СДСМ вчера побара од премиерот Никола Груевски да се огради од, како што велат, скандалозното однесување на заменик-претседателот на ДПА Мендух Тачи. Тие велат дека неформалниот лидер на ДПА досега му се закани на потпретседателот на Собранието, јавно се препукуваше со претседателот на НСДП и ...
Македонскиот државен врв го потврди единството за позицијата околу спорот со името со Грција. Ова беше соопштено по вчерашниот двочасовен состанок меѓу претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски.
МВР не добило информации од Тачи дека претседателот Црвенковски му се заканувал со ликвидација Претседателот Бранко Црвенковски не сака да ги коментира обвинувањата од заменик-претседателот на ДПА Мехдух Тачи за наводните закани што шефот на државата му ги упатил преку висок полициски функционер.
Според сознанијата на Тачи, претседателот Црвенковски ги упатил заканите во петокот, во неговиот кабинет, на средба со директорот на Агенцијата за разузнавање (АР), Кире Наумов, и висок функционер на ДБК, кој вчера не сакаше да го именува, а ден претходно рече дека се работи за директорот на ДБК.
Премиерот Никола Груевски е задоволен од првичните разговори со ДУИ за одмрзнување на политичкиот дијалог. - Имаше добри разговори. Ги отворивме сите спорни прашања за кои претходно не сме раговарале и сметам дека постигнавме прогрес. Продолживме и со дијалогот во работните групи.
Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, на покана од кралот на Белгија Алберт Втори, на 24 март во Брисел, ќе учествува на одбележувањето на 50-годишнината од потпишувањето на Договорот за европските заедници.