ВЕЛЕС Повеќе од една година трае неизвесноста на сопствениците на становите на улицата Благој Ѓорев, ламела "А", во Велес, кои не можат да се вселат иако половина пари за купопродажба се уплатени, а зградата е готова веќе две години.
Деветнаесет сопственици на станови во зграда во Велес, изградена пред две години со средства од програмата за стамбена изградба од поранешната влада, не можат да се вселат во добиените станови и покрај тоа што ги исполниле условите на конкурсот и авансирале 50% од вредноста на становите.