TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Поддршка на раководството на ВМРО-ДПМНЕ од Штип и од Велес

А1 - 20.06.2004

Општинските организации на ВМРО-ДПМНЕ од Штип и Велес ги обвинија пратениците од овие градови, Марија Којзеклиска и Ѓорѓи Трендафилов, дека немаат подршка од своите бази за нивното вчерашното барање за свикување вонреден конгрес за смена на лидерот Груевски.

Дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ повторно бара вонреден конгрес

А1 - 19.06.2004

Две третини од делегатите од последниот 12-ти конгрес на ВМРО-ДПМНЕ одржан минатата година на Свети Кирил во Охрид, бараат Груевски да организира вонреден конгрес, тврди Ѓорѓи Трендафилов. „За жал Груевски не успеа да направи нешто сериозно што би одело во позитивна насока во остварувањето на ...

Поделени и партијата и годишнината

Дневник - 19.06.2004

ВМРО-ДПМНЕ НА ДВА КОЛОСЕКА На одбележувањето на партискиот роденден актуелниот лидер беше опкружен со основачите на партијата, а неговиот претходник - со партискиот подмладок Со генерациски поделени приврзаници, одделни прослави и минимални шанси за внатрепартиското помирување ,лидерот на ...

Груевски упати апел за враќање на сите искрени вмровци во партијата

Утрински - 19.06.2004

На едно место и Доста Димовска и Борис Змејковски, но и Томислав Стефковски и Владимир Голубовски Љупчо Георгиевски го најави своето враќање на македонската политичка сцена со митинг на 15 септември годинава Сашко Димевски "Ги повикувам сите оние што ја сакаат оваа држава и партија, без разлика на ...

Груевски против предлогот за поделба на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Утрински - 19.06.2004

Реакција "Партијата не е приватна фирма и лична сопственост на некој што сака да ја дели. Партијата е како семејство. Не може еден дел од семејството да земе дел од имотот, а друг да го земе името. Бидејќи Георгиевски деновиве го потенцира фактот дека е легалист, само го повикувам да го почитува ...

Груевски не му го дава брендот на Георгиевски

Време - 19.06.2004

РАМКА ЗА ТЕКСТОТ ЗА ВМРО-ДПМНЕ Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера одби да ги „трампи“ печатот и регистрацијата на партијата за целокупниот партиски имот, како што му предложи поранешниот претседател Љубчо Георгиевски.

Старите отидоа кај новиот, младите го пречекаа стариот лидер

Време - 19.06.2004

ВМРОВЦИТЕ СЕ ПРЕСТРОЈУВААТ Диана Младеновска Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски прексиноќа на прославата на годишнината на партијата во Музејот на современата уметност подаде рака за безусловно смирување и проштевање.

Георгиевски го дава имотот на партијата во замена за регистрацијата и печатот

Утрински - 19.06.2004

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ со говор од еден и пол час го најави своето враќање во политиката Борис Георгиевски Излезот од кризата во ВМРО-ДПМНЕ е свикување на вонреден конгрес, а решение за кризата во државата се вонредни парламентарни избори и враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт, порача ...

Димовска бара помирување од Груевски и Георгиевски

Утрински - 19.06.2004

Изјава Доста Димовска, поранешна потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, а сега еден од лидерите на политичкото крило во партијата, на свеченоста на Кале ги повика актуелниот и поранешниот претседател на партијата да се помират и да ја консолидираат партијата.

Го повикувам Георгиевски да не ја уништува партијата

Дневник - 19.06.2004

Партијата не е приватна фирма и лична сопственост на некој што сака да ја дели. Партијата е како фамилија. Не може еден дел од фамилијата да го земе дел од имотот, а друг да го земе името, одговори вчера Никола Груевски на барањата на Љубчо Георгиевски.

Груевски повикува на смирување, Георгиевски не сака да чуе

Вест - 19.06.2004

ВМРО-ДПМНЕ СО ДВЕ ОДДЕЛНИ ПРОСЛАВИ ЗА ГОДИШНИНАТА Завчерашната прослава на 14-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ мина во знакот на длабокиот раскол и се сведе на две прослави и две различни пораки - една за обединување, друга за смена на лидерот.

