TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Семејството на Барбара собира изјави

А1 - 16.08.2008

Скопјанецот Славимир Серафимовски бил на летување во Будва во исто време со починатата Барбара Лазарова. Тој и неговата девојка биле сместени во истата куќа каде што престојувале Барбара и нејзиното момче и се хранеле во истиот ресторан.

Родителите на Барбара ќе ги тужат клиниките

Време - 16.08.2008

Родителите на Барбара Лазарова, девојката што почина од труење добиено во Будва, ќе ги тужат институциите кои се виновни за нејзината смрт. Тие ангажирале адвокат, а во потрага по вистината вчера, во Скопје, од повеќе клиники ја бараа отпусната листа.

Отруената Барбара да плати за прегледот?!

Дневник - 16.08.2008

Писмена опомена од Клиниката за токсикологија дека треба да плати 2.000 денари за лекарски преглед стигнала на адресата на починатата Барбара Лазарова, а ако не го направи тоа за пет дена, ќе била покрената судска постапка, тврдат родителите на Барбара, Ленче и Столе Лазарови.

Токсикологија и прати писмо на починатата Барбара и бара да плати 2000 денари!

Вечер Прес - 16.08.2008

Обдукциските наоди на Институтот за патологија кои треба да ја обелоденат причината заради која почина маладата штипјанка Барбара Лазарова ќе бидат готови во понеделник. Овие резултати на семејството Лазарови ќе им бидат усмено соопштени во вторник.

Родителите на Барбара ќе ги тужат институциите

А1 - 15.08.2008

Родителите на Барбара ќе ги тужат сите оние кои се инволвирани во смртта на нивната ќерка, тргнувајќи од труењето во Будва па се до оние кои направиле пропусти во лекувањето. Веќе ангажирале адвокат кој ќе ги застапува.

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ОБДУКЦИЈАТА НА БАРБАРА НА СЕМЕЈСТВОТО ЛАЗАРОВИ ЌЕ ИМ БИДАТ СООПШТЕНИ ВО ВТОРНИК

Сител - 15.08.2008

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ОБДУКЦИЈАТА НА БАРБАРА НА СЕМЕЈСТВОТО ЛАЗАРОВИ ЌЕ ИМ БИДАТ СООПШТЕНИ ВО ВТОРНИК Наодите од обдукцијата врз Барбара Лазарова ќе бидат готови во понеделник, а резултатите на семејството Лазарови ќе им бидат усмено соопштени во вторник.

Наместо резултати од обдукцијата, родителите на Барбара Лазарова добиле закана за кривична пријава

Канал5 - 15.08.2008

Иако ги очекуваа денеска, резултатите од обдукцијата родителите на Барбара Лазарова ќе ги добијат дури во вторник. Тие денеска по клиниките во Скопје бараа одговори за смртта на нивната 18 годишна ќерка, но и отпусните листи од болниците во Котор и Штип, кои недостасуваа во документацијата која ја ...

Обдукцијата на Барбара покажа присуство на „ешерихија коли“

А1 - 14.08.2008

Причината за смртта на 18-годишната Барбара Лазарова е ендотоксинот, отров кој го испуштила бактеријата ешерихија коли о175, кој кај девојката предизвикал опасен хемолитичен уремичен синдром, неофицијално дознава А1 од извори во истрагата.

Мајката на момчето на Барбара проговорува за настанот

А1 - 14.08.2008

Десет дена по смртта на штипјанката Барбара Лазарова, проговори мајката на нејзиното момче Христијан, Марија Димитрова. Во потресното писмо кое го испрати до А1, Марија во детали хронолошки раскажува се што се случувало од првиот момент кога и се јавил нејзиниот син за да и каже дека тој, Барбара и ...

Ешерихија ја убила Барбара

Време - 14.08.2008

Причината за смртта на 18-годишната штипјанка Барбара Лазарова е ендотоксинот кој го испуштила бактеријата ешерихија коли О175 и кој предизвикал уреничен синдром, неофицијално дознава „Време“ од извори во истрагата.

Лазарови утре ќе го добијат обдукцискиот наод за смртта на нивната ќерка по што ќе одат на суд

Канал5 - 14.08.2008

Пред суд виновникот за прераната смрт на нашата ќерка ќе одговара , категорични се денеска родителите на починатата штипјанка Барбара Лазарова.

