По вчерашниот петти ден на протестите на коалицијата ДУИ и ПДП со полчасовни блокади на дел од магистралните и регионалните патишта во државава, во знак на незадоволство од невлегувањето во новата влада, најавено е дека за време на викендот нема да биде блокиран сообраќајот.
НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ СКОПЈЕ – БЕЛГРАД Околу 200 члена и симпатизери на коалицијата ДУИ-ПДП од кумановските разграноци и вчера протестираа на излезот на Куманово на автопатот Скопје - Белград поради, како што велат, револтот за газење на волјата на народот.
ПДП синоќа на Централното претседателство требаше да донесе конечна одлука за влез во владата Преговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и НСДП за распределба на ресорите се во ќор-сокак бидејќи двајцата лидери Никола Груевски и Тито Петковски упорно стојат на почетните позиции за министерствата за земјоделство ...
ВО ПДП СЕ ДЕЛАТ Да се влезе во владата на Груевски или да се остане во коалицијата со ДУИ, со понатамошни блокади на улиците со евентуално враќање на пратеничките мандати - се варијантите за кои синоќа требаше да одлучува претседателството на Партијата за демократски просперитет (ПДП).
Демократската унија за интеграција викендов ќе ги прекине протестите бидејќи денеска во скопското село Радуша ќе ја одбележи петгодишнината од прекинот на воениот конфликт, а утре во Охрид ќе го прослави потпишувањето на Рамковниот договор.
ДУИ, со горкото искуство на изневерност од страна на ВМРО-ДПМНЕ (несериозниот однос: почнати а недовршени разговори за коалиција, со нејасни причини за јавноста) има две можости на дејствување од позиција на опозиција. Едниот е инаетчискиот, а вториот опозициски конструктивен.
На денот кога ќе се избира новата влада пред Собранието на Македонија ќе протестираат членовите и симпатизерите на Демократската унија за интеграција, тврдат за ВЕСТ партиски извори. Раководството на ДУИ вчера во Тетово одлучи дента кога мандатарот Никола Груевски ќе ја објави новата влада да ...
ДУИ и ПДП остануваат заедно или се разделуваат? Функционери од ПДП упорно тврдат дека партијата ќе прифати коалиција со Груевски. Лидерот Абдулади Вејсели денеска ниту демантира, ниту потврдува. За А1 вели дека на вечерашното претседателство ќе се разговарало за се, па и за можната коалиција.
Коалицијата ДУИ и ПДП петти ден протестира мирно со полчасовни блокади на дел од магистралните и регионалните патишта во државава, во знак на незадоволство од невлегувањето во новата влада. Поради одбележување на петгодишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, на 13 август, од ДУИ и ПДП ...
Коалицијата ДУИ и ПДП петти ден протестира мирно со полчасовни блокади на дел од магистралните и регионалните патишта во државава, во знак на незадоволство од не влегувањето во новата влада Скопје, 11 август (МИА) - Коалицијата ДУИ и ПДП петти ден протестира мирно со полчасовни блокади на дел од ...
Во ВМРО-ДПМНЕ сж уште го очекуваат конечниот одговор од Партијата за демократски просперитет за нивно евентуално влегување во владината коалиција. Лидерот на ПДП, Абдуљади Вејсели, вчера тврдеше дека немал никакви контакти со претставници на партиите кои ќе бидат дел од новата власт.
Лидерот на ДУИ вели дека уште не размислуваат за преминување во опозиција ГоЈко Ефтоски ТЕТОВО - „Не станува збор за тоа дали ДУИ и ПДП ќе влезат во владата. Станува збор за сериозен повик на внатрешните сили и меѓународната заедница кои треба да размислат за случувањата, зашто последиците можат да ...
Ќе има непредвидливи последици за Македонија ако ДУИ не биде дел од владата на Никола Груевски, рече Ахмети Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера се закани дека ќе има непредвидливи последици за Македонија ако неговата партија не биде дел од владата на Никола Груевски.
ИНЦИДЕНТ НА БЛОКАДИТЕ КАЈ БУТЕЛ Скопјанецот Д.А. (44) завчера бил крвнички претепан од активисти на ДУИ, оти сакал пеш да ја мине блокадата поставена на крстосницата на влезот од скопската населба Бутел. Инцидентот е пријавен и во полиција која извршила увид.
ПО НАЈАВИТЕ ЗА ЕДНО МИНИСТЕРСКО МЕСТО ПДП ќе остане во коалиција со ДУИ без оглед дали ќе биде во власта или не. Претседателот на таа партија Абдулади Вејсели вчера изјави дека ПДП нема да се отцепи од коалицијата, но додаде дека гласачите кажале дека сакаат коалицијата да биде во власта, зашто ним ...