Груевски нема намера да се откаже од ВМРО-ДПМНЕ

А1 - 18.06.2004

Никола Груевски нема намера да се откаже од ВМРО-ДПМНЕ и да му го отстапи партиско името на Љубчо Георгиевски, кој синоќа му порача да си замине, земајќи се со себе што му е потребно од имот па до луѓе. „Партијата не е приватна фирма во нечија лична сопственост за да може некој да ги дели имотот и ...

Георгиевски ќе го нападне Груевски со потписите на членството

Дневник - 18.06.2004

ВМРО-ДПМНЕ ПОДЕЛЕНО НА ПАРТИСКИОТ РОДЕНДЕН Јас сум легалист и ќе инсистирам с$ да се реши во рамките на партиските процедури, изјави Љубчо Георгиевски Со две одвоени прослави и најава дека на локалните избори ќе настапат со паралелни кандидатски листи, спротивставените групации во ВМРО-ДПМНЕ синоќа ...

Груевски со коктел, Георгиевски на конференцијата на УМС

Време - 18.06.2004

ВМРОВЦИТЕ ГО ПРОСЛАВУВАА 14-ТИОТ РОДЕНДЕН Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, во духот на последните внатрешни делби и конфликти за синоќа ја имаше закажано прославата на 14-годишнината од нејзиното формирање. Наспроти најавата за коктел за ограничен број гости, кој партискиот лидер Никола ...

Ако нема вонреден конгрес, на "локалецот" со две паралелни листи

Утрински - 18.06.2004

Георгиевски посакува институционален преврат Екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, ќе се обиде да издејствува организирање вонреден конгрес на партијата за заедно со приврзаниците и партиското членството да го сменат актуелното партиско раководство.

Георгиевски за вонреден конгрес, Груевски за помирување

Канал5 - 18.06.2004

На 14 - тиот роденден на ВМРО ДПМНЕ, кој се славеше на две различни места, беа упатени две различни пораки за решавање на состојбите во партијата.. Љубчо Георгиевски инсистира на одржување вонреден партиски конгрес.. Никола Груевски повика на поми На 14 - тиот роденден на ВМРО ДПМНЕ, кој се славеше ...

ВМРО-ДПМНЕ со две прослави на годишнината

А1 - 17.06.2004

Две прослави, две различни пораки, една за обединување, друга за смена на лидерот - вака треба да изгледа вечерашната прослава на 14 годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, која само ќе ја отслика длабоката поделба во партијата по судирот Груевски-Георгиевски.

Георгиевски: „Нема помирување после се она што е кажано“

А1 - 17.06.2004

Времето на помирување со Никола Груевски, по се што е кажано е веќе одминато, порача вечерва поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски кој годишнината на партијата ја славеше на митинг одвоен од актуелното раководство.

Груевски: „Подавам рака за смирување и простување“

А1 - 17.06.2004

„Од моја страна и досега и денеска на овој важен ден за ВМРО-ДПМНЕ ја подавам раката за смирување и простување. Но не со услови на уцени. Јас ги повикувам сите да се здружат и да се обединат во ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Никола Груевски Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски нуди обединување на опозицијата за победа на СДСМ

Вест - 17.06.2004

ПРЕСТРОЈУВАЊЕ ВО ОПОЗИЦИОНИОТ БЛОК Сигурно е спојувањето на ВМРО-ДПМНЕ со партијата на Борис Змејковски, а деновиве се очекуваат разговори и со Третиот пат Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори кои се очекува да се одржат на 17 октомври, најверојатно ќе оди заедно со ВМРО-ВМРО, ...

Груевски ќе ја обединува опозицијата

Дневник - 17.06.2004

ДОДЕКА ТРАЕ ПАРТИСКАТА КРИЗА Либералите ќе ја прифатат поканата за разговор, но нема да ја одбијат и таа од Љубчо Георгиевски Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ќе почне разговори со сите опозициски партии за заеднички настап на локалните избори во октомври, дознава "Дневник" од партиски извори.

