TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Германска помош за Македонија

А1 - 29.09.2001

Германското министерство за надворешни работи ги зголеми ветените „флексибилни" средства за стабилизирачки и мерки за изградба на доверба во Македонија за уште два милиона, на вкупно 7 милиони марки. Во тие рамки за прв пат се ставени на располагање и 1,8 милиони марки за конкретни мерки за помош ...

Германците понудиле 600 војници за лесната мисија

Вест - 29.09.2001

ПРЕС НА КОМАНДАНТОТ НА "ЛИСИЦИТЕ" ХАЈНЦ ГЕОРГ КЕРЛ Германскиот бригаден генерал Хајнц Георг Керл е назначен за командант на новата мисија на НАТО во Македонија "Килибарна лисица". Тој вчера ги соопшти неговите приоритети, од кои прв е подготовката и приспособувањето на командниот штаб и ...

"Лисиците" ќе користат повеќе итрина отколку сила

Дневник - 29.09.2001

ПОЧНА НОВАТА МИСИЈА НА НАТО Војниците на НАТО нема да смеат да преземаат акции заедно со АРМ или МВР, нема да придружуваат бегалци и нема да учествуваат во спроведувањето на Рамковниот договор Операцијата на Наменските сили лисица во Македонија веќе започна со околу 350 војници на НАТО кои се ...

„Лисица“ се комплетира

А1 - 28.09.2001

Нов командант на наменските сили “Килибарна Лисица“ е германскиот бригаден генерал Ханс Керл. Командантот на новата мисија „Килибарна лисица" германскиот бригаден генерал Ханс Георг Керл денеска соопшти дека веќе се формирани две чети од 250 војници од механизирана оклопна бригада за извлекување на ...

НАТО пушта 1.000 "лисици" во Македонија

Вест - 28.09.2001

ЛЕСНАТА МИСИЈА НА АЛИЈАНСАТА ЗА ПОЧЕТОК СО ТРИМЕСЕЧЕН МАНДАТ Мисијата ја водат Германците и голема е веројатноста почетните три месеци да се продолжат најмалку за уште толку време, зашто се проценува дека македонските безбедносни сили нема да можат само по три месеци Северноатлантскиот совет на ...

Доаѓаат 700 "лисици" на три месеци, со прецизен мандат

Дневник - 28.09.2001

НАТО И МАКЕДОНИЈА СЕ "ИСПАЗАРИЈА" ЗА НОВАТА МИСИЈА "Лисиците" по потреба ќе може да се зајакнат со уште 300 војници од редовниот состав на КФОР По долгите и многубројни телефонски разговори на релација Скопје - Брисел, во средата вечерта беше постигнат компромис меѓу Македонија и НАТО за размерот и ...

Денеска започна заминувањето на “жетварите“

А1 - 27.09.2001

Денеска започна заминувањето на наменските сили. околу 9 часот изутринава најпрво конвој со шпански војници замина на Косово. Британските војници најпрво ќе имаат одмор дома, а потоа ќе добијат нови задачи можеби и во операциите против Авганистан.

„Лисица“ одобрена и од македонска страна

А1 - 27.09.2001

НАТО денеска ја објави одлуката за новата мисија во Македонија, наречена „Килибарна лисица“, донесена од Северноатлантскиот совет доцна синоќа, откако претходно Скопје и Брисел дојдоа до компромис за двете најчувствителни прашања - бројноста и времетраењето на мисијата.

НАТО ја заврши "жетвата", но не знае дали ОНА се расформирала

Дневник - 27.09.2001

РАЗОРУЖУВАЊЕ НА ТЕРОРИСТИТЕ Наменските сили "Жетва" вчера официјално го завршија собирањето на доброволно предаденото оружје од ОНА, соопштија генералот Гунар Ланге и бригадниот генерал Барни Вајт-Спанер, кои ја предводеа операцијата.

Скопје сака тримесечен, а Брисел шестмесечен мандат за "лисиците"

Дневник - 27.09.2001

НОВАТА МИСИЈА НА НАТО ВО ЌОР-СОКАК Иако Џорџ Робертсон е оптимист, европски дипломати изјавуваат дека преговорите сериозно запнале и оти новата мисија е неизвесна Македонија и НАТО вчера не можеа да постигнат согласност за новата мисија на Алијансата откако "запнаа" за прашањето колку време ќе ...

Лисица во кокошарникот

Дневник - 27.09.2001

Коментар - Христо Ивановски Ако "Неопходна жетва" беше симболична мисија, еве ни уште еден симбол од НАТО - лисицата, која е избрана да биде кодно име на новата мисија на Алијансата - "Црвена лисица". Бидејќи речиси од почетокот на самостојноста на Македонија ни се редеа мисија по мисија (од ...