ТЕТОВО - Последните два дена во седиштата на политичките партии на Албанците во Тетово, особено во ДУИ, присутна е засилена активност на дипломатите во нашата земја. Во средата во вечерните часови во седиштето на ДУИ во Мала Речица престојуваше амбасадорката на САД, Џилијан Миловановиќ.
МВР Активистите на ДУИ на завчерашните протести во Скопје предизвикале два инцидента во кои било нападнато едно лице и биле оштетени три автомобили, соопшти МВР. Првиот инцидент се случил пред почетокот на протестите на раскрсницата меѓу улиците Александар Орданов и Цетинска во населбата Бутел, ...
Коалицијата ДУИ - ПДП ја алармира меѓународната и домашната јавност дека ситуацијата во Македонија е многу сериозна и таа се движи во многу погрешна насока и последиците можат да бидат многу големи. Поради тоа, ДУИ бара САД, Европската унија и НАТО, како потписници на охридскиот договор што побрзо ...
Али Ахмети од Мала Речица му се заканува на Груевски што одлучил без него да прави влада. Ситуацијата, според Ахмети, е сериозна, а последиците од одлуката на Груевски различни и непоправливи. Ахмети повтори дека нема да прифати да биде опозиција.
Коалицијата ДУИ-ПДП четврти ден продолжи со блокадите во Скопје, низ магистралните патишта и околу градовите Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар и Струга. Приврзаниците, симпатизерите и членовите на коалицијата ДУИ-ПДП и денеска ги продолжија протестите во Скопје со барикади пред Владата, Собранието, ...
Расте нервозата кај активистите на ДУИ, а вчера, на третиот ден од протестите, за малку била избегната физичка пресметка меѓу партиски активисти и граѓанин на блокадата кај Момин Поток на излезот од Скопје кон Косово. На раскрсницата кај Судската палата протестите минаа со вербални инциденти.
ЛИДЕРОТ НА ДУИ МУ ТЕЛЕФОНИРА НА СОЛАНА Треба да се почитува гласот на мнозинството Албанци, му рекол Али Ахмети, лидер на ДУИ, на Хавиер Солана, претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, во завчерашниот телефонски разговор.
ДУИ и ПДП пред владата испратија предупредувачки тонови до мандатарот Груевски за уште еднаш да го потсетеле дека тие се легитимните претставници на Албанците кои треба да партиципираат во идната власт. Потпретседателот на интегративците, Рафиз Алити, е задоволен од досегашниот тек на протестите ...
Ахмети ги заострува заканите до мандатарот Груевски како дел од притисокот за неговата коалиција ДУИ – ПДП да влезе во новата влада. Од партиското седиште во мала речица Ахмети денеска со уште порадикален вокабулар за иднината на охридскиот договор.
Двете партии демантираат, но зад кулисите за оваа можност сериозно се расправа БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ ДУИ, сепак, ќе влезе во идната владина коалиција, но не директно, туку нејзините интереси ќе ги застапува помалиот коалициски партнер - Партијата за демократски просперитет.
„Таткото на Тачи - поткажувач на УДБА“ е текст што вчера го делеа приврзаниците на ДУИ на блокадата на раскрсницата пред Судската палата во Скопје. Блокадата почна со вербални навреди меѓу присутните и нервозните возачи, а раскрсницата беше блокирана 45 минути наместо вообичаениот половина час.
Коалицијата ДУИ-ПДП со 17 пратеници е клучна при носењето на закони за кои е потребно и т.н. Бадинтерово мнозинство. Евентуалната одлука на партијата на Ахмети нивните пратеници да апстинираат од работата на Собранието може да го закочи процесот, смета професорот Владо Поповски.
"Настанатата ситуација во Македонија може да се надмине низ отворен и конструктивен дијалог на политичките актери со помош на меѓународната заедница" е барањето што го искажа одборот за организирање на протестите и на блокадата на автопатот Тетово - Скопје, која вчера беше одржана втор ден по ред ...
Симпатизери и активисти на коалицијата ДУИ и ПДП и денеска половина час блокираа повеќе сообраќајници во западниот дел на државава Скопје, 9 август (МИА) - Симпатизери и активисти на коалицијата ДУИ и ПДП и денеска половина час блокираа повеќе сообраќајници во западниот дел на државава.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ниту вчера не се појави на протестите на своите сопартијци кои се незадоволни поради тоа што нема да бидат дел од идната влада. Активистите и симпатизерите на ДУИ втор ден го блокираа сообраќајот во повеќе градови низ земјава, предводени од локалните шефови на разграноци.
