TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Акцијата народна, бројките политички

Утрински - 21.11.2008

Македонските граѓани уште еднаш докажаа дека можат да бидат сложни ако ги поврзува добра идеја. Таков беше случајот и со Денот на дрвото, кој по втор пат успешно мобилизираше илјадници деца, млади и возрасни и на лошо време да излезат од дома и да покажат дека се грижат за својата иднина.

Ќе шумолат нови шест милиони дрвја

Дневник - 20.11.2008

И покрај снегот, дождот и студеното време, речиси сите предвидени шест милиони дрвца вчера беа засадени секаде во земјава, во рамките на акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“. Снежната покривка оневозможи да се засадат само 60.000 садници во Крушево и во Берово, што е само еден процент од предвидената бројка со која трипати е надминато пролетното пошумување, кога беа засадени два ...

Иднината засадена и навадена

Време - 20.11.2008

Roza Petkova На сто локации граѓаните, општинските службеници, армијата, цариниците, невладините организации, компаниите и медиумите вчера учествуваа во садењето шест милиони дрвца, во рамките на втората акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“. Полни автобуси пристигаа на предвидените места иако акцијата се изведуваше во неповолни услови, на дожд и во кал.

Македонија вчера повторно садеше дрвја

Утрински - 20.11.2008

На дел од предвидените локации, поради снегот и маглата, не беа засадени сите дрвца. Сања Наумовска. Дождливото време вчера не ги обесхрабри граѓаните повторно да излезат и да се вклучат во акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, иако не толку масовно колку што се очекуваше. За разлика од првата акција во март, кога имаше луѓе, а недостасуваа садници, овој пат се случи обратното.

Македонија садеше шест милиони дрвца

BBC - 19.11.2008

По повеќедневно рекламирање на телевизиите и весниците, со прецизно назначено време и место каде луѓето ќе можат да се се качат на автобусите кои ќе ги одвезат до локациите, почна садењето на шестте милиони дрвца. Ова е втора акција за садење – првата во март годинава беше поддржана од Европската Унија и Обединетите Нации.

Засадени над пет милиони дрвца

А1 - 19.11.2008

Македонските граѓани засадија повеќе од пет милиони дрвца на 100-тина различни локации. Поради лошите временски услови акцијата „ден на дрвото“, е одложена во Крушево, Берово, Кичево, Гостивар и Куманово. Во останатите делови на Македонија таа помина успешно. Битолските бели дробови се обновени за уште 120 илјади садници. По калливи патишта, многу луѓе одеа пеш и по неколку километри до садниците.

Пред „Денот на дрвото“

BBC - 19.11.2008

Со симболичното засадување на дрвца низ Македонија, граѓанската иницијатива „Засади ја својата иднина" предводено од оперскиот пејач Борис Трајанов, го најавува почетокот на есенската акција „Ден на дрвото". Во неа се предвидени да бидат засадени трипати повеќе садници, на трипати поголема површина од пролетната акција.

Денеска се садат 6 милиони дрвца

Утрински - 19.11.2008

Заради поголема масовност, денот е прогласен за неработен и ќе се одработи в сабота, 22 ноември. На сто локации низ целата земја денеска ќе се организира акцијата „Денот на дрвото – засади ја својата иднина“. Планирано е да бидат посадени 6 милиони садници, а заради поголема масовност, денот е прогласен за неработен и ќе се одработи в сабота, 22 ноември.

Денеска нови шест милиони садници

Дневник - 19.11.2008

Шест милиони садници денеска треба да бидат засадени на 100 места во земјава во акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“. Акцијата ја организира маестро Борис Трајанов, а се спроведува со поддршка од Владата.Предвидено е во пошумувањето да се вклучат граѓаните, општините, Градот Скопје, училиштата, невладините организации, медиумите и компаниите.

Успешно помина и годинашнава акција „Ден на дрвото“

Канал5 - 19.11.2008

- Дедо садел дрва кога бил во Берово и сега таму е шума – вели едно дете. Ова детенце денеска со своето семејство посади дрво во околината на Скопје. Граѓаните од рано утрово со автобуси тргнаа кон одредените локации за пошумување да се приклучат на акцијата ден на дрвото.