Вмровците дуваат во роденденската торта од две страни

Време - 17.06.2004

СИНДРОМОТ НА ДЕЛБИ ВО ВМРО-ДПМНЕ Диана Младеновска ВМРО-ДПМНЕ вечерва поделена ќе ја одбележи 14-годишнината од формирањето на партијата. Груевистите, нешто слично како и претходните години, ќе прославуваат со коктел за 500-600 луѓе во Музејот на современата уметност.

Груевски формира широк опозициски блок за локалните избори

Утрински - 17.06.2004

Наспроти сите опструкции, актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ со амбициозен план Никола Груевски разговарал со Борис Змејковски и Аднан Ќахил, со либералите е се во најдобар ред, а се планира и соработка со "третиот пат" Сашко Димевски Актуелното раководство во ВМРО-ДПМНЕ деновиве врши интензивни ...

Георгиевски ќе ја презема партијата институционално

Дневник - 16.06.2004

подмладок на ВМРО-ДПМНЕ Проблемите во ВМРО-ДПМНЕ ќе се решат преку партиските институции, а не со насилното преземање на партијата, изјави вчера Игор Гиевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, нема индиции дека ќе биде извршен насилен преврат за групацијата блиска до ...

Груевски и Георгиевски одвоено ќе ја слават 14 годишнината

А1 - 15.06.2004

Спротивставените страни во ВМРО-ДПМНЕ засилено се подготвуваат за ново одмерување на силите в четврток за кога приврзаниците на Груевски и Георгиевски подготвуваат одвоени прослави на 14 годишнината од основањето на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ со двојни кандидати за градоначалници!?

Дневник - 15.06.2004

КРИЗА БЕЗ КРАЈ Дејствувањето на парапартиските структури не може да предизвика никакви правни последици освен штети, вели Ганка Самоиловска-Цветанова ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во октомври, најверојатно, ќе излезе со две паралелни листи на кандидати за градоначалници и советници.

Да му се даде шанса на актуелното раководство

Време - 15.06.2004

СТАРИТЕ КАДРИ НА ВМРО-ДПМНЕ ПОВИКУВААТ На актуелното младо и чесно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, предводено од претседателот Никола Груевски, треба да му се остави простор и да му се даде поддршка за мирна подготовка на партијата за претстојните есенски избори, без тоа да се оптоварува со ...

ВМРО-ДПМНЕ: Да ги збиеме редовите, за да го победиме СДСМ

Вест - 15.06.2004

Ганка Самоиловска - Цветанова, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, вчера упати апел за целосна консолидација на членството во пресрет на локалните избори наесен. "Со цел да го избегнеме паралелизмот во ВМРО-ДПМНЕ и изборниот пораз сакаме отворено да проговориме за состојбите во партијата и да ги збиеме ...

И Георгиевски прави листа на градоначалници

Утрински - 15.06.2004

Парапартиските органи целосно го блокираат функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Ганка Самоиловска-Цветанова, вчера испрати апел за целосно консолидирање, единство и мобилизација на партиските редови пред локалните избори, како своевидно пресретнување на сите обиди за ...

Ганка Самоиловска ја обвини структурата на Георгиевски

А1 - 14.06.2004

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Ганка Самоиловска-Цветанова денеска ја обвини структурата на Љубчо Георгиевски дека работи на повторување на сценариото од претседателските избори, минирајќи ја работата на раководството со цел партијата да ги загуби престојните локални избори.

Груевски: Можен е обид за насилен преврат во партијата

Вест - 14.06.2004

ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДУПРЕДУВА Никола Груевски предупреди дека во наредните недели приврзаниците на Љубчо Георгиевски се уште ќе им задаваат удари и да ја ослабнат партијата толку за да ги изгуби локалните избори, но порачува дека тоа н "Во наредниве недели може да се очекува некои луѓе да се ...

Груевски: Кулминацијата на кризата е зад нас

Утрински - 14.06.2004

Пребројувањето на силите во ВМРО-ДПМНЕ се префрли и кај партиската Унија на жени Унијата на жени бара партиско единство и почитување на процедурите и статутот на партијата Сашко Димевски "Кулминацијата на кризата во ВМРО-ДПМНЕ е зад нас, но удари ќе чувствуваме и во иднина", оцени претседателот на ...