Командантот на идната мисија ќе дојде во "возбудливо време"

Дневник - 27.09.2001

ИНТЕРВЈУ: ГЕНЕРАЛ ВАЈТ-СПАНЕР, КОМАНДАНТ НА "ЖЕТВАТА" На крајот на мисијата "Неопходна жетва", британскиот бригаден генерал Барни Вајт-Спанер, кој ги командуваше војниците на теренот изрази задоволство од мисијата. Тој е убеден дека со разоружувањето ОНА е во расформирање, а генералот на идната ...

„Жетвата“ заврши

А1 - 26.09.2001

Наменските сили на НАТО ги собраа договорените 3.300 парчиња оружје што припадниците на т. н. ОНА доброволно им го предадоа на силите на Алијансата во изминатите 30 дена и со тоа ја исполнија поставената задача на операцијата „Неопходна жетва“.

Несогласувања на релација Скопје - Брисел

А1 - 26.09.2001

Северноатлантскиот совет се уште не донел одлука за нова мисија на НАТО во Македонија поради несогласувањата на релацијата Скопје - Брисел, пред се, за времетраењето на мисијата, а делумно и за нејзината бројност. Амбасадорите на 19-те земји членки на Алијансата, кои го сочинуваат ...

НАТО бара уште девет месеци

Вест - 26.09.2001

ПО "ЖЕТВАРИТЕ", ДОАЃААТ "ЛИСИЦИТЕ" На средбата со претседателот Трајковски генералниот секретар на алијансата Џорџ Робертсон се обидел да издејствува согласност за 700 НАТО војници од лесната мисија наречена "лисица" и мандат од најмалку Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон, откако вчераутро ...

"Жетварите" си одат, "лисиците" доаѓаат

Дневник - 26.09.2001

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР СО ПОНУДА ЗА МАКЕДОНИЈА Новата мисија од околу 700 војници во следните три до шест месеци ќе ја предводат Германците, што ќе биде прва таква нивна мисија по Втората светска војна Генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, вчера на претседателот Борис Трајковски му ја пренесе ...

„Лисица од калибар“ - новата НАТО мисија

А1 - 25.09.2001

Од 700 до 950 војници, најмногу од Германија, со шестмесечен мандат за заштита на набљудувачите од ОБСЕ и од ЕУ. Ова е новата мисијата на НАТО во Македонија, за која конечната одлука во Брисел ќе се носи утре. За ова денеска во Скопје со македонскиот државен врв разговараше генералниот секретар на ...

Членки на НАТО се договорија за нова мисија во Македонија

А1 - 25.09.2001

Амбасадорите на земјите членки на НАТО се договорија за нова мисија во Македонија, која ќе го пополни безбедносниот вакуум по завршувањето на акцијата "Неопходна жетва" за разоружување на албанските терористи, пишува британскиот печат.

НАТО го собра договореното количество оружје од ОНА

А1 - 25.09.2001

Наменските сили на НАТО „Неопходна жетва“ до денеска го собрале договореното количество на оружје доброволно предадено од страна на таканаречената ОНА. Ова се вели во писмото на командантот на наменските сили, генерал Гунар Ланге, упатено до македонскиот претседател Борис Трајковски, соопшти ...

Робертсон ќе ја заврши "жетвата" и ќе донесе 700 "чувари"

Дневник - 25.09.2001

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ Одлука за новата мисија на НАТО се очекува да биде донесена вечерва Новата мисија на НАТО во Македонија ќе ја сочинуваат 600 до 700 војници, кои ќе им се приклучат на 2.300-те припадници на КФОР во земјава, дознаваме од дипломатски извори.

Робертсон утре долетува во Скопје

А1 - 24.09.2001

Генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон утре претпладне повторно доѓа во Скопје за да разговара со македонскиот државен врв за пост-жетвениот период и за прашањето за амнестијата на припадниците на таканаречената ОНА. Според извори на А1, доцна попладнето во Брисел започна состанокот на ...

Германија ќе ги води наследниците на "жетварите" во Македонија

Вест - 24.09.2001

СПОРЕД ПИШУВАЊАТА НА "ФРАНКФУРТЕР АЛГЕМАЈНЕ ЦАЈТУНГ" Со преземање на раководството со мисијата, Германија би ја заменила Велика Британија, за која весникот вели дека сака да ги ослободи воените капацитети за можното учество во одговорот на САД на нападите..

"Лесната" мисија тешко може да се одбие

Дневник - 24.09.2001

Коментар - Жарко Јордановски По сите промашувања и неуспеси, македонската дипломатија е на пат да издејствува мала "победичка" во мировниот процес, која може да се покаже многу важна за идниот развој на настаните. По големиот притисок за нова мисија на НАТО во Македонија, која требаше да го пополни ...

Германците ќе ја предводат новата мисија на НАТО?

Дневник - 24.09.2001

ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА "НЕОПХОДНА ЖЕТВА" На воениот полигон Криволак в среда ќе биде презентирано последното количество оружје, собрано во текот на операцијата за разоружување на терористите Германија ќе ја преземе водечката улога во мисијата за заштита на набљудувачите на ОБСЕ, при што во Македонија ...