Ден на дрвото

Телма - 19.11.2008

Шест милиони дрвца да се засадат денеска на вкупно 100 локации во Македонија, е планот на Владата во рамките на акцијата „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“, иницирана од маестро Борис Трајанов. Временските услови не и одат на рака на акцијата од аспект на нејзината масовност, поради дождливото и студено време.

Македонија ќе сади нови шест милиони дрвца

Канал5 - 19.11.2008

Шест милиони дрвца на вкупно 100 локации во Македонија ќе бидат засадени денеска во рамки на акцијата „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“. Акцијата ја иницира маестро Борис Трајанов, а се реализира со поддршка на Владата на Република Македонија.

Министрите активни во садење дрвца

Алсат-М - 19.11.2008

Владиниот кабинет на различни локации низ целата територија се вклучил во денешната акција “Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“ со садење на дрвца. Премиерот Никола Груевски, во рамките на акцијата “Денот на дрвото - Засади ја својата иднина“, на место викано Текиски рид, во близина на Рафинерија, сади дрвца.

Успешна акција на пошумување

Алсат-М - 19.11.2008

Дождот и снегот ја отежнаа денешната акција, но и покрај тоа голем дел од граѓаните излегоа да засадат дрвца. Се садеше низ сите региони во земјава. Единствено во Берово и Крушево поради врнежи од снег акцијата се одложи за некој подобар ден. И првите луѓе на владата, амбасадорите и претставници на разни граѓански организации се вклучија во акцијата.

Македонија ќе сади нови шест милиони дрвца

Алфа - 19.11.2008

Шест милиони дрвца на вкупно 100 локации во Македонија ќе бидат засадени денеска во рамки на акцијата „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“. Акцијата ја иницира маестро Борис Трајанов, а се реализира со поддршка на Владата на Република Македонија.

Македонија ќе сади нови шест милиони дрвца

Кирилица - 19.11.2008

По повод „Ден на дрвото“, премиерот Никола Груевски ќе засади дрвце на локалитетот Текиски рид во близина на Рафинерија, вицепремиерот Зоран Ставрески ќе засади дрвце на локалитетот Ајватовски рид, Скопско, министерот за одбрана Зоран Коњановски и припадници на Полкот за специјални операции во месноста Билбил Камен во Битола, министерот за образование и наука Перо Стојановски на ...

Министрите активни во садење дрвца

Нетпрес - 19.11.2008

Владиниот кабинет на различни локации низ целата територија се вклучил во денешната акција “Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“ со садење на дрвца. Премиерот Никола Груевски, во рамките на акцијата “Денот на дрвото - Засади ја својата иднина“, на место викано Текиски рид, во близина на Рафинерија, сади дрвца. Министерството за образование и наука, Перо Стојановски сади дрвца во Крива Паланка.

Македонија сади шест милиони дрва

Нетпрес - 19.11.2008

Шест милиони дрвца на вкупно 100 локации низ целата држава се садат денеска во рамки на акцијата “Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“. Акцијата која е иницирана од маестро Борис Трајанов, а се реализира со поддршка на Владата, е продолжение на првата акција која се одвиваше во март годинава каде биле засадени 2.000 дрвца. Акцијата ден на дрвото ја подржа и мобилниот оператор Космофон.

Скопје: Денеска ќе бидат засадени шест милиони дрвца во Македонија

Р.С.Европа - 19.11.2008

Шест милиони дрвца денеска ќе бидат засадени на 100 локации во Македонија во рамки на акцијата „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“. Акцијата која ја иницира оперскиот пеач Борис Трајанов, а се реализира со поддршка на Владата е предвидено да се вклучат армијата, граѓаните, општините, Градот Скопје, училиштата, невладините организации, медиуми и компании.

Цементарница “Усје“ се приклучи кон акцијата “Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“

Нетпрес - 19.11.2008

Цементарница “Усје“ се приклучи кон акцијата “Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“ Заштитата на животната средина и нејзино унапредување е еден од приоритите на скопската цементарница “Усје“, која покрај учеството оваа акцијаата “Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“, е покровител и на неколку хортикултурни проекти во рамките на општината Кисела Вода.

Засадени шест милиони садници

Нетпрес - 19.11.2008

Освен во Крушево и во Берово каде што пошумувањето се одложува поради временските неприлики и врнежи од снег, на сите останати локации, акцијата “Ден на дрвото-засади ја својата иднина!” заврши успешно, при што до 15,30 часот, беа засадени приближно шест милиони садници. Иницијативниот одбор е задоволен од одзивот на граѓаните и оценува дека акцијата е успешно спорведена по вторпат.