Според анализите, во „Лајф“ во Будва немало бактерии

А1 - 13.08.2008

Резултатите од анализите земени од ресторанот „Лајф“ во Будва, каде што се хранела починатата Барбара Лазарова, покажале дека таму нема бактерии.

Храната во ресторанот "Лајф" микробиолошки исправна

Вест - 13.08.2008

Министерството за здравство, труд и социјална заштита на Црна Гора вчера го информираше македонското Министерство за здравство дека ресторанот "Лајф" во Будва во кој се хранела починатата македонска државјанка Барбара Лазарова од Штип, ги почитувал и исполнувал сите пропишани услови за ...

Немало бактерии во ресторанот во Будва

Дневник - 13.08.2008

Ленче Лазарова: Правдата ќе ја барам во Стразбур Нема бактерии ниту во водата, ниту во храната ниту кај вработените во ресторанот „Лајф“ во Будва, покажале резултатите од микробиолошките анализи на Министерството за здравство на Црна Гора, кои ги соопшти по 10 дена од смртта на Барбара Лазарова ...

Барбара Лазарова починала од бактериски отров

Кирилица - 13.08.2008

Барбара Лазарова , како што неофицијално објави А1 телевизија, била бактеријата „Иширихија Коли“ која најчесто се среќава во расипано или добро термички необработено месо, во вода која е помешана со фекалии, а може да ја има и во зеленчук и овошје, па дури и на нечисти раце.

По Барбара и Елена Кариќ се затрула во Будва!

Вечер Прес - 13.08.2008

По починувањето на штипјанката Лазарова, медиумите на соседите изнесуваат информации за неколку случаи на труење од храна, меѓу кои и оној со атрактивната Елена Кариќ, која од силни болки во стомакот завршила на интензивна нега Само еден ден по објавувањето на наодите на Црногорската ...

Ресторанот „Лајф“ е здравствено и хигиенски исправен

Кирилица - 12.08.2008

Министерството за здравство, труд и социјална заштита на Црна Гора во денешниот допис, испратен до Министерството за здравство на Република Македонија информира за добиените резултати од анализите земени во ресторанот „Лајф“ во Будва, во кој се хранела починатата македонска државјанка ...

НЕПОЗНАТИ ПРИЧИНИТЕ ЗА ТРУЕЊЕТО НА ШТИПЈАНКА БАРБАРА ЛАЗАРОВА

Сител - 12.08.2008

НЕПОЗНАТИ ПРИЧИНИТЕ ЗА ТРУЕЊЕТО НА ШТИПЈАНКА БАРБАРА ЛАЗАРОВА Министерството за здравство, труд и социјална заштита на Црна Гора денеска со допис го извести македонското Министерство за здравство дека се исправни сите резултати од анализите земени од ресторанот „Лајф“ во Будва, каде што се хранела ...

Црногорската инспекција вели дека починатата Штипјанка не се затрула во ресторанот Лајф во Будва

Канал5 - 12.08.2008

Црногорската здравствено-санитарна инспекција не нашла ништо сомнително во ресторанот Лајф во Будва во кој се хранеше младата штипјанка Барбара Лазарова.

Храната и водата исправни, а Барбара е мртва?

Вечер Прес - 12.08.2008

ГОТОВИ АНАЛИЗИТЕ НА ХРАНАТА, ВОДАТА И ПЕРСОНАЛОТ НА БУДВАНСКИОТ ЛОКАЛ "ЛАЈФ" Храната и водата исправни, а Барбара е мртва? Овие наоди се содржани во писмениот дописот на Министерството за здравство, труд и социјална заштита на Црна Гора, кои вчера беа испратени до нашето министерство за здравство.

Резултати од анализите од ресторанот каде се хранела починатата штипјанка не покажале пропусти или неисправност на ...

Нетпрес - 12.08.2008

Министерството за здравство, труд и социјална заштита на Црна Гора во денешниот допис, испратен до Министерството за здравство на Македонија информира дека добиените резултати од анализите земени во ресторанот „Лајф“ во Будва, во кој се хранела починатата македонска државјанка Барбара Лазарова од ...

Исправни брисевите од ресторанот во кој се хранеше починатата Барбара

Макфакс - 12.08.2008

Земените примероци на затечена храна, вода и брисевите од работните површини и персоналот од ресторанот „Лајф“ во Будва, во кој се хранеше штипјанката Барбара Лазарова која почина од труење со храна, се исправни.