TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Успеси на јуниорските ракометни репрезентации на Македонија

А1 - 12.04.2003

Пријатни ракометни вести од соседна Грција. Двете јуниорски репрезентации на Македонија, машката и женската, ги освоија златните медали на Балканијадата во оваа земја. Максималниот ефект ракометарите го заокружија со победата над Бугарија од 31:25 во решавачкиот натпревар.

Младинците со рекордна победа за македонскиот ракомет

Вест - 12.04.2003

НА БАЛКАНИЈАДАТА ВО ГРЦИЈА Нашиот машки младински ракометен национален тим на Балканијадата во грчкиот град Аминдео ја забележа рекордната победа за аналите на македонскиот ракомет. Четвртопласираната селекција од последното ЕП во Полска славеше победа над соодветниот тим на Албанија изразена со за ...

Јуниорите ја "збришаа" Албанија

Утрински - 12.04.2003

Прва победа (58:12) за македонските ракометни надежи на Балканијадата во Грција Машката јуниорска ракометна репрезентација на Македонија во второто коло на Балканијадата во Аминдео, Грција, ја забележа својата прва победа, "демолирајќи" ја соодветната селекција на Албанија со дури 58:12 (29:4).

Старт со реми против Турците

Утрински - 11.04.2003

Македонските ракометни јуниори на Балканијада во Грција Без интернационалците Митко Стоилов од Хрватска и Горан Кузманоски од Италија, машката јуниорска ракометна репрезентација на Македонија на Балканијадата во Аминдео, Грција, стартуваше со реми 31:31 (13:16) против Турција.

Младинците ремизираа, девојките подобри од Турција

Дневник - 11.04.2003

ракомет - БАЛКАНИЈАДА ВО ГРЦИЈА Младите ракометари на Македонија играа нерешено, 31-31 против соодветната репрезентација на Турција во првиот меч од Балканијадата што се одржува во Грција. Женската младинска репрезентација ја победи Турција со 33-17. Женските денеска играат со Бугарија.

Младинските селекции на Балканијадата

Вест - 09.04.2003

РАКОМЕТ - ОД 10-15 АПРИЛ ВО ГРЦИЈА Шест меча за една недела. - Даниела Новеска Двете наши младински ракометни репрезентативни селекции денеска заминуваат на Балканијадата што во наредните денови ќе се одржува во грчкото гратче Аминдео.

Јуниорите и јуниорките од утре на Балканијада

Утрински - 09.04.2003

Засилени подготовки на две македонски ракометни селекции И машката и женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија утре стартуваат на Балканијадата во Грција, при што јуниорите ќе играат во Аминдео, а јуниорките во Лехово.