ДУИ ГИ ПРОДОЛЖИ ПРОТЕСТИТЕ Две жени беа физички нападнати кога со автомобил се обидоа да ја поминат раскрсницата кај Судската палата во Скопје, каде што членови на ДУИ веќе втор ден протестираа незадоволни бидејќи оваа партија не влезе во владата.
Ако ситуацијата ескалира, одговорни ќе бидат мандатарот Никола Груевски и Мендух Тачи, бидејќи ги провоцираат гласачите на ДУИ, вели вицепремиерот во заминување Со инциденти во кои беа оштетени три возила, со навреди и со обвинувања до македонските медиуми и до македонските „националистички партии“ ...
Со блокирањето на магистралните патишта во земјава, на влезот и излезот од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга и од Дебар и на автопатот Тетово - Гостивар, Демократската унија за интеграција намерно го крши Законот за јавните собири, за кој гласаше пред неколку месеци.
Скопје Коалицијата ДУИ-ПДП и денеска половина час ги блокираше патиштата и влезовите во Куманово, Скопје, Тетово, Дебар и Струга, при што не се забележани никакви инциденти. Во главниот град приврзаниците на ДУИ и ПДП на половина час блокираа неколку раскрсници, кои денеска, за разлика од вчера, ...
Скопје Коалицијата ДУИ - ПДП продолжуваат со блокадите на главните магистрални патишта во северозападниот дел на Македонија, незадоволни што не се дел од новата влада.. Протестите се одвиваат со получасовни блокади со почеток во 09.30 часот, кои според најавите ќе се одржуваат до петок.
Куманово Коалицијата ДУИ-ПДП и денеска половина час го блокираше автопатот Скопје-Табановце, како и влезот и излезот на Куманово, јавува Макфакс од Куманово. Учесниците во блокадите беа во помал број од вчера, а денеска на протестите се појавија и советниците во градскиот Совет.
Народот решава кој ќе биде во власта, а кој во опозиција. Ова е главната порака на активистите на ДУИ, кои и вчера од 9:30 до 10 часот ги блокираа регионалните патишта од Куманово до Струга, изразувајќи незадоволството од невлегувањето во новата влада.
Нервоза во редовите на ДУИ. Вториот ден од блокадите поддржувачите на Ахмети со клоци и навреди се нафрлија на две возила кај судската палата во Скопје. Никој не е повреден, но нападнатите најавија тужби за ДУИ и за полицијата, која немо го посматрала инцидентот.
Мирно и без инциденти помина и вториот ден од блокадите на симпатизерите на Ахмети и Вејсели. Половина саат беа блокирани магистралните патишта во северозападниот дел од земјава и три скопски раскрсници, пред судската палата, пред владата и на излезот од Скопје.
Според раководството, протести ќе има до 16 август, кога мандатарот треба да го соопшти составот на владата , за кога е најавена блокада на цело Скопје Со паролите „Да се почитува гласот на Албанците“, „Нашиот глас е наше право“, и „Не газете врз нашиот глас“, Демократската унија за интеграција ...
На овие протести нема само фамилии на членовите и функционерите на двете партии, како што тоа сакаат да го прикажат некои, беше речено денеска на вториот ден од протестите на ДУИ и ПДП во близина на Здуњски мост на регионалниот патен правец Гостивар - Кичево.
Гласот е демократија. Така пишуваше на една од паролите што ги носеа симпатизери или активисти на ДУИ на протестите вчера во Скопје, демонстрирајќи го незадоволството затоа што нивните челници не влегоа во новата влада иако освоија најмногу пратенички места меѓу Албанците.
Интегративците блокираа патни правци од Куманово до Струга Приврзаниците на Демократската унија за интеграција незадоволни што нивната партија нема да биде дел од идната влада, вчера го парализираа сообраќајот во повеќе градови низ земјава.
СЕ ОДРЖАА НАЈАВЕНИТЕ ПРОТЕСТИ НА ДУИ И ПДП Активисти и симпатизери на коалицијата ДУИ и ПДП вчера претпладне половина саат ги блокираа магистралните патишта во северозападниот дел на Македонија, за да изразат протест оти победничката коалиција кај Албанците ја нема во новата македонска влада.
АХМЕТИ ГО ИСКАЖА РЕВОЛТОТ ЗАТОА ШТО НЕ Е ВО ВЛАДАТА Сунчица Стојановска Мирно и без инциденти заврши вчерашниот протест на ДУИ и на ПДП, чии членови и симпатизери половина час ги блокираа магистралните патишта од Куманово до Струга, незадоволни од тоа што мандатарот Никола Груевски не ги вклучи во ...
