Специјално обучени полицајци за борба против тероризмот ќе ги надгледуваат патниците по аеродромите во Британија, во рамките на новите мерки за безбедност што Владата на Тони Блер ги подготвува за да се оневозможи изведување на некаква терористичка акција.
БРИТАНСКИ И АМЕРИКАНСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ТВРДАТ Британските и американските власти тврдат дека дел од парите наменети за помош на жртвите во минатогодишниот катастрофален земјотрес во Пакистан завршил во рацете на терористи, кои планирале да разнесат десетина авиони што летаат од Британија кон САД, јави ...
Британската полиција откри видео снимки на кои може да се видат некои од уапсените во терористичкиот заговор од минатиот четврток, со кој се планираше истовремено соборување на 10 патнички авиони за време на нивниот лет преку Атлантикот, јави дописникот на МИА од Лондон Лондон,19 август (МИА) - ...
ХАОС ВО АВИОСООБРАЌАЈОТ Американските власти уапсиле 60-годишна жена што летала со авион на „Јунајтед ерлајн“ на релацијата Лондон-Вашингтон, а со себе носела лосион, шрафцигер и кибритчиња. Бабичката била многу нервозна и се расправала со патници и со членови на екипажот, што предизвикало тревога, ...
По заканите за терористички напади со соборување на авиони, Британија ги заостри мерките за патници кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија. По денешната средба на британскиот министер за внатрешни Џон Реид со францускиот и германскиот колега, наскоро се очекува и Германија и ...
Британската полиција уапси уште еден осомничен за терористичкиот заговор, што минатиот четврток го спречија специјалните сили за борба со тероризмот, Скотланд јард и контраразузнавачката агенција МИ5, откако открија дека се подготвува уривање на 10 патнички авиони на нивниот лет од Британија за САД.
БРИТАНИЈА ПО МИНАТОНЕДЕЛНАТА ПРОТИВТЕРОРИСТИЧКА ОПЕРАЦИЈА Британските власти се двоумат дали во иднина да идентификуваат и да претресуваат патници што се сомнителни, особено млади муслимани, или да ги претресуваат сите патници и да се погрижат строгите безбедносни мерки да важат за сите, јави ...
Британските власти и управите на аеродромите подготвуваат нови мерки за безбедност, во чиј центар е новиот систем за контрола на патниците, јави МИА од Лондон. Основата на системот е бележење на сомнителните лица и „препознавање“ на терористите.
Британската полиција уапси уште еден осомничен за терористичкиот заговор, што минатиот четврток го спречија специјалните сили за борба со тероризмот, Скотланд јард и контраразузнавачката агенција МИ5, откако открија дека се подготвува уривање на десет патнички авиони на нивниот лет од Британија за ...
Групи составени најмногу од 20 луѓе веќе со години, додека одат на "шумско дружење" во Англија и во Велс и за кои се верува дека се терористи, ги следат детективи од Одделот за тероризам на Скотланд Јард. Во идиличниот амбиент на Подрачјето на Езерата, еден од најпопуларните британски национални ...
Британската Влада и раководствата на аеродромите во земјата подготвуваат план за воведување нови мерки за безбедност во кои централно место ќе има новиот систем за контрола на патниците. Нивната основна цел треба да биде насочување на главнината на контролата пред се врз оние кои претставуваат ...
ГОЛЕМА АНТИТЕРОРИСТИЧКА АКЦИЈА ВО БРИТАНИЈА Британија вчера од „критично“ на „високо“ го симна нивото на тревога, која беше воведена откако полицијата соопшти дека спречила група исламисти што сакале да разнесат патнички авиони над Атлантски Океан.
ЛОНДОН, 15 август (Би-Би-Си) - Нивото на терористичка закана во Велика Британија беше намалена од "критично" на "големо". Министерот за внатрешни раноти Џон Рид изјави дека нивото на закана било намалено зашто опасноста од напад е "возможна", но не "непосредна".
Осомничени терористи се откриени како се обучуваат по кампови во некои од најпопуларните паркови во Англија и во Велс, јави МИА од Лондон. Силите за безбедност наведуваат дека никој од луѓето што биле во камповите за обука не е поврзан со разбиениот план за терористички напад врз патнички авиони на ...
Терористичката мрежа на Ал Каеда е вмешана во откриениот терористички заговор во Британија, чија цел беше соборување на авиони на линиите кон САД, тврди „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани функционери во Пакистан.
Степенот на опасноста од тероризам во Велика Британија е намален за едно ниво, од досегашното критично на големо. Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се вели дека заканата од извршување терористички напад и натаму е многу возможна, но таа не е повеќе неизбежна, како што тоа се ...
ЛОНДОН, 14 август (Ројтерс) - Британскиот министер за внатрешни работи Џон Рид вчера предупреди дека уште еден терористички обид за напад врз Британија е "сосема можен" откако полицијата објави дека спречила план за уништување на прекуатлантски патнички авиони.
ПО БОМБАШКИТЕ НАПАДИ МИНАТАТА ГОДИНА ВО ЛОНДОН Британија спречила најмалку четири големи терористички закани по бомбашките напади на 7 јули минатата година во Лондон, тврди британскиот министер за внатрешни работи Џон Рид. Рид рекол дека првиот обид на Ал каеда за терористички напади во Британија ...
Турскиот министер за надворешни работи, Абдулах Ѓул, ги повика западните земји да не го мешаат исламот со тероризмот, по разоткривањето на заговорот за уривање на патничките авиони во Британија, јави МИА. - Погрешно е да се прави врска меѓу тероризмот и религијата - изјави Ѓул, осудувајќи ги сите ...