Македонскиот премиер Никола Груевски порача „засега немаме ништо ново“, коментирајќи ги најавите за скорешно признание на независноста на Косово. „Владата го следи овој процес внимателно и постапуваме согласно државните интереси.
И покрај информациите дека Македонија деновиве ќе го признае Косово,лиферувани од високи партиски извори во ДУИ,вчера Премиерот Никола Груевски порача дека засега не е предвидено ништо на тој план.
Владата на Грција реши да ги признае пасошите на Косово и да издава визи во грчката Канцеларија во Приштина, изјави денеска шефот на оваа канцеларија Димитрис Москопулос.
Грција ги призна косовските пасоши Владата на Грција одлучи да ги признае пасошите на Косово и на косовските жители да им издадава визи во својата канцеларија во Приштина, соопшти вчера шефот на грчката Канцеларија, Димитрис Моцопулос.
Официјален Белград ја прогласи за дипломатски успех едногласната одлука на Генералниот комитет на ОН да ја вклучи српската иницијатива во предлог-дневниот ред на Генералното собрание на ОН, но предупреди дека Србија ќе мора да убеди што повеќе земји-членки на ОН да ја поддржат нејзината резолуција.
Прексиноќешната одлука на Генералниот комитет на ОН, Предлог-резолуцијата на Србија за оценка на законитоста на независноста на Косово да се стави на дневен ред на на 63. заседание на Генералното собрание на ОН, во Белград е примена како голем дипломатски успех на Србија.
Отварањето на прашањето за независноста на Косово пред Меѓународниот суд е обид на властите во Белград да се оправдаат пред сопственото јавно мислење, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи. „На сите им е јасно, дека независноста на Косово е завршена работа и нема враќање назад.
Претседателот на опозициската Алијанса за иднина на Косово Рамуш Харадинај побарал од косовската влада да биде отворена канцеларија за следење на состојбата на Албанците во Прешево, Бујановац и Медвеѓе, јави МИА.