Скопје Коалицијата ДУИ-ПДП според најавите и денеска ќе ги блокира клучните магистрални патишта во северозападниот дел на Македонија, Патните блокади што во периодот од 09,30 до 10,00 часот се најавени до петок, се дел од протестот што коалицијата ДУИ – ПДП го започна вчера под слоганот “Да се ...
Струга/Дебар/Тетово/Куманово/Скопје Протестите на ДУИ продолжија и денеска во Дебар, Струга, Тетово, Куманово и Скопје, со блокади на излезните правци од градовите, јавуваат дописниците на Макфакс. Блокадите кои, како и вчера, се одвиваа во траење од половина час, од 9:30 до 10:00, се во знак на ...
Молк во родниот Зајас на Ахмети по блокадата на патот пред селото. Жителите останаа во своите домови, излегоа само активистите на ДУИ, која на изборите овде не освои само еден процент од можните гласови. Одбиваат да зборуваат пред камерата.
Ахмети и ДУИ ја испратија пораката. Успеаа во координирана акција утринава да го парализираат нормалното движење во Скопје и западна Македонија на половина час. Покажаа дека имаат контрола врз протестите. Целата акција на блокирање на Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар и Струга помина без било каков ...
Во обид да се направи притисок врз мандатарот Груевски во знак на револт бидејќи партија не доби покана за учество во новата влада, активистите и симпатизерите на ДУИ и ПДП ги почнаа получасовните протести Во обид да се направи притисок врз мандатарот Груевски во знак на револт бидејќи партија не ...
Кумановскиот огранок на ДУИ, денеска во периодот од 9:30 до 10:00 часот мирно протестираше со блокада на магистралниот пат Куманово - Скопје на влезот од Куманово Куманово, 7 август (МИА) - Кумановскиот огранок на ДУИ, денеска во периодот од 9:30 до 10:00 часот мирно протестираше со блокада на ...
ДУИ ОД ДЕНЕСКА НА УЛИЦА „Да се заштити албанскиот глас“ е мотото под кое членството на ДУИ денеска ќе излезе на протести низ повеќе општини во државата, откако ВМРО-ДПМНЕ одлучи ДПА да биде нејзин партнер во владата од албанскиот блок.
Најавите на Демократската унија за интеграција за протести поради нивното не вклучување во владата не е ништо ново и неочекувано, затоа што нешто што почнува со нерегуларности и насилство продолжува со исти методи додека не се соочи со реалноста, се вели во вчерашната реакција на Демократската ...
Симпатизери и членови на Демократската унија за интеграција со 20-на возила денеска на излезот од Тетово од 9:30 до 10:00 часот во двата правци го блокираа автопатот Тетово - Скопје Тетово,7 август (МИА) - Симпатизери и членови на Демократската унија за интеграција со 20-на возила денеска на ...
Груевски ја очекува ПДП во владината коалиција, а Ахмети го чека Вејсели на протести во Тетово Под слоганот „Да се заштити гласот на Албанците“ денеска од 9.30 до 10 часот ДУИ ќе ги блокира патиштата и крстосниците од Струга до Куманово, како предупредување до мандатарот Никола Груевски „да не гази ...
Просперитетлиите не можат да решат дали ќе бидат власт или опозиција Партијата за демократски просперитет никако не може да одлучи дали во наредниот период дефинитивно ќе ја придружува ДУИ во опозиција или ќе ја прифати отворената понуда од ВМРО-ДПМНЕ за влез во идната влада.
Членови и симпатизери на политичките партии ДУИ и ПДП денеска одржаа полчасовен протест со блокада на патниот правец Гостивар - Кичево во непосредна близина на Здуњски мост Гостивар, 7 август (МИА) - Членови и симпатизери на политичките партии ДУИ и ПДП денеска одржаа полчасовен протест со блокада ...
Скопје Без инциденти завршија координираните блокади што активисти на коалицијата ДУИ-ПДП ги поставија претпладнето на клучните магистрални патишта во северозападниот дел на Македонија. Патните блокади што во периодот од 09,30 до 10,00 часот се најавени и за во наредните шест дена, се дел од ...
Скопје Блокада на магистралните патишта од Струга до Куманово претпладнево ќе спроведат активистите на Демократска унија за интеграција (ДУИ) и нивниот коалиционен партнер, Партијата за демократски просперитет(ПДП). Спроведувањето на одлуките на највисоките раководства на партијата, за скопските ...