Македонија се пошумува со шест милиони нови дрвца

Сител - 19.11.2008

Шест милиони дрвца на вкупно 100 локации во Македонија треба да бидат засадени денеска во рамки на акцијата „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“. Акцијата е иницирана од маестро Борис Трајанов, а се реализира со поддршка на Владата на Република Македонија. Во акцијата масовно се вклучија владини претставници, голем број граѓани, ученици, невладини организации, медиумите, компаниите.

Засадени шест милиони садници!

Вечер Прес - 19.11.2008

Лошите временски услови го отежнаа, но не го запреа пошумувањето во Гостиварско, а единствено во Берово и Крушево каде што наврна снег до 30 сантиметри акцијата е одложена за неколку дена. Приближно 6 милиони садници ги покрија голините на околу 100 локации ширум Македонија во рамките на вториот дел од годинешната еднодневна масовната акција "Ден на дрвото - Засади ја својата иднина".

Првите луѓе во државава засадија дрвца

Канал5 - 18.11.2008

Во пресрет на денот на дрвото, денеска дрвца засадија Премиерот, членовите на Владата, но и претставници од верските заедници. Премиерот Никола Груевски и членовите на Владата засадија неколку дрвца во близина на споменикот на ослободителите на градот, во рамките на акцијата Денот на дрвото - засади ја својата иднина.

Утре ќе се засадат три пати повеќе садници

Дневник - 18.11.2008

Граѓаните, Владата и ЈП „Македонски шуми“ утре ќе ја спроведат втората акција за пошумување годинава. Во првата акција се засадија два милиона дрвца, а утре ќе се посадат тројно повеќе. На утрешниот Ден на дрвото, граѓаните ќе садат дрвја на триесет места низ Македонија.

Ќе се садат шест милиони садници

Време - 18.11.2008

Шест милиони садници на сто локации низ Македонија ќе се засадат утре во рамките на акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, која се одржува вторпат. Според организаторите, и овојпат целта е да се вклучат поголем број деца и со тоа уште од мали да научат како да се грижат за дрвјата, па е најавено учество на 400 детски институции.

Кумановци лани засадија најмногу дрвца

Нетпрес - 18.11.2008

По повод Ден на дрвото утре од пред училиштата во Куманово ќе тргант 7 автобуси и тоа во 8 часот и 30 минути, 10 часот и 12 часот и 30 минути. Во местото Челопечка кула ќе се садат садници. За граѓаните кои сакаат да се вклучат во акцијата ќе има плус 10 автобуски кои ќе тргнат од Зелениот пазар, Народна банка, плоштадот во Куманово. Лани кумановчани беа доста активни и засадија 500.000 садници.

Груевски, Вељаноски и поглаварите на верските заедници ќе засадат дрвца

Сител - 18.11.2008

Премиерот Никола Груевски и членовите на Владата денеска напладне ќе засадат дрвца во близина на споменикот на Ослободителите на Скопје. По повод утрешната акција „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“, во кругот на македонското Собрание, дрвца ќе засадат и претседателот на законодавниот дом Трајко Вељаноски, пратеници, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски.

Утре e Денот на дрвото!

Форум - 18.11.2008

Македонија утре ќе се збогати со шест милиони нови садници. Се очекува утрешната акција да биде успешна, бидејќи се направени детални анализи за плодноста на земјиштето! По минатогодишната успешна акција на пошумување, утре на 18.11.2008 (среда), ќе се одржи уште една акција во која се планирани да се посадат три пати повеќе садници од мината година.

Македонија утре ќе сади нови шест милиони дрвца

Сител - 18.11.2008

Шест милиони дрвца на вкупно 100 локации во Македонија ќе бидат засадени утре во рамки на акцијата „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“. Акцијата ја иницира маестро Борис Трајанов, а се реализира со поддршка на Владата. Во пошумувањето е предвидено да се вклучат сите граѓани, општините, Градот Скопје, училиштата, невладините организации, медиумите, компаниите.

