниот статус на Косово. Баден, 28 ноември (МИА) - Државната делегација на Србија, преговарачкиот тим ...

Мали шанси за договор!

Вечер Прес - 28.11.2007

Како и во сите досегашни средби косовската делегација само го чека договорениот крај на преговорите и не сака да покрене никаква иницијатива, ниту пак да ги слуша предлозите на Белград Во хотелот "Дворец Вајкерздорф" во Баден близу Виена вчера се одржа решавачката рунда од преговорите меѓу Белград ...

„Индепендент“: Западот лошо се постави кон Косово

А1 - 27.11.2007

Земјите од Западот лошо се поставија кон прашањето за независноста на Косово, непридавајќи им значење на позициите на Русија, се додека летото не сфатија дека претседателот Путин е определен да наложи вето на резолуцијата во СБ, со која ќе се понуди независност под контрола на НАТО и ОН, пишува ...

Без резултати и последната рунда преговори за Косово

А1 - 27.11.2007

Без резултати и последната рунда преговори за статусот. Косоварите и Србите не мрднаа од старите позиции. Белград и Москва инсистираат на нови разговори. „Русија поддржува продолжување на преговорите и по 10 декември и ќе инсистираме тоа да се случи“, изјави Александар Харченко, претставник на ...

Лавров_ Србите под притисок за Косово

Утрински - 27.11.2007

МОСКВА - Во случај косовските Албанци наскоро да прогласат самостојност, Русија нема да ја признае нивната држава, туку и понатаму ќе се држи до принципите на меѓународното право по кои таа територија е составен дел на Србија.

Последна шанса за договор меѓу Белград и Приштина

Време - 27.11.2007

ТРИДНЕВНИ ПРЕГОВОРИ ВО БАДЕН ЗА ИДНИОТ СТАТУС НА КОСОВО Белград најави дека ќе бара продолжување на преговорите, а Приштина нагласи дека независноста е единствено решение за Косово вчера пред почетокот на последната рунда тридневни преговори за идниот статус на покраината во австриската бања Баден ...

Последна рунда за иднината на Косово

Дневник - 27.11.2007

Последната рунда на преговори помеѓу делегациите на Приштина и на Белград за иднината на Косово почна вчера во Баден, Австрија, јави Б-92 . Во наредните три дена двете страни со посредство на тројката ќе разговараат за можни идни решенија и предлози за конечниот статус на Косово.

Косово ќе се спротивстави ако Србија не прифати независност

Утрински - 27.11.2007

Чеку: Немаме каде да одиме и сме подготвени да се соочиме со сите предизвици БАДЕН - Лидерите на Косово соопштија дека се подготвени за спротивставување од Србија доколку на последните разговори за иднината на покраината во наредните неколку дена не биде постигнат компромис и ако прогласи ...

Косово останува на ставот дека по 10 декември нема преговори

Канал5 - 27.11.2007

Косовските лидери повторија денеска дека нема да продолжат со преговори по 10 декември со Србите за статусот на Косово Виена, 27 ноември (МИА) - Косовските лидери повторија денеска дека нема да продолжат со преговори по 10 декември со Србите за статусот на Косово, пренесува МИА.

Србите подготвуваат непријатен дочек на независноста на Косово

Утрински - 26.11.2007

Србија сега се фокусира на тоа што да прави кога Косово ќе прогласи независност, најверојатно во февруари БЕЛГРАД - Србија денес ги почнува разговорите за Косово, знаејќи дека не успеа да убеди значаен број земји-членки на ЕУ да и' се спротивстават на независноста на покраината.

Холбрук: САД и ЕУ ќе признаат независно Косово

Дневник - 26.11.2007

САД и повеќето членки на ЕУ по 10 декември ќе признаат независност на Косово, откако посредничката тројка ќе ги извести ОН дека не успеала да ја исполни задачата за постигнување договор за статусот, тврди поранешниот американски преговарач за Балканот, Ричард Холбрук, јави Макфакс.

Хашим Тачи: Косово нема да прогласи независност без согласност на западните држави

Канал5 - 26.11.2007

Поранешниот лидер на ОВК Хашим Тачи, кој се очекува да стане новиот косовски премиер по победата на неговата Демократска партија на изборите од 17 ноември, изјави дека провинцијата нема да објавува независност без согласноста на западните држави, но е сигурен во нивната поддршка за тоа.

Последна рунда преговори за Косово

Време - 26.11.2007

ВИЕНА Во Виена денеска почнуваат одлучувачките преговори меѓу Белград и Приштина за идниот статус на Косово, со посредство на тројката на Контакт-групата, јави белградското радио „Б92“. Преговорите, кои ќе траат до среда, се сметаат за одлучувачки бидејќи ова е последната рунда преговори меѓу двете ...

Во Баден почнува последната рунда преговори за статусот на Косово

Канал5 - 26.11.2007

Бо бањата Баден, крај Виена, денеска почнува тридневната рунда преговори за статусот на Косово, последна и одлучувачка во фазата на директни преговори меѓу Белград и Приштина, со која раководи посредничката „тројка“ на Контакт групата.