Премиерот Груевски и владиниот кабинет засадија дрвца

Нетпрес - 18.11.2008

Премиерот Никола Груевски и владиниот кабинет по повод “Денот на дрвото“,во близина на споменикот на Ослободителите на градот, денеска засадија дрваца. Граѓаните, Владата и Јавното претпријатие “Македонски шуми“ утре ќе ја спроведат втората акција за пошумување годинава. Во првата акција се засадија два милиона дрвца, а утре ќе се посадат тројно повеќе.

И Армијата ќе сади дрвца

Форум - 18.11.2008

И Министерот за одбрана Коњановски и популарните армиски „Волци“ ќе се вклучат во акцијата за пошумување садење дрва и ќе засадат двесте илјади садници Во утрешната акција „Ден на дрвото - засади ја својата идинина“, министерот за одбрана Зоран Коњановски заедно со припадниците од Полкот за специјални единици, во месноста Билбил Камен во Битола, активно ќе земат учество во ...

Груевски, Вељаноски и поглаварите на верските заедници денеска ќе засадат дрвца

Кирилица - 18.11.2008

По повод утрешната акција „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“, во кругот на македонското Собрание, дрвца ќе засадат и претседателот на законодавниот дом Трајко Вељаноски, пратеници, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски.

Вељановски и Спасеновски ќе садат дрвца

Нетпрес - 18.11.2008

По повод денот на дрвото собраниска делегација денеска, ќе засади дрвца во кругот на Собранието, во Скопје. Како што се вели во лиферуваното соопштение дрвца ќе садат и претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, министерот за земјоделство Ацо Спасеновски.

Во Македонија утре ќе се насадат нови шест милиони дрвца

Кирилица - 18.11.2008

По повод „Ден на дрвото“, денеска, во близина на споменикот на Ослободителите на градот дрвца ќе засадат премиерот Никола Груевски и членовите на Владата. Во кругот на македонското Собрание, пак, дрвца ќе засадат спикерот Трајко Вељаноски, пратениците и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски.

Поради садење дрвца, неработен ден

Вечер Прес - 18.11.2008

Поради садење дрвца, неработен ден. И Македонската берза за хартии од вредност денеска нема да работи поради активностите кои ги презема Владата за пошумување на земјата. Како што соопштуваат од Берзата, денеска и за нив е неработен ден и ќе нема тргување со акциите, но надлежните не соопштуваат дали и тие ќе се приклучат кон акцијата за садење на дрва.

„Засади ја својата иднина“ во среда

А1 - 17.11.2008

„Кој може да не верува во овој прекрасен македонски народ? Јас верувам и сигурен сум дека 100% ќе се повтори истото... дека ќе го инспирираме Балканот да ја засади својата иднина“, изјави во интервју за А1 маестро Борис Трајанов, идејниот творец на акцијата за пошумување.

Амбасадорите засадија сто дрвца околу салата „Борис Трајковски“

Утрински - 17.11.2008

Организаторите на акцијата „Ден на дрвото“ очекуваат масовен одѕив на граѓаните в среда, а за идната година најавуваат дека акцијата ќе стане регионална. Дипломатскиот кор акредитиран во Република Македонија вчера на платото пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје засади сто зимзелени садници.

Министри и амбасадори засадија дрвца

Време - 17.11.2008

Министри, претставници на дипломатскиот кор и естрадни уметници вчера засадија дрвца пред салата „Борис Трајковски“. Со тоа, тие практично ја поддржаа акцијата „Ден на дрвото“ што ќе се одржи в среда. - Денешното садење дрвца беше промотивно, увертира на предвиденото пошумување в среда, кога Македонија на 100 локации ќе засади вкупно шест милиони дрвца - изјави Борис Трајанов, еден од ...

Засадени првите дрвца

Вечер Прес - 17.11.2008

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски и вработените во Општината, вчера ги посадија првите дрвца во општинскиот двор, со што на симболичен начин ја најавија глобалната акција Засади дрво -Засади ја својата иднина што ќе се одржи в среда.

Министри, амбасадори и пејачи први засадија дрвца

Н.Македонија - 17.11.2008

Претставници на дипломатскиот кор, министри и естрадни уметници вчера промотивно засадија дрвца пред салата „Борис Трајковски“ во знак на поддршка на граѓанската иницијатива за пошумување „Денот на дрвото“, што ќе се одржи в среда. Заедно со странските амбасадори акредитирани во нашата земја дрвца засадија министрите за надворешни работи Антонио Милошоски, за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ...